Контакт

Македонија

Нови ковид-протоколи за македонските државјани во Обединетото Кралство и Франција

Објавено пред

Со новите ковид-протоколи во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска целосно вакцинираните лица, во согласност со утврдените британски правила за вакцина-сертификат, повеќе нема потреба да прават тест на Ковид-19 ниту пред ниту кога ќе пристигнат во Обединетото Кралство. Но, останува обврската за пополнување на формуларот за лоцирање патници.

dobivaj vesti na viber

Обединетото Кралство го прифаќа нашиот сертификат за примени вакцини за оние што ги признава (Moderna; Janssen (single dose vaccine); Novavax (Nuvaxovid and Covovax); Oxford/AstraZeneca; Pfizer BioNTech; Sinopharm Beijing; и Sinovac-CoronaVac), а EU Digital COVID Certificate за нашите граѓани ќе почне да го признава од 28 февруари 2022. Дополнително, невакцинираните лица се сметаат оние без ниту една или само со една вакцина (освен ако е Janssen) или лица што имаат примено вакцина чиј сертификат Обединетото Кралство не го признава, на пример, Sputnik.

Потсетуваме дека на државјаните на Република Северна Македонија за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој.

Државјани на Република Северна Македонија може да влезе во Франција доколку се вакцинирани, односно примиле една од следниве вакцини: Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield et Johnson & Johnson. Условите се однесуваат на: да се поминати 7 дена од втората доза Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield (вакцини признати од Европската агенција за лекови – EMA), 28 дена од Johnson & Johnson, 7 дена од трета доза вакцина Pfizer за лицата што претходно примиле вакцина што не е призната од Европската агенција за лекови – EMA. Исто така, треба да се приложи потврда за статусот на вакцинација.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Импресивни откритија на неолитската населба Влахо во Пелагонија

Објавено пред

Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј – Битола ги завршија теренските истражувања на археолошкиот локалитет Влахо во Пелагонија, еден од најстарите неолитски локалитети во регионот и во Европа.

dobivaj vesti na viber

Истражувањето во западниот дел на населбата покажало дека ранонеолитските културни слоеви достигнуваат висина од 2,7 метри, што укажува на долготрајно и динамично живеење во периодот меѓу 6400 и 6000 година пред нашата ера. Во околу 70 стратиграфски слоеви биле откриени остатоци од 16 градби, земуници, огништа, печки, како и бројни предмети – садови, алатки, мелници и животински коски.

Посебно значење имаат добро сочуваните дрвени остатоци во најстарите слоеви, кои може да претставуваат едни од најстарите неолитски дрвени предмети откриени во Европа.

Во следната фаза ќе се спроведат радиокарбонски, археоботанички, зооархеолошки и дендрохронолошки анализи. Проектот е резултат на меѓународна соработка меѓу институции од Македонија, Германија, Србија и Швајцарија, со поддршка од Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пановски: Од Советот очекувам да не губи време за тоа кој бил предавник, а кој патриот, туку итно да го изгласа БРТ-проектот

Објавено пред

Во пресрет на локалните избори, додека партиите ги прават последните подготовки за изборниот ден, кандидатите се растрчани на терен, а Скопје тоне во отпад, микробиологот Никола Пановски, кој бара втор советнички мандат во Град Скопје, ги издвои приоритетите на новиот совет. Тој е кандидат за советник од редовите на ЛДП и коалицијата „Искуство за успех“.

dobivaj vesti na viber

Кои проблеми во Скопје ги сметате најитни за решавање?

„Во вистинските демократии, кон кои ние се стремиме, локалните совети се одраз на нивото на политичка култура и ефикасност. Така треба да биде и кај нас во Скопје, градскиот совет треба да биде во функција на граѓаните, а не на партиите. Според мене, како најитен проблем би го навел јавниот превоз и тоа дека треба да се донесе конечна одлука за проектот ‘Брз автобуски превоз’ (БРТ) и да знаеме како ќе постапуваме по тоа прашање понатаму. Второ, отпадот и хигиената. Не мора да одите подалеку од вашиот дом и првите контејнери за да се уверите и самите дека со тоа има сериозен проблем и, трето, но не и помалку важно е аерозагадувањето. Како што заладува времето, така проблемите со загадувањето на воздухот стануваат сè поочигледни и сметам дека таму исто така треба брза и одлучна акција“.

Советот е колективно тело. Како гледате на соработката со колегите од другите партии и со идниот градоначалник на Скопје?

„Соработката треба да биде врз основа на корисни идеи и проекти, а не блокирање само затоа што предлогот не му се допаѓал некому или не доаѓа од нивната партија. Да не губиме време во досадни и беспредметни дискусии за тоа кој што и како направил во минатото, кој бил криминалец, кој бил предавник, а кој патриот. Во изминатите 4 години честопати дискусиите немаа врска со локалните проблеми. Новиот градоначалник на Скопје треба да биде во контакт и соработка со сите советници, да биде пример за редовност, ажурност и транспарентност, да биде толерантен на конструктивни критики и најважно – да има слух за проблемите на сите граѓани“.

Што сметате дека е она што ве издвојува од другите кандидати за советници?

„Како прво, јас сум меѓу највозрасните, најискусните, сум докажал дека сум човек со интегритет и граѓаните ми се пред партијата. Поддржувам, а и критикувам идеи, проекти и одлуки, кои се добри, без разлика од која партија доаѓаат. Изминатиот мандат почнавме многу работи, кои поради една или друга причина, не успеавме да ги завршиме. Имаме нова шанса пред нас да направиме вистински промени на овие избори. Затоа апелирам до сите граѓани кои му мислат добро на Скопје, да гласаат в недела и да ни ја дадат поддршката за наредните 4 години заедно да направиме една успешна градска приказна“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лекарската комора со морална осуда за д-р Кузмановски

Објавено пред

Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора упати јавна морална осуда за однесувањето на д-р Игор Кузмановски прикажано на видеоснимка на социјалните мрежи, оценувајќи дека е спротивно на морално-етичките стандарди на професијата. Информираат дека тоа е со цел да се заштити интегритетот и угледот на лекарската професија, бидејќи однесувањето прикажано на снимката ги нарушува довербата во професијата и не е во согласност со високите морално-етички стандарди кои се очекуваат.

dobivaj vesti na viber

Од Комората соопштиј и дека по разгледување на документацијата нема евидентирани претставки за етички пропусти поврзани со Кузмановски, но ќе се чекаат извештаите од Министерството за здравство и Клиниката за неврологија за конечнен заклучок за понатамошно постапување во однос на прекршувањето на етичките норми.

Лекарот и понатаму останува без активна лиценца.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија2 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија3 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија4 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија4 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија4 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија5 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет7 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа7 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет8 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа8 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет8 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија15 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија19 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија20 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија21 час

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија21 час

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија1 ден

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...