Македонија
Нови услуги и приближување кон населението со новата стратегија на Црвениот крст, најави Саити
Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст, информира дека ќе се формира петгодишна стратегија за развој на Црвениот крст и најави следни чекори во вид на реформи и реорганизација на националното друштво.
„Четири области се таргетираат во документ кој е поврзан со реорганизација на инфраструктурата, односно организациската поставеност на Црвениот крст. Следниот чекор е поврзан со културолошка трансформација, ќе има и трансформација поврзана со дигитализацијата и се продолжува со последниот сегмент, а е поврзан со реорганизација на програмите на Црвениот крст. Оваа е обид да се предвиди нашиот изглед за реорганизација по 5 години. Се работи за амбиција и ќе промовираме нова понуда кон институциите во вид стекнување нови партнерства и еден наш обид да дадеме придонес во подобрувањето на условите на живеење“, посочи Саити.
Како што дополни, ќе се понудат нови услуги, ќе има зголемување на видливоста и приближување кон населението и целните групи, кои очекуваат од Црвениот крст помош и поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

