Македонија
Нови 1.171 случај на коронавирус, починаа 6 лица
Во последното деноноќие направени се 7.932 тестирања, а регистриран е 1.171 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 641, Битола – 134, Охрид – 54, Прилеп – 48, Куманово – 39, Кавадарци – 34, Штип – 33, Гостивар – 26, Струмица – 23, Тетово – 21, Велес – 20, Крушево – 16, Кочани – 14, Гевгелија – 13, Кичево и Струга – по 8, Крива Паланка и Ресен – по 6, Виница – 5, Неготино и Пробиштип – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Демир Хисар и Дојран – по 2, Валандово, Кратово, Богданци, и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 204 оздравени пациенти од: Скопје – 120, Битола – 23, Гевгелија – 9, Ресен – 8, Прилеп и Кочани – по 6, Кавадарци и Велес – по 5, Куманово, Струга и Македонски Брод – по 4, Охрид – 3, Штип – 2, Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 4 починати лица од Скопје (69г, 77г, 84г и 91г) и по едно починато лице од Битола (78г) и Валандово (77г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, по едно лице од Кичево, Гостивар, Тетово и Куманово, починати во период од 16.12.2021 до 05.01.2022г. Починатите се на возраст од 48 години до 83 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.
Направени се 7.932 тестови преку: ИЈЗ-288, ЦЈЗ Скопје-58, ЦЈЗ Битола-127, ЦЈЗ Прилеп-81, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово-153, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–193, Жан Митрев (Филип Втори)-296, Авицена-231, Биотек-293, Систина-208, лабораторија Лаор-822, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-200, Генеа-19, Никоб лаб-966, ВФВ Медикал-152, Ели Медика-173, Ројал Медика–187, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–37, Жан Митрев Струмица–106, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.325.
Досега во земјата се направени вкупно 1.641.868 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 231.436, бројот на оздравени пациенти е 214.258, на починати е 8.012, а бројот на активни случаи изнесува 9.166.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 102840, Активни 5231
Куманово 13317, Активни 216
Тетово 11511, Активни 113
Прилеп 11172, Активни 530
Битола 9903, Активни 777
Гостивар 8155, Активни 79
Кавадарци 7648, Активни 297
Велес 7615, Активни 157
Охрид 7048, Активни 373
Штип 6884, Активни 163
Струмица 6428, Активни 205
Кичево 4389, Активни 98
Кочани 4166, Активни 71
Струга 3981, Активни 53
Гевгелија 3061, Активни 159
Неготино 2686, Активни 68
Свети Николе 2171, Активни 28
Крива Паланка 1994, Активни 49
Ресен 1947, Активни 107
Радовиш 1852, Активни 59
Делчево 1500, Активни 48
Берово 1491, Активни 15
Дебар 1462, Активни 4
Виница 1190, Активни 12
Пробиштип 1161, Активни 19
Валандово 1079, Активни 70
Кратово 795, Активни 6
Богданци 709, Активни 36
Демир Хисар 663, Активни 27
Крушево 645, Активни 45
Македонски Брод 557, Активни 26
Демир Капија 440, Активни 7
Македонска Каменица 432, Активни 8
Пехчево 363, Активни 4
Дојран 181, Активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија
Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија, што се одржа во претседателскиот Кабинет во присуство на бројни дипломатски претставници и странски гости.
Говорејќи меѓу раскошните мозаици на Глигор Чемерски коишто сведочат за историски вкоренетиот македонски удел во европската култура и цивилизација, Сиљановска-Давкова истакна дека како што секое камче е неопходно за стабилноста на мозаикот, така и Западниот Балкан е неопходен дел од европската целина, без кој ЕУ останува ранлива во услови на геополитички предизвици, војни и хибридни закани.

Во обраќањето таа потсети на визијата на Рихард Куденхоф-Калерги за обединета Европа изградена врз вредности, како и на заложбите на Ото фон Хабсбург за надминување на поделбите и интеграција на народите од Централна, Источна и Југоисточна Европа.
Претседателката укажа дека денес постојат нови, политички бариери што ја држат земјата во состојба на продолжена неизвесност и покрај децениските реформи и направените тешки компромиси.

Според неа, македонските граѓани одамна ја покажале својата цврста определба за европската иднина и не им се потребни сожалувања и post-festum извинувања, туку навремени, ex-ante решенија за деблокада на евроинтеграцијата.
Таа повика на обновена политичка волја и лидерство што ќе го заокружи процесот на проширување.
На свеченото отворање на конференцијата се обратија: претседателот на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов, претседателот на Меѓународната паневропска унија, Паво Баришиќ, австрискиот амбасадор, Мартин Памер и Штефан Хабек претставник од Паневропската унија на Австрија и Институтот на регионите на Европа.

Паневропската унија на Македонија е формирана 1993 година и се залага за промоција на европските вредности и меѓународно лобирање за интеграција на државата во Европската Унија.
Македонија
Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на министерот за регионален развој и јавна администрација, Tibor Navracsics, оствари еднодневна работна посета на Унгарија, насочена кон продлабочување на билатералната соработка и зајакнување на партнерството меѓу двете држави.
Во фокусот на разговорите беше размената на искуства за поефикасно и целосно искористување на програмите на Европската Унија, како и поддршка на вклучувањето на Македонија во нови европски програми. За Министерството за локална самоуправа, оваа соработка има особено значење во насока на унапредување на регионалниот развој, пренесување на знаење со цел зајакнување на институционалните капацитети и пристапот до европски фондови.

Во рамки на посетата, министерот присуствуваше и на отворање на изложба во Центарот за дигитални искуства (CODE), каде што свое обраќање имаше министерот за култура и иновации на Унгарија. Центарот е формиран во рамки на програмата „Веспрем–Балатон 2023 – Европска престолнина на културата“ и има за цел да отвора нови можности за културна размена преку дигитални и интерактивни содржини.
Останатиот дел од агендата беше посветен на посети на неколку значајни локации во округот Веспрем, при што беа разменети мислења и искуства за локалниот и регионалниот развој, како и за актуелните општествени процеси. Во тој контекст беа допрени и теми поврзани за начините за зголемување на атрактивноста на регионите, како и мерките за поттикнување на општините кон поголема самоодржливост и ефикасно користење на сопствените развојни потенцијали.

Посетата претставува уште еден чекор кон продлабочување на меѓусебната соработка и размена на добри практики во области од заеднички интерес.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди, наместа со услови за провејување на слаб снег
Утре променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување на слаб снег.
Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури.

