Македонија
Нови 1.299 случаи на коронавирус во Македонија, починаа 24 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 1.299 нови случаи на коронавирус, 24 лица починаа, а оздравеле 413 пациенти, соопшти Министерството за здравство информира.
Во последните 24 часа се направени 5.057 тестирања, а регистрирани се 1.299 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 672, Прилеп – 70, Куманово – 62, Битола – 47, Велес – 44, Охрид – 43, Кавадарци – 38, Неготино – 36, Гостивар – 34, Тетово – 32, Струмица – 30, Кочани – 21, Штип -20, Кичево – 18, Гевгелија – 17, Свети Николе – 16, Радовиш – 13, Ресен – 12, Струга – 11, Валандово – 9, Берово – 8, Крива Паланка и Богданци – по 7, Пробиштип – 6, Делчево и Македонски Брод – по 5, Виница и Крушево – по 4, Демир Хисар и Дојран – по 3, Дебар и Кратово – по 1 .
Регистрирани се 413 оздравени пациенти.
Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 35 – 82 години и тоа: седум пациенти од Скопје, од Кавадарци – пет, од Прилеп – четири, од Гевгелија – двајца, и по едно починато лице се регистрира од Тетово, Велес, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 587.546 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 118.736, бројката на оздравени пациенти е 100.250, на починати е 3.448, а бројот на активни случаи изнесува 15.038.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневната температура.
Македонија
По врнежите од дожд и силните ветрови кои зафатија делови од државата, нема пријавени штети, соопшти ЦУК

По врнежите од дожд и силните ветрови кои зафатија делови од државата, до овој момент до Центарот за управување со кризи не се пријавени материјални штети или повредени лица, информираат од таму.
„Директорот на ЦУК, Мухамед Али, заедно со вработените од Оперативниот сектор и Дежурната служба, внимателно ја следи состојбата на терен.
Центарот за управување со кризи останува во постојана готовност и продолжува со координирани активности за обезбедување брза и ефективна институционална реакција при евентуални потреби“.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила надвор од градските средини

Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти АМСМ.
Според информацијата, во целост е отворен за сообраќај државниот пат А1 Градско – Прилеп од раскрницата кај бензинската станица Лукоил до клучката кај бензиската станица Салида.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.