Македонија
Нови 1.543 заразени со коронавирус, починаа 26 лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.667 тестови, а регистрирани се 1.543 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 784, Битола – 98, Куманово – 81, Кавадарци – 59, Тетово – 58, Струмица – 45, Прилеп – 44, Велес – 41, Гостивар – 39, Неготино – 31, Кочани – 29, Кичево – 28, Охрид – 27, Радовиш – 24, Штип – 20, Струга и Валандово – по 17, Свети Николе и Ресен – по 15, Гевгелија – 14, Делчево – 12, Крива Паланка – 10, Богданци – 9, Пробиштип, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 5, Кратово – 4, Берово – 2, Дебар, Виница, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.543), регистрирани се 220 реинфекции и една втора реинфекција.
Регистриран e 1.961 оздравен пациент од: Скопје – 854, Струмица – 144, Кавадарци – 127, Битола – 88, Охрид – 68, Штип – 64, Велес – 62, Гевгелија – 58, Куманово – 56, Валандово – 50, Неготино – 40, Прилеп – 39, Струга – 35, Тетово – 34, Гостивар – 29, Кичево и Свети Николе – по 28, Крива Паланка – 23, Ресен и Делчево – по 20, Кочани – 19, Радовиш – 18, Богданци – 12, Берово – 8, Виница, Пробиштип, Демир Капија , Пехчево и Дојран – по 5, Македонски Брод – 4, Демир Хисар – 3, Кратово – 2, Дебар, Крушево и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 9 починати лица од Скопје (63г, 72г, 72г, 73г, 74г, 78г, 79г, 85г и 90г), 3 починати лица од Прилеп (56г, 69г и 76г), 2 починати лица од Охрид (84г и 89г) и по едно починато лице од Битола (84г), Кичево (74г), Куманово (83г) и Ресен (63г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се дополнително 8 починати лица, Скопје (3), Пробиштип (1), Штип (1), Струмица (1), Делчево (1) и Гостивар (1). Починатите се на возраст од 41г до 81г. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а 4 лица во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 4.1.2021 – 29.1.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=26), 12 лица се целосно вакцинирани, а кај 25 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 4.667 тестови преку: ИЈЗ-512, ЦЈЗ Скопје-106, ЦЈЗ Битола-98, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово-102, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-160, Авицена-150, Биотек-225, Систина-81, лабораторија Лаор-176, Синлаб-20, Ремедика-16, Плодност-48, Генеа-17, Никоб Лаб-439, ВФВ Медикал-81, Ели Медика-42, Ројал Медика–25, Спектра-ММ-53, Рапид Лаб–19, Жан Митрев Струмица–16, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-42, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.990.
Досега во земјата се направени вкупно 1.798.697 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 272.437, бројот на оздравени пациенти е 249.631, на починати е 8.470, а бројот на активни случаи изнесува 14.336.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 124335, Активни 8031
Куманово 15038, Активни 610
Битола 13023, Активни 996
Прилеп 12857, Активни 480
Тетово 12541, Активни 531
Кавадарци 9162, Активни 510
Гостивар 8858, Активни 314
Велес 8562, Активни 290
Охрид 8001, Активни 257
Штип 7569, Активни 151
Струмица 7331, Активни 286
Кичево 4995, Активни 216
Кочани 4677, Активни 146
Струга 4420, Активни 135
Гевгелија 3817, Активни 199
Неготино 3244, Активни 190
Свети Николе 2464, Активни 80
Ресен 2403, Активни 171
Радовиш 2299, Активни 139
Крива Паланка 2237, Активни 87
Делчево 1805, Активни 92
Берово 1650, Активни 32
Дебар 1511, Активни 20
Валандово 1402, Активни 83
Виница 1298, Активни 33
Пробиштип 1260, Активни 20
Богданци 901, Активни 65
Кратово 890, Активни 29
Крушево 824, Активни 22
Демир Хисар 774, Активни 32
Македонски Брод 642, Активни 31
Македонска Каменица 508, Активни 23
Демир Капија 496, Активни 16
Пехчево 429, Активни 15
Дојран 214, Активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Панична пропаганда се за Петрушевски обвинувањата од СДСМ за реформите во ВМРО-ДПМНЕ
„Обвинувањата на СДС се класичен пример на панична пропаганда без факти и без аргументи“, рече денес пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, одговарајќи на обвинувањата од СДСМ дека место нови лица старата банда е реформата во ВМРО-ДПМНЕ.
„Факт е дека Драган Ковачки поседува валиден НАТО сертификат, што целосно ги демантира лагите дека бил ’одбиен од НАТО’ или дека не исполнувал безбедносни услови. Сѐ друго е злонамерна конструкција за дневнополитички потреби. ВМРО-ДПМНЕ спроведува внатрепартиски реформи согласно Статутот и со јасна цел, ефикасна, одговорна и европски ориентирана партија. Обвинувањата за наводна контрола врз институции и медиуми се неосновани и доаѓаат од структури кои со години ја злоупотребуваа државата и сега се плашат од одговорност“, рече Петрушевски.
ВМРО-ДПМНЕ, како што нагласи Петрушевски, останува цврсто посветена на политиките што значат Македонија интегрирана во ЕУ, стабилен НАТО партнер и заштита на државните и националните интереси.
Македонија
Во 15 контејнери собран над еден тон текстилен отпад во Кисела Вода: жителите на Расадник со најголем интерес
Еден тон текстилен отпад е собран за само еден месец од поставувањето на првите контејнери за текстилен отпад на територијата на општина Кисела Вода, соопштија денес општинските власти.
Според податоците добиени од лиценцираната компанија ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје, најголема количина е собрана од контејнерот поставен во населбата Расадник, што општинарите велат дека укажува на висок интерес и активна вклученост на граѓаните во процесот на селектирање и правилно одлагање на текстилниот отпад.
„Во моментов се поставени 15 контејнери на различни локации пред месните заедници, а паралелно се изработуваат уште 15 нови, кои во следната фаза ќе бидат поставени пред основните училишта и детските градинки. Со тоа, вкупниот број ќе достигне 30 контејнери, а иницијативата ќе добие и силна едукативна компонента, насочена кон најмладите“, велат од Општината.
Ова е првпат во општина Кисела Вода да се воспоставува ваков систем за собирање текстилен отпад, преку договорот што беше потпишан меѓу градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и Фаик Мифтари, управител на ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје.
„Со поставувањето на контејнерите за текстилен отпад правиме уште еден суштински исчекор кон современо, одговорно и одржливо управување со отпадот. Фактот што за само еден месец е собран еден тон текстилен отпад покажува дека граѓаните ја препознаваат важноста на оваа иницијатива. Ова партнерство не претставува само техничко решение, туку вложување во едукацијата, свеста и иднината на нашата заедница. Преку ваквите проекти испраќаме јасна порака дека заштитата на животната средина е заедничка обврска и трајна вредност. Искрена благодарност до ЕКО-ТЕКС ГРУП за нивната општествена одговорност и придонесот кон почиста и поздрава околина“, рече градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев
Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на прес-конеренција во партискиот штаб.
„Фирмата ’ЦБД Медплант’ во формална сопственост на Христијан Котев, а реална на неговиот татко Тони Котев викан М’гчев, кој е поранешен претседател на ОО Ново Село на СДС и близок по бизнис со Вице Заев и Гидан Колев, во периодот од 30.06.2025 година па се до 11.2025 година, има испорачано 19 тони марихуана према скопската фабрика по документ испорачана количина. Дополнително, утринава од струмичката фирма биле изнесени 21 тон дрога“, рече пратеникот Птерушевски и пушти видео од денешното запленување на илегална материја дрога.
Објасни дека станува збор за фирма која добила одобрение од Владата на Зоран Заев и Венко Филипче, за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година.
„Патем, уште во 2020 година, укажувавме дека лиценците за одгледување на марихуана за медицински цели, се добиваат исклучиво по блискоста со СДС, односно во тоа време со Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче. Тогаш, владата на Заев и Филипче додели лиценци на 2 фирми, ’Еко Енерџи-Космос’ од Ново Село и ’Лајтинг Лукс’ од Струмица, во сопственост на синот на Боро Малборо и Христијан Котев погоре споменатиот“, рече Петрушевски.
Побара Јавното обвинителство да го истражи случајот и јавно праша зошто Заев лично се јавувал на телефони во Царинската управа и се интересирал за овој случај.
„Струмичкиот нарко картел се однесувал како во времето на Пабло Ескобар во Колумбија. Но и на тој нарко картел му дошол крајот, така ќе му дојде крајот и на овој таканаречен нарко картел во струмичко.
Вистината излегува на виделина!“, вели пратеникот Петрушевски.

