Македонија
Нови 1.056 случаи на Ковид-19, починати 25 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направени 3.728 тестирања биле регистрирани 1.056 нови случаи на Ковид-19.
Според последните податоци од Министерството за здравство, во Скопје има 590 новозаразени лица од коронавирус, во Битола – 57, во Прилеп – 42.
Во Велес регистрирани се 36 нови пациенти со Ковид-19, во Кавадарци – 35, Куманово – 34, Охрид – 30, Тетово – 28, Струмица – 21, Гостивар – 19, Неготино – 18, Струга и Кичево по 16, Штип, Кочани, Гевгелија и Берово по 13.
Во Делчево има 9 новозаразени лица, во Свети Николе – 8, Радовиш и Пробиштип по 7, Кратово – 6, Крива Паланка и Ресен по 5, Валандово и Демир Капија по 4, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица по 2, Пехчево – 1.
Според Министерството за здравство, регистрирани се и 727 оздравени пациенти.
Од Скопје -457, Прилеп –58, Куманово –27, Гевгелија –26, Гостивар –22, Тетово и Струмица –по 21, Велес –17, Штип –13, Битола и Кочани по 12, Крива Паланка – 8, Кичево, Ресен и Богданци по 5, Валандово –4, Пробиштип –3, Радовиш, Крушево и Пехчево по 2 пациенти, Свети Николе, Неготино, Делчево, Виница и Демир Хисар по 1 пациент.
Пријавени се вкупно 25 починати лица на возраст од 29 до 87 години, и тоа: 7 пациенти од Скопје, од Прилеп и Битола по 4, од Кавадарци 3 починати и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и во Охрид.
Сите пријавени се починати во болнички услови и со коморбидитети, информираат од Министерството за здравство.
Направени се 3.728 теста преку: ИЈЗ – 454, ЦЈЗ Скопје – 103, ЦЈЗ Битола – 71, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 13, лабораторија во болницата во Козле – 13, УК Пулмологија со алергологија – 5, ГОБ „8 Септември“ – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 189, „Авицена“ – 267, „Биотек“ – 461, „Систина“ – 311, лабораторија „Лаор“ – 195, „Синлаб“ – 159, „Ремедика“ – 34, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.452.
Според Министерството за здравство, досега во земјата се направени вкупно 595.686 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 120.882, бројката на оздравени пациенти е 102.201, на починати е 3.528, а бројот на активни случаи изнесува 15.153.
Според епидемиолошките анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 53.958, активни 7.728
Прилеп 6.571, активни 920
Куманово 6.305, активни 553
Тетово 6.031, активни 458
Гостивар 4.276, активни 372
Кавадарци 4.151, активни 648
Велес 4.081, активни 485
Битола 4.004, активни 472
Штип 4.000, активни 296
Охрид 3.841, активни 588
Струмица 3.064, активни 259
Струга 2.586, активни 172
Кочани 2.111, активни 200
Кичево 1.896, активни 102
Неготино 1.790, активни 427
Гевгелија 1.627, активни 311
Свети Николе 1.198, активни 71
Крива Паланка 1.017, активни 112
Ресен 939, активни 128
Радовиш 838, активни 81
Дебар 819, активни 25
Делчево 812, активни 83
Берово 775, активни 96
Пробиштип 637, активни 68
Виница 564, активни 38
Валандово 465, активни 75
Крушево 409, активни 127
Богданци 375, активни 65
Демир Капија 326, активни 76
Кратово 316, активни 25
Демир Хисар 314, активни 43
Македонски Брод 277, активни 24
Пехчево 206, активни 11
Македонска Каменица 197, активни 5
Дојран 106, активни 9
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Го разбираме револтот и незадоволството: СДСМ го поддржува протестот и барањата на работниците
СДСМ го поддржува протестот на работниците и Сојузот на синдикатите во борбата за достоинствени плати и зголемување на минималната плата, соопштуваат од оваа партија.
„Го разбираме револтот и незадоволството кај работниците и целосно ги поддржуваме нивните барања, за зголемување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на платите за 100 евра во останатите сектори.
Граѓаните, работниците живеат тешко, инфлацијата и покачените цени го јадат стандардот на работниците, сиромаштијата расте а платите стојат во место.
Владата на Мицкоски нема пари за зголемување на минималната плата, пари има само за тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините за друга фирма, 9 милиони евра за тендери со двајца вработени, 1,2 милиони евра за тендери преку Пошта“.
За време на владеењето на СДСМ, додаваат од опозициската партија, парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.
И како опозиција, напоменуваат, СДСМ стои зад работниците.
„СДСМ предлагаше Закон за покачување на минималната плата но власта го одби. Поднесовме законски решенија и амандмани во Собранието за покачување на платите во различни сектори, но власта и тоа го одби.
Обврска на владата е да обезбеди покачување на минималната плата наместо да увезува „економски работници“ а да извезува квалификувани кадри надвор од земјата“.
Македонија
МНР со реакција до Бугарија: Македонија останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности, Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации
Македонското Министерство за надворешни работи реагира на денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.
„Изразуваме жалење што оваа институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог. Воедно, јасно нагласуваме дека ниту имаме намера, ниту потреба да бидеме дел од внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија – ниту преку коментари, интерпретации, ниту преку вклучување во дневнополитички наративи“, се истакнува во соопштението од МНР.
Од таму со повик до бугарските институции да се водат од, како што е наведено, принципите на добрососедство, взаемна почит, предвидливост и институционална комуникација – принципи кои воедно претставуваат темелни европски вредности и стандарди.
„Затоа што Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации.
Република Северна Македонија и понатаму останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности“.
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата
Поради протест на возачите на камиони блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

