Македонија
Нови 1085 позитивни случаи на Ковид-19, починале 12
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-447, Куманово-69, Дебар-9, Штип-39, Прилеп-60, Тетово-62, Струга-14, Велес-50, Битола-28, Охрид-18, Кавадарци-20, Гостивар-35, Гевгелија-29, Струмица-80, Крива Паланка-10, Радовиш-9, Крушево-3, Кочани-13, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-6, Виница-4, Делчево-10, Кратово-4, Свети Николе-5, Кичево-30, Ресен-4, Неготино-12.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 283 оздравени пациенти од: Скопје-142, Куманово-8, Штип-7, Прилеп-11, Тетово-21, Велес-6, Битола-13, Кавадарци-18, Гостивар-6, Гевгелија-9, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-7, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-10, Неготино-5.
Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 68 и 52г), еден од Куманово (27г), тројца од Прилеп (81, 82 и 49г), двајца пациенти од Тетово (87 и 77г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (67г) и еден пациент од Гостивар (65г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 31572, бројката на оздравени пациенти е 20731, на починати е 994, а бројот на активни случаи изнесува 9847. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 13621, активни 4584
• Куманово 2313, активни 439
• Дебар 345, активни 67
• Штип 1683, активни 281
• Прилеп 1349, активни 494
• Тетово 2198, активни 547
• Струга 833, активни 115
• Велес 772, активни 380
• Битола 698, активни 279
• Охрид 715, активни 250
• Кавадарци 512, активни 211
• Гостивар 1216, активни 213
• Гевгелија 399, активни 192 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 66 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 956, активни 553
• Крива Паланка 242, активни 92
• Радовиш 239, активни 83
• Крушево 30, активни 9
• Кочани 718, активни 229
• Пробиштип 203, активни 67
• Демир Хисар 84, активни 18
• Македонски Брод 105, активни 9
• Пехчево 60, активни 8
• Берово 211, активни 50
• Валандово 108, активни 42
• Виница 181, активни 70
• Делчево 256, активни 125 (64 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 54, активни 24
• Свети Николе 486, активни 90
• Кичево 579, активни 179
• Ресен 248, активни 64
• Неготино 158, активни 83 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 3294 теста се преку: ИЈЗ-1310, ЦЈЗ Скопје-126, Авицена-483, Биотек-266, МАНУ -243, Жан Митрев (Филип Втори) -340, Систина со PCR метода -175, лабораторија Лаор –80, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-110, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-133, Ремедика-25, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 249.399 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 154 пациенти. На кислородна поддршка се 117 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 11 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 21 прием, а вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 332 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 233
• Гази Баба – 671
• Аеродром – 788
• Карпош – 682
• Центар – 592
• Кисела Вода – 588
• Ѓорче Петров – 388
• Бутел – 227
• Шуто Оризари – 48
• Студеничани – 20
• Сарај – 35
• Арачиново -9
• Илинден – 101
• Сопиште – 40
• Чучер Сандево – 24
• Петровец –30
• Зелениково -16
• Странец – 41
• Нераспределен- 105
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

