Македонија
Нови 124 заразени со Ковид-19, починале седуммина
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.209 тестови, а регистрирани се 124 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 98, Кавадарци – 7, Прилеп – 6, Охрид – 3, Штип и Дебар – по 2, Куманово, Тетово, Струмица, Кичево, Струга и Гевгелија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции.
Регистрирани сe 543 оздравени пациенти од: Скопје – 289, Битола – 39, Прилеп – 38, Куманово – 25, Кичево – 19, Гостивар – 14, Кавадарци и Велес – по 13, Штип – 12, Охрид и Ресен – по 9, Тетово, Струмица, Кочани и Неготино – по 7, Гевгелија и Делчево – по 6, Струга и Крива Паланка – по 5, Демир Капија – 4, Богданци – 3, Свети Николе, Кратово, Крушево , Демир Хисар, Македонски Брод и Макденоска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: две починати лица од Скопје (36 г и 74 г) и едно починато лице од Тетово (60 г), Битола (67 г), Прилеп (70 г) ,Кочани (70 г) и Пробиштип (67 г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 1.209 тестови преку: ИЈЗ-43, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-2, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–112, Жан Митрев (Филип Втори)-33, Авицена-49, Биотек-74, Систина-58, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-160, ВФВ Медикал-25, Ели Медика-8, Ројал медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 644.
Досега во земјата се направени вкупно 1.908.017 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.766, бројот на оздравени пациенти е 288.235, на починати е 9.086 а бројот на активни случаи изнесува 2.445.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 139920, Активни 1354
Куманово 16303, Активни 113
Битола 14351, Активни 126
Прилеп 13674, Активни 136
Тетово 13343, Активни 86
Кавадарци 10205, Активни 94
Велес 9507, Активни 100
Гостивар 9458, Активни 35
Охрид 8541, Активни 55
Штип 7920, Активни 25
Струмица 7916, Активни 22
Кичево 5450, Активни 42
Кочани 4982, Активни 12
Струга 4657, Активни 27
Гевгелија 4281, Активни 43
Неготино 3620, Активни 27
Ресен 2610, Активни 36
Свети Николе 2606, Активни 10
Радовиш 2479, Активни 10
Крива Паланка 2381, Активни 17
Делчево 1900, Активни 3
Дебар 1647, Активни 14
Берово 1628, Активни 4
Валандово 1459, Активни 3
Виница 1350, Активни 5
Пробиштип 1259, Активни 5
Богданци 1002, Активни 6
Кратово 941, Активни 10
Крушево 908, Активни 3
Демир Хисар 814, Активни 10
Македонски Брод 731, Активни 3
Демир Капија 581, Активни 4
Македонска Каменица 521, Активни 3
Пехчево 482, Активни 1
Дојран 339, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска: Парите што ги планираше за нов авион, Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска побара средствата што Владата ги планирала за набавка на нов авион да се пренаменат за зголемување на минималната плата на 600 евра за сите работници.
Кузеска изјави дека е време, како што рече, да се укине луксузот на власта и работниците да добијат достоинствени плати. Таа посочи дека нема повеќе оправдувања дека нема средства, наведувајќи дека имало пари за нов авион, мебел, уредување кабинети и службени возила.
Според неа, потребен е ребаланс на Буџетот со кој средствата би се пренамениле за плати. Таа оцени дека високите сметки и цените на храната ги довеле работничките семејства во тешка состојба.
Кузеска наведе дека над 200 илјади работници имаат плати под 30.000 денари, додека синдикалната минимална кошничка изнесува 66 илјади денари. Таа додаде дека минималната плата не ги покрива основните трошоци и дека трудот на работниците е потценет.
Македонија
(Видео) Судија бил разрешен во времето на СДСМ откако одбил да донесе мислење во случај поврзан со Јанкулоска, рече Манасиевски
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција изјави дека постои ново сведоштво за притисоци врз правосудството и политички прогон кон поранешни функционери на партијата.
Како што посочи Манасиевски, поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, во гостување на поткаст на социјална мрежа изјавил дека бил разрешен откако одбил да донесе позитивно мислење во одреден случај, за кој, според него, немало правна основа.
Според кажаното, станува збор за предмет поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Манасиевски наведе дека Катевеновски тврди оти во 2019 година го добил случајот од поранешното Специјално јавно обвинителство и дека не постоела правна можност за позитивно мислење.
По одложување на одлуката со цел консултација со колеги, како што беше посочено, Судскиот совет го разрешил Катевеновски веќе следниот ден. Тој, според Манасиевски, одговорноста за разрешувањето ја лоцирал кај тогашната влада предводена од СДСМ и ДУИ.
Манасиевски во обраќањето изјави дека се зголемува бројот на лица кои сведочат за притисоци врз правосудството и упати обвинувања кон поранешната влада, наведувајќи дека реформите ќе продолжат и дека ќе има одговорност.
Македонија
(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на донација од Германија, на која присуствуваше и амбасадорката Петра Дрекслер, како и претставници од Канцеларијата за врски на Сојузната полиција на Германија.
Донацијата, во вкупна вредност од околу 600.000 евра реализирана во претходниот период, опфаќа моторни возила, термовизиски камери, компјутерска опрема и софтвери, специјализирани уреди за проверка на документи, како и специјални возила за воздухопловната единица.

Оваа опрема е наменета за унапредување на капацитетите на Министерството во делот на граничното управување, борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, криминалистичко-разузнавачката анализа и форензичките испитувања.
Министерот Тошковски истакна дека донацијата претставува симбол на довербата и силното партнерство меѓу двете земји.

„Оваа церемонија не е само формално примопредавање на опрема, туку јасна порака дека Германија стои рамо до рамо со Македонија во заедничката борба против организираниот криминал, во заштитата на нашите граници и во обезбедувањето на сигурноста на граѓаните. Поддршката што ја добиваме не се мери само во материјални средства, туку и во знаење, обуки и размена на искуства, што значи долгорочно зајакнување на капацитетите и професионализација на македонската полиција“, нагласи Тошковски.
Тој изрази благодарност до Сојузната полиција на СР Германија и до Амбасадата на Германија во Скопје за континуираната поддршка, посочувајќи дека шесте реализирани обуки за македонските полициски службеници се доказ за стратешката и долгорочна соработка меѓу двете институции.

Министерот потенцираше дека ваквата помош претставува значаен придонес во зајакнувањето на институционалните капацитети и унапредувањето на безбедноста, како и во остварувањето на заедничката визија за сигурна, стабилна и европска Македонија.
„Со обезбедувањето на техничка опрема ја продолжуваме нашата долгогодишна доверлива полициска соработка. Зајакнувањето на капацитетите на Северна Македонија во делот на граничниот надзор, во борбата против трговијата со луѓе, илегалната миграција и прекуграничниот криминал е во наш заеднички европски интерес. Заедно работиме на јакнење на Европа – денес и во иднина.“, истакна амбасадорката Дрекслер.

