Македонија
Нови 147 заразени со ковид, починале пет лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 22.04 до 24.04.2022):
Направени се 3.722 тестови, а регистрирани се 147 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 84, Битола – 15, Кавадарци – 12, Куманово – 10, Велес – 6, Прилеп – 4, Штип – 3, Тетово, Охрид, Кочани и Неготино – по 2, Гостивар, Струмица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (147), регистрирани се 24 реинфекции.
Регистрирани сe 238 оздравени пациенти од: Скопје – 135, Битола – 29, Прилеп – 13, Велес – 12, Кавадарци – 10, Охрид и Струмица – по 6, Гостивар – 5, Куманово и Неготино – по 4, Тетово – 3, Штип и Струга – по 2, Кичево, Гевгелија, Ресен, Делчево, Валандово, Крушево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 22.04 до 24.04.2022) се регистрирани 2 починати лица од Куманово (78г) и Тетово (80г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани 3 починати лица од Скопје (77г), Битола (73г) и Прилеп (65г). Од нив, две лица се починати во домашни услови и едно во болнички услови, регистрирани во период од 03.04 до 19.04.2022.
Направени се 3.722 тестови преку: ИЈЗ-143, ЦЈЗ Скопје-84, ЦЈЗ Битола-53, ЦЈЗ Прилеп-24, ЦЈЗ Тетово-5, ЦЈЗ Куманово-39, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–68, Жан Митрев (Филип Втори)-68, Авицена-69, Биотек-104, Систина-67, лабораторија Лаор-149, Синлаб-1, Ремедика-0, Плодност-29, Генеа-38, Никоб Лаб-339, ВФВ Медикал-37, Ели Медика Плус-26, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–40, Жан Митрев Струмица–13, Нова Лаб Дијагностика–12, Рамус-27, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.273.
Досега во земјата се направени вкупно 2.011.275 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.208, бројот на оздравени пациенти е 299.302, на починати е 9.276, а бројот на активни случаи изнесува 630.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 145345, Активни 340
Куманово 16627, Активни 14
Битола 15232, Активни 110
Прилеп 14125, Активни 28
Тетово 13447, Активни 11
Кавадарци 10624, Активни 21
Велес 9757, Активни 21
Гостивар 9575, Активни 6
Охрид 8825, Активни 17
Струмица 8048, Активни 8
Штип 8011, Активни 12
Кичево 5606, Активни 9
Кочани 5072, Активни 2
Струга 4715, Активни 4
Гевгелија 4398, Активни 2
Неготино 3677, Активни 3
Ресен 2712, Активни 1
Свети Николе 2624, Активни 1
Радовиш 2528, Активни 3
Крива Паланка 2413, Активни 0
Делчево 1971, Активни 2
Дебар 1673, Активни 0
Берово 1645, Активни 5
Валандово 1485, Активни 4
Виница 1388, Активни 1
Пробиштип 1265, Активни 0
Богданци 1019, Активни 0
Кратово 963, Активни 1
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 2
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 346, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, тоа што Кузеска го нарекува бомба е петарда која и пукна во рака.
Не е јасно, велат од партијата на власт, како по којзнае кој пат некој од СДС ја пушта низ вода, да излетува со недоволно проверени информации.
„Да го тргнеме настрана фактот дека јавните набавки се јавни и транспаренти и другиот факт дека Кузеска не го разбира ИТ светот, туку Кузеска обвинува за сомнителни тендери со фирма на која власта на СДС и ДУИ им делеле тендери и грантови од Фондот за иновации.
Така фирмата СИГМОИД која не постои две години, туку многу повеќе само го сменила името од ДОО во ДООЕЛ во 2019 година добила грант од ФИТР од над 1,4 милиони денари.
Потоа повторно добила грант од ФИТР и во 2020 година од над 25 илјади денари.
Згора на тоа, фирмата добивала и тендери на кои се склучувале анекси со АЕК во 2021 година кога на власт беа СДС и ДУИ од скоро 700 илјади денари на кој потоа склучувале анекси.
Потоа тендер од Агенција за пошти предводено од СДС и ДУИ во 2020 од над 120 илјади денари, од ТИРЗ во 2021 од 720 илјади денари, повторно Агенција за пошти во 2021, од Државен завод за ревизија во 2022 над 600 илјади денари, од Агенција за супервизија на осигурување во 2022, и така натаму се до пред паѓање од власт во 2024 кога со АЕК склучиле два тендери од над 2,3 милиони денари. Еден куп тендери во времето на СДС“.
Воедно, истакнуваат од партијата на Мицкоски, очекувале дека Кузеска ќе го пофали новото раководство составено од Заев, но очигледно според нив, нема што да се пофали.
„Нека не се секира Кузеска, одговорност има и ќе има, ама за сите криминали на Венко и Заев“.
Македонија
Ѓорѓиевски – Тигањ: разгледани иницијативи за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка во Република Македонија, Нивес Тигањ. Средбата се одржа во пријателска, отворена и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани можностите за унапредување на меѓународната соработка и заедничките иницијативи насочени кон развој на локалната заедница и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Разговорите ја потврдија заемната подготвеност за продлабочување на билатералните односи и за градење одржливи партнерства на локално и меѓународно ниво.
„Разменивме ставови за посветеноста на Град Скопје кон проактивен пристап во креирањето и спроведувањето иницијативи кои директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Посебно беа истакнати силните партнерства со пријателските земји, при што соработката со Република Хрватска се издвојува како значаен пример за успешна размена на знаење, искуства и добри практики.
Ја потврдивме заедничката определба за понатамошно продлабочување на билатералните односи, со уверување дека ваквите средби создаваат нови можности за граѓаните и претставуваат цврста основа за долгорочно и одржливо партнерство, како на локално, така и на меѓународно ниво“.
Македонија
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Халкбанк АД Скопје и Ракометната федерација на Македонија официјално го продолжија своето партнерство и за 2026 година, со што банката и понатаму останува еден од клучните поддржувачи на македонскиот ракомет.
Со продолжувањето на соработката што започна во 2018 година, Халкбанк уште еднаш ја потврдува својата долгорочна посветеност на развојот на еден од најуспешните и најпрепознатливи спортови во земјата. Партнерството е насочено кон поддршка на активностите и настапите на македонските машки и женски ракометни репрезентации, кои континуирано ја претставуваат државата на меѓународната спортска сцена и остваруваат значајни резултати.

Договорот беше потпишан во просториите на Халкбанк АД Скопје, од страна на директорот на Халкбанк АД Скопје, Фатих Шахбаз и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Алесандар Стефанов.

„Горди сме што и во 2026 година ја продолжуваме соработката со Ракометната федерација на Македонија. Ракометот е спорт со длабока традиција и огромна поддршка кај јавноста, а Халкбанк со ова партнерство останува дел од успехот, емоциите и вредностите што ги носи македонскиот ракомет. Нашата поддршка е израз на доверба во спортот, спортистите и идните генерации“, – изјави Фатих Шахбаз, генерален директор на Халкбанк АД Скопје.
Од Ракометната федерација на Македонија посочија дека продолжувањето на партнерството има особено значење за федерацијата и националните селекции.

„Продолжувањето на соработката со Халкбанк е уште една потврда за заемната доверба и заедничката визија што ја градиме со години. Халкбанк е стабилен и сериозен партнер на македонскиот ракомет, а нивната поддршка од 2018 година, наваму, има значајна улога во развојот на националните селекции, натпреварувачките системи и целокупната ракометна инфраструктура. Со овој договор заокружуваме уште една важна година за Федерацијата и испраќаме јасна порака дека македонскиот ракомет има сигурни партнери и јасна насока за иднината. Благодарни сме за довербата на Халкбанк и веруваме дека заедно ќе продолжиме да создаваме услови за нови успеси и напредок на сите нивоа“, – истакна Александар Стефанов, претседател на Ракометната федерација на Македонија.

На настанот присуствуваа и македонските ракометари, кои со своето присуство ја заокружија атмосферата и ја потврдија блиската врска меѓу федерацијата, спортистите и поддржувачите на ракометот. Во рамки на неформалниот дел од настанот, ракометарите се задржаа на дружење со присутните и потпишуваа дресови.


Со договорот за 2026 година, Халкбанк уште еднаш ја потврдува својата определба да биде активен и одговорен поддржувач на националниот спорт. Поддршката на ракометот е дел од поширокиот пристап на Банката кон општествено одговорно делување, насочено кон развој на спортот, младите и вредностите што ја поврзуваат заедницата.
ПР

