Македонија
Нови 155 заболени и 13 починати од Ковид-19
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 1.179 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 113, Кавадарци – 8, Куманово и Битола – по 6, Прилеп и Кочани – по 4, Ресен – 3, Охрид, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Крива Паланка, Берово, Делчево и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од: Скопје – 161, Битола – 32, Прилеп – 30, Кавадарци – 29, Кочани – 20, Куманово – 17, Тетово и Велес – по 14, Штип и Крива Паланка – по 12, Кратово – 6, Пробиштип и Демир Хисар – по 5, Охрид, Неготино и Делчево – по 4, Гостивар, Ресен и Македонска Каменица – по 3, Свети Николе и Берово – по 2, Струга, Гевгелија, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 од Велес (84, 83, 72 и 69), 3 од Скопје (68, 63 и 50), 2 од Куманово (67 и 64) и по едно починато лице од Прилеп (50), Битола (68), Штип (69) и Крива Паланка (82). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Направени се 1.179 теста преку: ИЈЗ – 49, ЦЈЗ Скопје – 29, ЦЈЗ Битола – 0, ЦЈЗ Прилеп – 0, ЦЈЗ Тетово – 0, ЦЈЗ Куманово – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 48, „Авицена“ – 48, „Биотек“ – 77, „Систина“ – 65, лабораторија „Лаор“ – 0, „Синлаб“ – 0, „Ремедика“ – 0, „Плодност“ – 0, „Генеа“ – 0, „Никоб лаб“ – 176, „ВФВ медикал“ – 15, „Ели медика“ – 16, „Ројал медика“ – 0, „Спектра-ММ“ – 0, „Рапид лаб“ – 0, „Жан Митрев Струмица“ – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 656.
Досега во земјата се направени вкупно 1.450.215 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.375, бројот на оздравени пациенти е 196.636, на починати е 7.449, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.
Според епидемиолошки анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 92.822, Активни 3.857
Куманово 12.761, Активни 281
Тетово 11.268, Активни 156
Прилеп 10.007, Активни 392
Битола 8.364, Активни 666
Гостивар 8.055, Активни 36
Велес 7.197, Активни 355
Кавадарци 6.783, Активни 284
Штип 6.508, Активни 210
Охрид 6.355, Активни 267
Струмица 6.031, Активни 146
Кичево 4.207, Активни 97
Струга 3.888, Активни 61
Кочани 3.916, Активни 223
Гевгелија 2.745, Активни 164
Неготино 2.533, Активни 89
Свети Николе 2.085, Активни 70
Крива Паланка 1.839, Активни 143
Радовиш 1.694, Активни 75
Ресен 1.689, Активни 88
Дебар 1.454, Активен 1
Берово 1.373, Активни 83
Делчево 1.328, Активни 120
Виница 1.137, Активни 42
Пробиштип 1.102, Активни 45
Валандово 898, Активни 36
Кратово 745, Активни 71
Богданци 629, Активни 37
Демир Хисар 586, Активни 85
Крушево 574, Активни 23
Македонски Брод 485, Активни 6
Демир Капија 421, Активни 9
Македонска Каменица 395, Активни 57
Пехчево 342, Активни 12
Дојран 159, Активни 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

