Македонија
Нови 172 заболени со Ковид-19, починале девет луѓе
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.483 тестирања, а регистрирани се 172 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 107, Охрид – 11, Битола – 8, Кавадарци и Штип – по 6, Велес и Струга – по 5, Струмица – 4, Свети Николе и Кратово – по 3, Прилеп, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 2, Куманово, Кочани, Неготино, Ресен, Богданци и Демир Капија – по 1.
Регистриран e 381 оздравен пациент од: Скопје – 145, Битола – 42, Куманово – 30, Штип – 22, Кавадараци – 21, Велес – 20, Кочани – 18, Крива Паланка – 15, Прилеп – 12, Тетово – 10, Кичево и Берово – по 8, Свети Николе и Неготино – по 5, Кратово и Делчево – по 4, Охрид, Богданци и Радовиш – по 3, Пробиштип, Ресен и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61 г, 71 г, 72 г и 75 г) и по едно починато лице од Битола (65 г), Берово (63 г), Струга (85 г), Струмица (65 г) и Македонска Каменица (76 г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.
Направени се 1.483 тестови преку: ИЈЗ-37, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–133, Жан Митрев (Филип Втори)-53, Авицена-48, Биотек-100, Систина-46, лабораторија Лаор-0, Синлаб-5, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-157, ВФВ Медикал-22, Ели Медика-18, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 830.
Досега во земјата се направени вкупно 1.430.424 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.449, бројот на оздравени пациенти е 193.781, на починати е 7.337, а бројот на активни случаи изнесува 8.331.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 91523, активни 3810
Куманово 12638, активни 331
Тетово 11221, активни 211
Прилеп 9877, активни 441
Битола 8094, активни 621
Гостивар 8042, активни 48
Велес 7090, активни 350
Кавадарци 6659, активни 345
Штип 6425, активни 236
Охрид 6291, активни 238
Струмица 5979, активни 117
Кичево 4186, активни 98
Струга 3873, активни 57
Кочани 3817, активни 226
Гевгелија 2683, активни 149
Неготино 2492, активни 80
Свети Николе 2071, активни 75
Крива Паланка 1792, активни 158
Радовиш 1671, активни 76
Ресен 1656, активни 92
Дебар 1453, активни 3
Берово 1314, активни 46
Делчево 1273, активни 107
Виница 1124, активни 44
Пробиштип 1093, активни 64
Валандово 877, активни 22
Кратово 719, активни 70
Богданци 612, активни 27
Крушево 571, активни 24
Демир Хисар 556, активни 77
Македонски Брод 483, активни 5
Демир Капија 418, активни 9
Македонска Каменица 386, активни 54
Пехчево 334, активни 11
Дојран 156, активни 9
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени
Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Сите засегнати страни имаат можност да достават свои сугестии и предлози, кои ќе бидат разгледани согласно утврдената процедура.
Министерот за здравство Азир Алиу посочува дека процесот се води од принципите на транспарентност и отчетност.
„Се водиме од принципите на транспарентност и отчетност и сите конструктивни забелешки, мислења и сугестии ќе бидат земени во предвид во финалната верзија на новиот предлог закон за здравствена заштита. Од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања во делот на постапката за вработување здравствени работници и соработници во ЈЗУ, статусот на директорите на јавните здравствени установи, специјализациите и супспецијализациите, како и условите за пензионирање на здравствените работници и работа по пензионирањето, како и усогласување со други прописи“, појаснува Алиу.
Меѓу позначајните измени е воведување приоритетно вработување на најдобрите дипломирани доктори на медицина од медицинските факултети во државата. Доколку тие се пријават на оглас за вработување, нема да се спроведува постапка за селекција, туку ќе бидат приоритетно вработени во јавната здравствена установа.
Воедно, во постапката за вработување е предвидено составот на комисијата за селекција на кандидатите да го предлага стручниот колегиум на установата, посебно за секое огласено работно место. Согласно резултатите од постапката, директорот е должен да го вработи најдобро рангираниот кандидат.
Измените опфаќаат и нов пристап во планирањето на специјалистичките и супспецијалистичките кадри. Владата, покрај програмите за државни и кофинансирани специјализации, во иднина ќе носи и програма со која ќе се утврдува бројот на приватни специјализации и супспецијализации, во согласност со потребите за медицински кадар.
Дополнително, се зголемува старосната граница за ангажирање искусни доктори од специјалности и супспецијалности каде недостига кадар. На овие лица ќе им се овозможи, со договор, да бидат ангажирани во здравствени установи во мрежата од 67 до 70 години и истовремено да ја задржат пензијата. Ангажирањето ќе се врши со согласност од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, доколку нема други услови за обезбедување на одредена здравствена дејност или за непречено функционирање на услугите.
Македонија
(Видео) Кузеска: Парите што ги планираше за нов авион, Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска побара средствата што Владата ги планирала за набавка на нов авион да се пренаменат за зголемување на минималната плата на 600 евра за сите работници.
Кузеска изјави дека е време, како што рече, да се укине луксузот на власта и работниците да добијат достоинствени плати. Таа посочи дека нема повеќе оправдувања дека нема средства, наведувајќи дека имало пари за нов авион, мебел, уредување кабинети и службени возила.
Според неа, потребен е ребаланс на Буџетот со кој средствата би се пренамениле за плати. Таа оцени дека високите сметки и цените на храната ги довеле работничките семејства во тешка состојба.
Кузеска наведе дека над 200 илјади работници имаат плати под 30.000 денари, додека синдикалната минимална кошничка изнесува 66 илјади денари. Таа додаде дека минималната плата не ги покрива основните трошоци и дека трудот на работниците е потценет.
Македонија
(Видео) Судија бил разрешен во времето на СДСМ откако одбил да донесе мислење во случај поврзан со Јанкулоска, рече Манасиевски
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција изјави дека постои ново сведоштво за притисоци врз правосудството и политички прогон кон поранешни функционери на партијата.
Како што посочи Манасиевски, поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, во гостување на поткаст на социјална мрежа изјавил дека бил разрешен откако одбил да донесе позитивно мислење во одреден случај, за кој, според него, немало правна основа.
Според кажаното, станува збор за предмет поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Манасиевски наведе дека Катевеновски тврди оти во 2019 година го добил случајот од поранешното Специјално јавно обвинителство и дека не постоела правна можност за позитивно мислење.
По одложување на одлуката со цел консултација со колеги, како што беше посочено, Судскиот совет го разрешил Катевеновски веќе следниот ден. Тој, според Манасиевски, одговорноста за разрешувањето ја лоцирал кај тогашната влада предводена од СДСМ и ДУИ.
Манасиевски во обраќањето изјави дека се зголемува бројот на лица кои сведочат за притисоци врз правосудството и упати обвинувања кон поранешната влада, наведувајќи дека реформите ќе продолжат и дека ќе има одговорност.

