Македонија
Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 51, Куманово – 7, Дебар – 4, Штип – 1, Прилеп – 15, Тетово – 13, Струга – 4, Велес – 3, Битола – 6, Охрид – 5, Кавадарци – 5, Гостивар – 9, Гевгелија – 3, Струмица – 7, Крива Паланка – 4, Радовиш – 3, Кочани – 20, Пробиштип – 2, Македонски Брод – 1, Берово – 3, Валандово – 3, Виница – 4, Делчево – 5, Свети Николе – 3, Ресен – 2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти од: Скопје – 38, Куманово – 12, Штип – 5, Прилеп – 8, Тетово – 3, Струга – 4, Битола – 12, Кавадарци – 3, Гостивар – 2, Крива Паланка – 2, Кочани – 4, Пробиштип – 3, Пехчево -1, Берово – 2, Делчево – 1, Кичево – 2.
Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51 г.), од Дебар (68 г.), од Крива Паланка (58 г.), Радовиш (71 г.) и пациент од Кочани (66 г.). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.049, бројката на оздравени пациенти е 14186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2153. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6680, активни 598
• Куманово 1708, активни 188
• Дебар 280, активни 39
• Штип 1234, активни 53
• Прилеп 639, активни 127
• Тетово 1400, активни 178
• Струга 654, активни 64
• Велес 312, активни 38
• Битола 280, активни 58
• Охрид 414, активни 52
• Кавадарци 220, активни 35
• Гостивар 917, активни 107
• Гевгелија 110, активни 59 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 191, активни 122
• Крива Паланка 102, активни 29
• Радовиш 74, активни 23
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 286, активни 117
• Пробиштип 106, активни 19
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 92, активни 13
• Пехчево 42, активни 8
• Берово 87, активни 27
• Валандово 20, активни 11
• Виница 103, активни 29
• Делчево 150, активни 80 (31 лице од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 3
• Свети Николе 319, активни 20
• Кичево 313, активни 35
• Ресен 162, активни 14
• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1769 теста се преку: ИЈЗ – 603, ЦЈЗ Скопје – 52, Авицена – 334, Биотек – 121, МАНУ -129, Жан Митрев (Филип Втори) – 154, Систина со PCR метода – 127, лабораторија Лаор –56, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола – 45, Инфективна клиника – 6, ГАК – 12, Синлаб – 118, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 179.404 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на Ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 32 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 158, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 67
• Гази Баба – 74
• Аеродром – 86
• Карпош – 71
• Центар – 83
• Кисела Вода – 58
• Ѓорче Петров – 38
• Бутел – 33
• Шуто Оризари – 14
• Студеничани – 11
• Сарај – 13
• Арачиново – 9
• Илинден – 16
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 8
• Зелениково – 2
• Странец – 7
• Нераспределен-1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Студеничани и Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од село Осинчани, Ловиште Јасен, село Држилово, село Патишка Река, село Елово, село Малчиште, викендици Патишка Река, Сателитски центар Нова Брезница, Каменолом Вардар Градба, викендици Држилово, село Јаболци, село Црн Врв, Рудпроект, Карст Јаболци, Викенд Населба Јаболци и село Нова Брезница.(општинa Студеничани и Сопиште)
Македонија
Претпладне појава на слаба магла, во текот на денот сончево и тивко
Во утринските часови ќе има појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.

