Македонија
Нови 183 случаи на Ковид-19 во Македонија, починале шестмина
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-85, Куманово-6, Тетово-10, Прилеп-7, Гостивар-6, Штип-3, Битола-1, Велес-4, Охрид-10, Струмица-3, Кавадарци-13, Струга-5, Кочани-2, Кичево-1, Свети Николе-1, Гевгелија-6, Неготино-4, Дебар-1, Ресен-6, Радовиш-2, Делчево-1, Пробиштип-2, Богданци-2, Кратово-1, Дојран-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1731 оздравени пациенти од: Скопје-983, Куманово-57, Тетово-98, Прилеп-5, Гостивар-87, Штип-23, Битола-60, Велес-62, Охрид-25, Струмица-60, Кавадарци-36, Струга-21, Кочани-24, Кичево-28, Свети Николе-9, Гевгелија-18, Неготино-29, Дебар-6, Ресен-16, Крива Паланка-10, Радовиш-4, Берово-4, Делчево-10, Пробиштип-2, Виница-13, Валандово-7, Демир Хисар-5, Богданци-5, Македонска Каменица-12, Демир Капија-9, Пехчево-1 и Дојран-2.
Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје (90г), еден од Куманово (51г), еден од Прилеп (77г), еден од Гостивар (71г) и два пациенти од Охрид (72 и 45г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90654, бројката на оздравени пациенти е 78154, на починати е 2785, а бројот на активни случаи изнесува 9715. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 39426, активни 5461
• Куманово 5109, активни 392
• Тетово 5031, активни 382
• Прилеп 4522, активни 250
• Гостивар 3576, активни 228
• Штип 3474, активни 149
• Битола 3187, активни 165
• Велес 3010, активни 257
• Охрид 2721, активни 349
• Струмица 2506, активни 302
• Кавадарци 2466, активни 336
• Струга 2174, активни 141
• Кочани 1714, активни 96
• Кичево 1694, активни 130
• Свети Николе 1066, активни 38
• Гевгелија 970, активни 101
• Неготино 953, активни 121
• Дебар 741, активни 116
• Ресен 727, активни 109
• Крива Паланка 712, активни 56
• Радовиш 685, активни 46
• Берово 575, активни 47
• Делчево 558, активни 163
• Пробиштип 499, активни 42
• Виница 482, активни 32
• Валандово 325, активни 15
• Демир Хисар 242, активни 9
• Македонски Брод 240, активни 12
• Богданци 222, активни 32
• Кратово 214, активни 17
• Крушево 200, активни 38
• Македонска Каменица 190, активни 36
• Демир Капија 182, активни 29
• Пехчево 179, активни 12
• Дојран 82, активни 6
Направените 1466 теста се преку: ИЈЗ-394, ЦЈЗ Скопје-50, Авицена-175, Биотек-199, МАНУ -93, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Систина со PCR метода -173, лабораторија Лаор –194, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-56, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-17, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -41, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 442.600 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пакуван помфрит со поминат рок требало да се продава на македонскиот пазар, АХВ го спречи увозот и го уништи
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба, 23.05.2025 година. Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар.
-Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инсепктори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и издаденото решение со наредба за нештетно уништување, стои во соопштението на АХВ.
Оттаму додаваат и дека во рамки на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ заплени и нештетно уништи и 2.000 килограми небезбеден пилешки стек.
-Поради непочитување на процедурите на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, на операторот со храна изречена му е мерка времена забрана за работа и парична казна од 4.400 евра во денарска противвредност, наведуваат од Агенцијата.
Додаваат дека во раки на редовните и вонредните инспекциски контроли на официјалните ветеринари и инспекторите за храна, АХВ продолжува со спроведување на мерки за заштита на граѓаните од консумирање на небезбедна храна со тоа и за заштита на нивното здравје, и за заштита на здравјето и благосостојбата на животните.
Македонија
Поради одрон во прекин патот Крива Паланка – Деве Баир
Од 05:05ч. сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир е во прекин поради одрон.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Македонија
Побегна еден од осудените за автобуската несреќа со 16 жртви кај Ласкарци
Судот и полицијата уште трагаат по Ремзи Мифтари, осуден на 10 години затвор за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 луѓе, а 30-ина беа повредени. Мифтари требало да оди во затвор уште во мај, а гостиварскиот суд пред четири дена испратил барање до МВР и СВР Тетово за присилно приведување на издржување на затворска казна.
Од СВР Тетово велат дека пред четири дена ја добиле наредбата, но гостиварската полиција не успеала да го најде дома, ниту на други локации и во тек се активности за негово откривање. Претходно, за Мифтари била изготвена покана да се јави на издржување на казната во затворот во Идризово, но откако не се јавил во наведениот рок, затворот го известил надлежниот гостиварски суд, по што е покрената постапка за присилно приведување.
Откако Апелација му ја зголеми казната од шест на десет години затвор, Мифтари бараше нејзино одлагање со лекарско уверение за операција на кила на тестиси, но одлагањето на казната одамна му е истечено.
Ремзи Мифтари, одговорниот за превоз во „Дурмо турс“, и сопственикот на фирмата, Дурмиш Белули, се осудени на по 10 години затвор за трагедијата кај Ласкарци кога неисправен автобус полн со патници излета од патот. Загинаа 16 патници, а повеќе од 30 беа повредени.
Возачот Маноил Трифуновски беше осуден на 14 години затвор, а тројца вработени во техничкиот сервис на „Дурмо турс“ добија една петгодишна и две седумгодишни затворски казни.

