Македонија
Нови 19 лица заразени со коронавирус, починати нема
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.667 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на Ковид-19 од кои 8 во Скопје, 5 во Тетово, два во Куманово и по еден во Гостивар, Кочани, Гевгелија и Дебар.
Регистрирани сe 9 оздравени пациенти петмина од Тетово и четворица од Скопје.
Во изминатите 24 часа не се регистрирани починати пациенти.
Направените 3.667 тестови се преку ИЈЗ-93, ЦЈЗ Скопје-27, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–17, ЦЈЗ Куманово–29, Судска медицина-5, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–10, Жан Митрев (Филип Втори)-89, Авицена-189, Биотек-153, Систина-103, лабораторија Лаор-196, Синлаб-38, Ремедика-11, Плодност–40, Генеа–8, Никоб лаб-730, ВФВ Медикал-13, Ели Медика-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.804.
Досега во земјата се направени вкупно 927.182 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.901, бројката на оздравени пациенти е 150.168, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 246.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68743, Активни 88
Куманово 8890, Активни 13
Прилеп 8329, Активни 4
Тетово 7330, Активни 78
Битола 6310, Активни 4
Велес 5474, Активни 0
Гостивар 5195, Активни 14
Кавадарци 5155, Активни 2
Охрид 5023, Активни 13
Штип 4962, Активни 2
Струмица 4125, Активни 3
Струга 2985, Активни 4
Кочани 2793, Активни 1
Кичево 2602, Активни 13
Гевгелија 2196, Активни 1
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1525, Активни 1
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1162, Активни 1
Берово 1032, Активни 1
Делчево 973, Активни 0
Дебар 944, Активни 3
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 667, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

