Македонија
Нови 25 пациенти во ковид-центрите во Скопје, се лекуваат вкупно 263 лица
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 25 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 263 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.
Во последното деноноќие на интерните клиники имало 11 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 5 нови приеми на пациенти и 7 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.
„Во моментот на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија – 27 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 38 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во ГОБ ‘8 Септември’ има вкупно 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 86 пациенти, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 16 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид-позитивни пациентки“, стои во соопштението oд Министерството.
Додаваат дека од вкупната бројка на 263 пациенти што се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град голем дел е на кислородна поддршка.
„Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка“, велат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

