Македонија
Нови 307 заболени и 14 починати од коронавирус во Македонија
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.854 тестирања, а регистрирани се 307 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 137, Куманово – 17, Тетово – 13, Прилеп – 13, Гостивар – 10, Штип – 4, Битола – 7, Велес – 15, Охрид- 10, Струмица – 9, Кавадарци – 10, Струга – 3, Кичево – 8, Свети Николе – 1, Гевгелија – 6, Неготино – 1, Дебар – 11, Ресен – 5, Крива Паланка – 1, Радовиш – 4, Берово – 1, Делчево – 6, Пробиштип – 3, Виница – 2, Македонски Брод – 1, Богданци – 3, Кратово – 3, Крушево – 3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 658 оздравени пациенти од: Скопје – 444, Куманово – 13, Тетово – 9, Прилеп – 22, Гостивар – 11, Штип – 7, Велес – 11, Охрид – 46, Струмица – 7, Кавадарци – 19, Струга – 34, Кочани – 2, Свети Николе – 2, Гевгелија – 8, Неготино – 6, Радовиш – 3, Берово – 3, Делчево – 1, Пробиштип – 1, Виница – 1, Македонски Брод – 3, Крушево – 2, Демир Капија – 1, и Пехчево – 2.
Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (70, 78, 65, 75 и 80г.), еден од Прилеп (73г.), еден од Гостивар (71г.), од Штип (66г.), два пациенти од Охрид (75 и 78г.), еден од Кавадарци (52г.), еден од Кичево (63г.), еден од Свети Николе (57г.) и еден пациент од Гевгелија (80г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90 124, бројката на оздравени пациенти е 76 045, на починати е 2 768, а бројот на активни случаи изнесува 11 311. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 39161, активни 6.455
• Куманово 5079, активни 433
• Тетово 5007, активни 467
• Прилеп 4510, активни 259
• Гостивар 3562, активни 306
• Штип 3458, активни 162
• Битола 3185, активни 226
• Велес 2995, активни 311
• Охрид 2694, активни 349
• Струмица 2496, активни 362
• Кавадарци 2440, активни 355
• Струга 2165, активни 154
• Кочани 1704, активни 114
• Кичево 1689, активни 158
• Свети Николе 1063, активни 46
• Гевгелија 963, активни 114
• Неготино 949, активни 150
• Дебар 736, активни 117
• Ресен 720, активни 121
• Крива Паланка 709, активни 67
• Радовиш 683, активни 51
• Берово 572, активни 50
• Делчево 547, активни 162
• Пробиштип 492, активни 37
• Виница 481, активни 44
• Валандово 325, активни 23
• Демир Хисар 242, активни 14
• Македонски Брод 240, активни 12
• Богданци 217, активни 33
• Кратово 213, активни 17
• Крушево 199, активни 38
• Македонска Каменица 190, активни 48
• Демир Капија 180, активни 36
• Пехчево 177, активни 13
• Дојран 81, активни 7
Направените 1854 теста се преку: ИЈЗ-450, ЦЈЗ Скопје-46, Авицена-199, Биотек-193, МАНУ -79, Жан Митрев (Филип Втори)-87, Систина со PCR метода -144, лабораторија Лаор –63, Судска медицина-13, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-21, Ремедика-16, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -486, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 439.121 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Поплавени дворови и земјоделски површини, одрони на повеќе патни правци
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти најнови информации за последиците од обилните врнежи на територијата на Македонија – состојба заклучно со 09:00 часот.
Кочани и Штип
Кај Оризарска река во село Грдовци има излевање. Водостопанство Брегалница интервенира со багер гасеничар. Механизацијата е сѐ уште на терен. Од понеделник ќе започне чистење на речното корито на Оризарска река од Грдовци кон Оризари со цел да се спречат идни несакани последици.
Сообраќајот на патниот правец Кочани Грдовци е нормализиран.
На повеќе патни правци во источниот дел се појавуваат одрони и Македонијапат интервенира за нивно расчистување.
Битола
Во населбата Стрчин КЈП Нискоградба интервенира со механизација за расчистување на нанос од чакал и земја.
Во селото Кравари има заезерени земјоделски површини без опасност по објектите.
Во селата Жабени и Породин има поплавени земјоделски површини и ЈП Водостопанство интервенира на Жабјанска река.
Елешка река е излеана и има поплавени земјоделски површини.
Нивото на водата во реките е во опаѓање.
Ресен
Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка.
Нивото на Голема река е намалено од 2,20 метри на 1,40 метри.
Ангажирани се екипи од ЕЛС Ресен, Македонијапат и ЈКП Пролетер Ресен кои вршат обиколка и проценка на состојбата на терен. Состојбата е нормализирана.
Крушево
Поради поројните врнежи водата за пиење е заматена и се препорачува да се преврива најмалку 10 минути.
Нивото на Црна река кај село Бучин е покачено но водата на местата каде што беше излеана е повлечена.
Екипи од ЈП Комуна, ТППЕ Крушево, ЕЛС Крушево и надлежни служби интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки.
Демир Хисар
Локалниот пат кон село Мренога е затворен за сообраќај поради оштетување на мост на Боишка река. Надлежните служби ја обезбедуваат локацијата.
Прилеп
Во селото Лажани пријавена е штета кај еден жител поради поплавен двор и приземни простории и оштетување на тутунот.
Во селото Пешталево исто така имало поплавувања поради неисчистени канали.
Во двете села интервенираше градежна механизација за расчистување на каналите.
Тетово
Патот кон Бање Тетово е исчистен но СВР Тетово го има забрането сообраќајот од безбедносни причини.
Патот кон село Жерма и кон село Бродец е прооден.
Состојбата во село Стримница Општина Желино се следи континуирано од надлежните служби.
Македонија
Заладување и снег низ цела Македонија
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд и снег во пониските предели, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. Поради продор на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите на целата територија ќе преминат во снег.
Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови од земјата, каде снежната покривка на планините ќе се зголеми за околу 20 сантиметри, додека во останатите места се очекува снежна покривка од 5 до 10 сантиметри. Минималните температури ќе се движат од -3 до 3, а максималните од 3 до 8 степени Целзиусови.
Во Скопје, претпладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од минимални -2 до максимални 4 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, утре се очекуваат локални снежни врнежи и засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник. Од почетокот на следната седмица, утринските температури на одделни места ќе се спуштат и под -10 степени Целзиусови, додека дневните ќе останат под нулата.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.

