Македонија
Нови 393 заболени и четворица починати од Ковид-19 во земјава
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2464 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-189, Куманово-14, Дебар-2, Штип-13, Прилеп-19, Тетово-27, Струга-7, Велес-12, Битола-9, Охрид-5, Кавадарци-8, Гостивар-6, Гевгелија-15, Струмица-15, Крива Паланка-4, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-1, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-6, Ресен-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од: Скопје-34, Куманово-7, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-3, Велес-1, Битола-2, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-4, Радовиш—2, Пробиштип-2, Берово-5, Валандово-2, Свети Николе-2, Кичево-2.
Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (83г.), Куманово (62г.), Кичево (80г.) и Радовиш (54г.).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20555, бројката на оздравени пациенти е 16099, на починати е 785, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3671. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 8277, активни 1586
• Куманово 1868, активни 168
• Дебар 294, активни 36
• Штип 1340, активни 101
• Прилеп 792, активни 155
• Тетово 1577, активни 213
• Струга 715, активни 58
• Велес 369, активни 47
• Битола 376, активни 97
• Охрид 459, активни 46
• Кавадарци 271, активни 55
• Гостивар 972, активни 69
• Гевгелија 193, активни 91 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 29 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 408, активни 245
• Крива Паланка 146, активни 45
• Радовиш 132, активни 54
• Крушево 21, активни 2
• Кочани 488, активни 220
• Пробиштип 126, активни 19
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 97, активни 4
• Пехчево 48, активни 5
• Берово 142, активни 51
• Валандово 61, активни 44
• Виница 130, активни 40
• Делчево 183, активни 92 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 27, активни 3
• Свети Николе 396, активни 65
• Кичево 353, активни 33
• Ресен 168, активни 9
• Неготино 64, активни 16 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2464 теста се преку: ИЈЗ-737, ЦЈЗ Скопје-76, Авицена-562, Биотек-244, МАНУ -120, Жан Митрев (Филип Втори)-288, Систина со PCR метода -134, лабораторија Лаор –107, Судска медицина-8, ЦЈЗ Битола-80, Инфективна клиника-6, ГАК-16, Синлаб-86, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 206243 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 родители позитивни на ковид-19, а нема хоспитализирани суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 24, а во болницата во Штип се 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 200, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 83
• Гази Баба – 163
• Аеродром – 282
• Карпош – 276
• Центар – 288
• Кисела Вода – 178
• Ѓорче Петров – 129
• Бутел – 62
• Шуто Оризари – 14
• Студеничани – 3
• Сарај – 17
• Арачиново – 3
• Илинден – 33
• Сопиште – 8
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 7
• Зелениково – 4
• Странец – 14
• Нераспределен-18
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Словенија ги призна возачките дозволи oд Македонија
Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои им се овозможува на носителите на возачки дозволи издадени во Македонија, кои живеат во Словенија, да ја заменат својата возачка дозвола без да го полагаат практичниот дел од возачкиот испит.
Истите бенефиции важат и за лицата чии дозволи се издадени во БиХ, Србија, Црна Гора и Косово.
Според новите правила, секој што има регистрирано живеалиште во Словенија ќе може да ја замени својата возачка дозвола во рок од една година од аплицирањето. Практичниот дел од испитот нема да биде потребен, но ќе биде задолжително да се обезбеди доказ за ментална и физичка способност за возење.
Во име на предлагачот, Сандра Газинковски (Свобода) објасни дека овие измени не воведуваат никакви привилегии, туку ја отстрануваат непотребната нееднаквост.
„Тоа е административна пречка што ги забавува процедурите за вработување и им предизвикува на луѓето непотребни трошоци, чекање и дополнителни тестови“, изјави таа.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе се чисти секојдневно, скопјани заслужуваат убава, уредена и чиста метропола
Во рамки на тековните активности за уредување на јавните површини и подобрување на хигиената во градот, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја информира јавноста за интензивното чистење и одржување на кејот на реката Вардар.
„Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито. Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки – сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно станува дел од минатото.

Ова одржување ќе биде трајна практика. Кејот ќе се чисти секојдневно, бидејќи скопјани и сите гости на нашиот град заслужуваат убава, уредена и чиста метропола. Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај, онаков каков што му доликува“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Се зголемува бројот на напуштени кучиња со активен микрочип
Јавното претпријатие „Лајка“ предупредува на континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно утврдени сопственици. И покрај тоа, дел од сопствениците одбиваат да ги преземат своите миленици, што создава дополнителен притисок врз капацитетите на прифатилиштето.
Од претпријатието наведуваат дека девет кучиња заловени во последниот период имале сопственици кои свесно ги напуштиле. Секое од овие кучиња, велат од „Лајка“, претставува потенцијален извор на нови легла на улица, што го зголемува бројот на напуштени миленици и проблемите за заедницата.
Во соопштението се посочува дека напуштањето миленик претставува кршење на Законот за заштита и благосостојба на животните, но дека не постојат прекршочни мерки што би ги санкционирале сопствениците кои свесно ги оставаат чипираните кучиња да талкаат. Овој системски недостаток, додаваат од претпријатието, доведува до тоа ваквите животни да завршуваат во „Лајка“.
Од претпријатието истакнуваат дека секој сопственик има етичка обврска да се грижи за миленикот и, доколку повеќе не може, да побара помош, да најде нов дом или да контактира прифатилиште, но не и да го остави кучето на улица.
ЈП „Лајка“ нагласува дека ќе продолжи да постапува во рамките на своите надлежности, но дека ситуацијата со напуштени чипирани миленици покажува колку е потребно подобрување на системските решенија и јакнење на свеста за одговорно сопствеништво.

