Македонија
Нови 410 заразени со Ковид-19, починале 11 луѓе
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања, а регистрирани се 410 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 185, Битола – 31, Прилеп – 22, Охрид и Струмица – по 15, Велес, Кавадарци и Штип – по 14, Куманово – 13, Тетово и Кочани – по 10, Делчево – 8, Крива Паланка и Пробиштип – по 6, Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 5, Берово, Кратово и Крушево – по 4, Неготино – 3, Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Виница, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Струга, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 290 оздравени пациенти од: Скопје – 156, Битола – 26, Куманово – 14, Кавадарци – 10, Прилеп и Охрид – по 9, Струмица и Штип – по 8, Неготино – 6, Гевгелија и Македонска Каменица – по 5, Делчево – 4, Тетово, Кратово, Свети Николе и Ресен – по 3, Велес, Радовиш, Виница, Македонски Брод, Гостивар и Богданци – по 2, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Берово, Пехчево и Кичево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 6 починати лица од Скопје (62 г, 69 г, 70г, 75 г, 80 г и 94 г), и по едно починато лице од Прилеп (88), Охрид (58 г), Велес (57 г), и Тетово (50 г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 27.11.2021. Починатото лице е од Гостивар, на возраст од 68г, невакцинирано и починато во болнички услови.
Направени се 2.674 тестови преку: ИЈЗ-346, ЦЈЗ Скопје-75, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-30, ЦЈЗ Тетово–6, ЦЈЗ Куманово-47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–182, Жан Митрев (Филип Втори)-70, Авицена-120, Биотек-132, Систина-52, лабораторија Лаор-105, Синлаб-18, Ремедика-16, Плодност–27, Генеа-7, Никоб лаб-186, ВФВ Медикал-34, Ели Медика-31, Ројал Медика–17, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.080.
Досега во земјата се направени вкупно 1.474.094 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.995, бројот на оздравени пациенти е 200.293, на починати е 7.592, а бројот на активни случаи изнесува 8.110.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 94473, Активни 3820
Куманово 12883, Активни 240
Тетово 11329, Активни 156
Прилеп 10232, Активни 435
Битола 8685, Активни 628
Гостивар 8061, Активни 28
Велес 7300, Активни 337
Кавадарци 6970, Активни 309
Штип 6578, Активни 164
Охрид 6459, Активни 289
Струмица 6106, Активни 155
Кичево 4222, Активни 77
Кочани 3999, Активни 182
Струга 3904, Активни 66
Гевгелија 2794, Активни 125
Неготино 2560, Активни 55
Свети Николе 2115, Активни 80
Крива Паланка 1890, Активни 140
Ресен 1738, Активни 96
Радовиш 1725, Активни 66
Дебар 1456, Активни 2
Берово 1446, Активни 97
Делчево 1399, Активни 139
Виница 1156, Активни 43
Пробиштип 1116, Активни 28
Валандово 935, Активни 59
Кратово 769, Активни 46
Богданци 644, Активни 36
Демир Хисар 614, Активни 78
Крушево 588, Активни 34
Македонски Брод 495, Активни 12
Демир Капија 424, Активни 7
Македонска Каменица 416, Активни 66
Пехчево 350, Активни 11
Дојран 164, Активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Го разбираме револтот и незадоволството: СДСМ го поддржува протестот и барањата на работниците
СДСМ го поддржува протестот на работниците и Сојузот на синдикатите во борбата за достоинствени плати и зголемување на минималната плата, соопштуваат од оваа партија.
„Го разбираме револтот и незадоволството кај работниците и целосно ги поддржуваме нивните барања, за зголемување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на платите за 100 евра во останатите сектори.
Граѓаните, работниците живеат тешко, инфлацијата и покачените цени го јадат стандардот на работниците, сиромаштијата расте а платите стојат во место.
Владата на Мицкоски нема пари за зголемување на минималната плата, пари има само за тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините за друга фирма, 9 милиони евра за тендери со двајца вработени, 1,2 милиони евра за тендери преку Пошта“.
За време на владеењето на СДСМ, додаваат од опозициската партија, парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.
И како опозиција, напоменуваат, СДСМ стои зад работниците.
„СДСМ предлагаше Закон за покачување на минималната плата но власта го одби. Поднесовме законски решенија и амандмани во Собранието за покачување на платите во различни сектори, но власта и тоа го одби.
Обврска на владата е да обезбеди покачување на минималната плата наместо да увезува „економски работници“ а да извезува квалификувани кадри надвор од земјата“.
Македонија
МНР со реакција до Бугарија: Македонија останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности, Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации
Македонското Министерство за надворешни работи реагира на денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.
„Изразуваме жалење што оваа институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог. Воедно, јасно нагласуваме дека ниту имаме намера, ниту потреба да бидеме дел од внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија – ниту преку коментари, интерпретации, ниту преку вклучување во дневнополитички наративи“, се истакнува во соопштението од МНР.
Од таму со повик до бугарските институции да се водат од, како што е наведено, принципите на добрососедство, взаемна почит, предвидливост и институционална комуникација – принципи кои воедно претставуваат темелни европски вредности и стандарди.
„Затоа што Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации.
Република Северна Македонија и понатаму останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности“.
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата
Поради протест на возачите на камиони блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

