Македонија
Нови 411 заразени со ковид, нема починати
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.153 тестови, а регистрирани се нови 411 случаи на Ковид-19: Скопје – 208, Битола – 33, Куманово – 26, Прилеп – 21, Велес – 16, Струмица – 14, Кавадарци и Штип – по 13, Гостивар – 11, Тетово – 10, Кичево – 8, Кочани – 7, Неготино – 5, Струга – 4, Крива Паланка и Валандово – по 3, Ресен, Радовиш, Делчево и Демир Хисар – по 2, Охрид, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Богданци, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (411), регистрирани се 88 реинфекции.
Регистрирани сe 210 оздравени пациенти од: Скопје – 119, Битола- 16, Куманово – 15, Кавадарци – 11, Прилеп – 9, Тетово – 7, Велес и Охрид – по 6, Кочани – 5, Струмица и Гостивар – по 4, Неготино и Струга – по 2, Валандово, Гевгелија, Свети Николе и Пробиштип – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.153 тестови преку: ИЈЗ-185, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-38, ЦЈЗ Прилеп-24, ЦЈЗ Тетово-32, ЦЈЗ Куманово-41, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–111, Жан Митрев (Филип Втори)-20, Авицена-39, Биотек-41, Систина-22, лабораторија Лаор-9, Синлаб-3, Ремедика-13, Плодност-22, Генеа-6, Никоб Лаб-68, ВФВ Медикал-6, Ели МедикаПлус-6, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-17, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 407.
Досега во земјата се направени вкупно 2.092.345 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на кобид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 317.140, бројот на оздравени пациенти е 305.712, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 2.091
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 149998, Активни 1135
Куманово 16922, Активни 114
Битола 16003, Активни 133
Прилеп 14367, Активни 72
Тетово 13623, Активни 70
Кавадарци 10863, Активни 77
Велес 9946, Активни 75
Гостивар 9686, Активни 41
Охрид 9124, Активни 77
Штип 8191, Активни 59
Струмица 8165, Активни 45
Кичево 5692, Активни 18
Кочани 5161, Активни 30
Струга 4763, Активни 14
Гевгелија 4448, Активни 15
Неготино 3736, Активни 17
Ресен 2769, Активни 9
Свети Николе 2647, Активни 4
Радовиш 2553, Активни 20
Крива Паланка 2433, Активни 11
Делчево 2002, Активни 10
Берово 1695, Активни 2
Дебар 1686, Активни 2
Валандово 1500, Активни 11
Виница 1399, Активни 1
Пробиштип 1281, Активни 7
Богданци 1031, Активни 6
Кратово 976, Активни 7
Крушево 933, Активни 0
Демир Хисар 841, Активни 4
Македонски Брод 745, Активни 2
Демир Капија 596, Активни 1
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 354, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.

