Македонија
Нови 429 ковид-позитивни, починаа пет лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.284 тестови, а регистрирани се нови 429 случаи на Ковид-19: Скопје – 171, Охрид – 28, Битола – 27, Куманово -19, Прилеп, Кавадарци, Велес и Гевгелија – по 17, Штип, Делчево и Берово – по 13, Тетово и Кочани – по 12, Радовиш – 7, Неготино – 6, Струмица, Кичево, Крива Паланка, Дебар и Демир Хисар – по 4, Гостивар, Струга, Валандово и Кратово – по 3, Ресен и Виница – по 2, Свети Николе, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1
Од вкупниот број на позитивни (429), регистрирани се 95 реинфекции.
Регистрирани сe 572 оздравени пациенти од: Скопје – 169, Охрид – 125, Струга – 37, Битола -28, Куманово – 26, Кавадарци и Велес – по 21, Прилеп – 19, Дебар – 14, Радовиш – 12, Кочани – 11, Струмица – 10, Штип и Гостивар – по 9, Неготино и Свети Николе – по 8, Гевгелија, Тетово и Кичево – по 7, Берово – 5, Кратово – 3, Крива Паланка, Демир Хисар, Валандово, Виница, Пехчево и Богданци – по 2, Ресен, Македонски Брод, Пробиштип и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (70г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин регистрирани се 4 починати лица, од Скопје (73г), Битола (82г), Струмица (82г) и Охрид (49г). Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 13.08. до 18.08.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.144.544 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338.549, бројот на оздравени пациенти е 326.217, на починати е 9.455, а бројот на активни случаи изнесува 2.877.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар
Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар.
„Денес презентираме конкретни проекти кои имаат за цел да го трансформираат Гостивар во функционален, зелен и отворен град за сите, каде модерната инфраструктура коегзистира со рекреативни и културни простори. Подземниот паркинг во близина на Општината е еден од клучните проекти што има за цел решавање на овие проблеми. Во центарот на градот планираме изградба на модерен подземен паркинг со 126 паркинг-места, опремен со современа безбедносна технологија и брз пристап до јавните институции, трговските и културните објекти. Оваа инвестиција ќе ги ослободи јавните простори од хаосот на автомобилите, ќе ја намали загаденоста и бучавата и ќе го направи центарот на градот почист и поорганизиран“, рече Лимани.
Тој кажа дека трансформацијата на центарот на градот е следниот чекор кон модерен Гостивар.
„Центарот ќе премине од преоптоварен простор во место на гордост за секој граѓанин. Проектот предвидува изградба на подземен премин за возила и пешаци, како и подземен паркинг со 219 паркинг-места во срцето на градот. Површината над земја ќе се трансформира во модерна јавна платформа, со зелени површини, детски игралишта, рекреативни зони и културни простори за концерти, изложби и различни настани“, рече Лимани.
Друг значаен проект, додаде Лимани, е Рекреативниот езерец и Павилјонот во Градскиот парк на Гостивар.
Според него, овој проект додава нов природен и релаксирачки елемент, со интервенција на само околу 10% од површината на паркот, во зоната помеѓу Градскиот стадион, реката Вардар и постојните патеки.
„Главните елементи вклучуваат: -рекреативен езерец од 2.200 м², со длабочина до 1,5 метри; -дрвен мост од 245 м²; -простор со чакал од 900 м². Овој езерец придонесува за зачувување на биодиверзитетот преку создавање природно живеалиште, додека павилјонот и дрвениот мост нудат простори за одмор, прошетки и социјална интеракција. Областа околу стадионот ќе се оживее и ќе се претвори во урбана референтна точка со висок рекреативен и туристички потенцијал за Гостивар“, рече Лимани.
Македонија
Ѓорѓиевски подготвуваше оброци за народните кујни на Скопската епархија, ги повика сите кои можат да се приклучат
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се приклучи во подготовката на оброци за народните кујни на Скопската Епархија, во рамки на хуманитарната организација „Св. Спас“ од Драчево.
„Заедно со отец Оливер од хуманитарната организација „Св. Спас“ од Драчево, подготвивме повеќе од 200 оброци кои ќе бидат распределени во пунктовите на народните кујни на Скопската Епархија. Мал гест, но со силна порака дека човечноста живее и дека добрината не згаснува. Свесни сме дека не можеме да помогнеме насекаде и на сите. Но можеме да дадеме сè од себе за оние на кои им е најпотребно, за нашите сограѓани да знаат дека не се сами. И токму тоа го правиме со срце, со искреност и со вера. Со отец Оливер, човек кого е благослов да го имаш покрај себе и кој секојдневно сведочи дела достојни за длабока почит, сме заедно уште од самото формирање на организацијата. Зад нас стојат бројни хумани дела, а пред нас уште многу можности да правиме добро. Така ќе продолжиме и понатаму. Затоа што само преку добри дела, без разлика на политичка, верска, етничка или каква било припадност, можеме да создадеме насмевки и да внесеме светлина таму каде што таа недостига. Ги повикувам сите кои можат, кои имаат и кои во срцето носат желба да помогнат, да се приклучат на оваа благородна мисија“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.
Македонија
Забрана за сообраќај за автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка
Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 09:25 часот се воведува забрана за сообраќај за автобуси, извести АМСМ.
За леки коли е задолжителна зимска опрема (синџири), додаваат од АМСМ.

