Македонија
Тупанчески: Ќе предложам да се формира меѓуресорска група која ќе дава мислење за историските личности
Министерот за правда Никола Тупанчески соопшти дека на денешната седница на Влада ќе предложи да се формира меѓуресорска група како преодно решение која ќе дава мислење за историските личности во процесот на регистрација на здруженијата.
„Она што во меѓувреме би требало да се направи, според мене како министер за правда, е да се превенира во однос на спречувањето на состојбите. Тоа значи дека денеска ќе се обидам и на седница на Влада да предложам решение – бајпасирање на состојбите до донесувањето на нов Закон за здруженија и фондации. Мојот предлог би бил да се формиа ад хок тело, меѓуресорско, експертско, кое ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на кој што ќе се формираат или ќе дадат мислење за давање согласност” – рече Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја корисници од село Долно Лисиче
Без струја од 08:30 до 15 часот ќе бидат корисници од село Долно Лисиче (објекти на патот кон Драчево и ул.„10“), најави Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје.
Прекинот е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.
Македонија
Времето променливо облачно со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Попладне претежно во западните и југоисточните делови од земјата ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Македонија
Пендаровски ја напушти Вила Водно, им се заблагодари на граѓаните и соработниците
Експретседателот на државата, Стево Пендаровски, чијшто мандат заврши денес, преку социјалните мрежи упати благодарност до граѓаните и своите соработници.
„Благодарност до сите граѓани за укажаната доверба и на сите соработници со кои заеднички работевме во изминатите пет години“, напиша Пендаровски.
Претходно тој во Вила Водно ја пречека новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова, пришто свечено и’ ја предаде функцијата, а и’ ja честита и победата.
Пендаровски беше петтиот претседател од осамостојувањето на државата, а функцијата ја презеде во 2019 година од дотогашниот претседател, Ѓорге Иванов.
По престанокот на функцијата, на секој претседател му следат низа на доживотни бенефиции. Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство по престанок на функцијата, претседателот има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на државата, има право на канцелариски простор и најмногу три соработници. Има и право на лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач.
Пендаровски неодамна изјави дека по завршувањето на мандатот нема да бара претседателска пензија, ниту пак средства за отворање на канцеларија, туку ќе се врати на работното место професор.