Македонија
Нови 46 починати и 433 заразени со коронавирус
Во последните 24 часа се направени 2.453 тестирања, а регистрирани се 433 нови случаи на Ковид-19 во:
Скопје – 174, Куманово – 39, Битола – 34, Охрид – 24, Струга и Кичево – по 16, Прилеп, Велес и Струмица – по 15, Штип – 11, Тетово и Кочани – по 9, Гевгелија и Виница – по 8, Кавадарци – 7, Гостивар – 6, Неготино – 5, Свети Николе – 4, Делчево и Крушево – по 3, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка и Ресен – по 1.
Регистрирани се 641 оздравен пациент од: Скопје – 298, Битола – 59, Прилеп – 46, Струмица – 44, Кавадарци – 23, Штип – 21, Кочани – 20, Тетово и Гостивар – по 19, Охрид – 13, Кичево – 11, Неготино – 10, Ресен – 9, Радовиш – 8, Крива Паланка – 7, Виница – 6, Велес и Валандово – по 5, Струга – 4, Куманово и Делчево – по 3, Берово и Пробиштип – по 2, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 46 починати лица: 15 од Скопје (54г, 54г , 54г, 55г, 64г, 66г, 69г, 69г, 71г, 71г, 72г, 75г, 76г, 80г и 82г), по 3 лица од Битола (63г, 66г и 73г), Штип (55г, 71г и 77г), Кочани (57г, 82г и 82г) и Велес (65г, 66г и 81г), по 2 лица од Прилеп (66г и 85г), Струмица (78г и 79г), Гостивар (59г и 72г), Неготино (79г и 86г) и Куманово (59г и 92г), и по едно починато лице од Кавадарци (80г), Тетово (77г), Охрид (69г), Ресен (93г), Радовиш (56г), Берово (55г), Демир Хисар (70г), Македонски Брод (73г) и Гевгелија (69г). Еден пациент е починат во домашни услови, а останатите 45 се починати во болнички услови.
Направени се 2.453 тестови преку: ИЈЗ-377, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 11, лабораторија болница Козле – 10, УК Пулмологија со алергологија – 9, ГОБ 8-ми Септември – 8, Институт за микробиологија – 75, МАНУ – 85, Жан Митрев (Филип Втори) – 166, Авицена -264, Биотек – 250, Систина – 161, лабораторија Лаор – 101, Синлаб – 44, Ремедика – 29, Плодност – 29, Генеа – 13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 669.
Досега во земјата се направени вкупно 718.626 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.002, бројката на оздравени пациенти е 132.171, на починати е 4.818, а бројот на активни случаи изнесува 15.013.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 67145, активни 6743
Куманово 8500, активни 1104
Прилеп 8157, активни 691
Тетово 7083, активни 553
Битола 6129, активни 974
Велес 5387, активни 551
Гостивар 5112, активни 372
Кавадарци 5097, активни 353
Штип 4882, активни 384
Охрид 4898, активни 467
Струмица 3990, активни 503
Струга 2936, активни 158
Кочани 2718, активни 253
Кичево 2461, активни 267
Гевгелија 2176, активни 260
Неготино 2152, активни 178
Свети Николе 1479, активни 116
Крива Паланка 1206, активни 58
Ресен 1203, активни 191
Радовиш 1086, активни 99
Берово 1012, активни 62
Делчево 950, активни 89
Дебар 928, активни 39
Виница 808, активни 120
Пробиштип 771, активни 32
Валандово 660, активни 67
Богданци 488, активни 63
Крушево 479, активни 99
Демир Капија 394, активни 25
Демир Хисар 387, активни 67
Кратово 352, активни 9
Македонски Брод 354, активни 22
Пехчево 261, активни 21
Македонска Каменица 229, активни 13
Дојран 132, активни 10
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше на можност за самоубиство од страна на малолетен корисник.
Полицијата веднаш ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето, кое за кратко време беше пронајдено. Малолетникот е во добра состојба, а родителите се известени и запознаени со понатамошните чекори за негово ментално здравје.
Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите треба редовно да комуницираат со своите деца, да се интересираат за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат веднаш при забележување загрижувачки објави или несвојствено однесување – апелираат од Секторот за компјутерски криминал.
Апел е упатен и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на платформата или да известат родител, наставник или најблиска полициска станица.
-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор, велат од МВР.
Македонија
Почна седницата на Советот за безбедност во Вила Водно
Почна седницата на Советот за безбедност што ја закажа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на која на дневен ред е безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а на седницата присуствуваат членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.
Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.
Начинот на работа на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, начинот на остварување на правата и исполнувањето на должностите на членовите на Советот, свикување и одржување на седниците, спроведувањето на заземените ставови, поведените иницијативи и дадените мислења и предлози, информирањето за својата работа, како и други прашања во врска со организирањето и начинот на работа на Советот, се определени со Деловник за работа на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.
Седниците на Советот се затворени. Во одредени случаи седниците можат да бидат и јавни за што одлучува претседателот на Советот.
Македонија
Муцунски разговарал со шеикот Бин Зајед и дал целосната поддршка кон Обединетите Арапски Емирати
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска телефонски се слушнал со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.
Муцунски ја истакнал целосната поддршка кон Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и изразил сочувство за жртвите од нападите.
„Министерот остро ги осуди нападите извршени од Иран врз Обединетите Арапски Емирати, оценувајќи ги како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет. Тој нагласи дека во услови на зголемени регионални тензии, неопходни се воздржаност, одговорност и дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на стабилноста и мирот во регионот“, се вели во соопштението на МНР.

