Македонија
Нови 53 позитивни на коронавирус, едно лице починало

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 546 теста, а регистрирани се 53 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 22, Охрид – 5, Прилеп и Кавадарци – по 4, Битола и Велес – по 3, Тетово, Штип и Ресен – по 2, Куманово, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка и Кратово – 1.
Од вкупниот број позитивни (53), регистрирани се 16 реинфекции.
Регистрирани сe 103 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 75, Кавадарци – 5, Битола, Велес и Штип – по 4, Ресен – 3, Прилеп и Кратово – по 2, Куманово, Тетово, Кочани и Радовиш – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ регистрирано е едно починато лице од Скопје (82) во болнички услови. Пријавеното лице е починато на 10.9.2022.
Досега во земјата бројот на починати е 9.527, а бројот на активни случаи изнесува 570.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од населбата Драчево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе остане дел од населбата Драчево.
Од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Маркова Река во населба Драчево, општина Кисела Вода, ќе останат без струја.
Македонија
Сончево и ветровито време, температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Во следните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.