Македонија
Нови 639 заболени и шестмина починати од ковид
Во последните 24 часа се направени 5.390 тестирање, а регистрирани се 639 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 218, Тетово – 113, Гостивар – 99, Струмица – 37, Куманово – 34, Кичево – 32, Битола – 17, Струга – 16, Дебар – 9, Велес и Охрид – по 8, Прилеп ,Кавадарци и Берово – по 6, Штип ,Ресен и Македонски Брод – по 5, Валандово – 4, Кочани – 3, Радовиш и Делчево – по 2, Неготино,Крива Паланка, Виница и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 22 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Куманово – 5, Тетово – 4, Гостивар – 2, Струмица, Битола и Кочани – по 1.
Пријавени се 6 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (75г и 76г) и Тетово (53 г и 77г), по едно починато лице од Гостивар (58г) и Битола (79г). Сите починати лица се починати во болнички услови.
Направени се 5.390 тестови преку: ИЈЗ-197, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-102, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово–99, ЦЈЗ Куманово–88, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 4, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-149, Авицена-295, Биотек-248, Систина-102, лабораторија Лаор-584, Синлаб-89, Ремедика-10, Плодност–32, Генеа – 7, Никоб лаб-917, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-36, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.261.
Досега во земјата се направени вкупно 1.039.272 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.908 бројката на оздравени пациенти е 150.635, на починати е 5.527, а бројот на активни случаи изнесува 3.746.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 70093, Активни 1257
Куманово 9148, Активни 222
Прилеп 8365, Активни 34
Тетово 8242, Активни 864
Битола 6412, Активни 90
Велес 5506, Активни 29
Гостивар 5683, Активни 467
Кавадарци 5195, Активни 37
Охрид 5096, Активни 75
Штип 4988, Активни 23
Струмица 4257, Активни 124
Струга 3066, Активни 83
Кочани 2826, Активни 29
Кичево 2803, Активни 193
Гевгелија 2199, Активни 2
Неготино 2185, Активни 1
Свети Николе 1536, Активни 9
Ресен 1247, Активни 13
Крива Паланка 1230, Активни 3
Радовиш 1185, Активни 21
Берово 1059, Активни 24
Делчево 979, Активни 5
Дебар 1035, Активни 81
Виница 899, Активни 13
Пробиштип 791, Активни 2
Валандово 685, Активни 15
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 399, Активни 3
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 377, Активни 18
Пехчево 279, Активни 8
Македонска Каменица 250, Активни 1
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес во 12 затворени улици во Скопје, ќе се протестира против Усје
Во централното подрачје на Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, закажан во 12 часот.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, маршот почнува пред Владата на булевар „Илинден“, десно по булевар „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улица „11 Октомври“ до пред Собрание и лево по улица „Филип Втори Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
– Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, се наведува во соопштението.
Македонија
Прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од седум до 11 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има утре кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.

