Македонија
Нови 640 заболени и 12 починати од Ковид-19 во земјата
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-272, Куманово-43, Дебар-5, Штип-17, Прилеп-41, Тетово-41, Струга-4, Велес-11, Битола-10, Охрид-24, Кавадарци-41, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-24, Крива Паланка-2, Радовиш-9, Кочани-20, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-4, Делчево-3, Свети Николе-7, Кичево-17, Ресен-4, Неготино-10.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-71, Куманово-5 Дебар-1, Штип-7, Тетово-10, Струга-4, Велес-2, Битола-3, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-9, Радовиш-1, Кочани-6, Берово-3, Валандово-3, Свети Николе-2, Кичево-1, Неготино-2.
Починати се 12 лица, двајца пациенти од Велес (79 и 89), седум пациенти од Скопје (63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64), еден пациент од Прилеп (73), еден од Штип (72) и еден пациент од Струмица (85). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25.473, бројката на оздравени пациенти е 18.047, на починати е 874, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 6.552. Од вчера се евидентираат три контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 10.762, активни 3174
• Куманово 2.067, активни 290
• Дебар 315, активни 53
• Штип 1.503, активни 181
• Прилеп 1.014, активни 278
• Тетово 1.827, активни 345
• Струга 762, активни 77
• Велес 469, активни 120
• Битола 500, активни 159
• Охрид 567, активни 137
• Кавадарци 394, активни 141
• Гостивар 1.065, активни 118
• Гевгелија 298, активни 159 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 44 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 654, активни 383
• Крива Паланка 195, активни 69
• Радовиш 193, активни 80
• Крушево 21, активни 1
• Кочани 603, активни 195
• Пробиштип 146, активни 18
• Демир Хисар 71, активни 10
• Македонски Брод 98, активни 4
• Пехчево 57, активни 11
• Берово 177, активни 45
• Валандово 89, активни 46
• Виница 158, активни 55
• Делчево 218, активни 121 (45 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 34, активни 8
• Свети Николе 437, активни 64
• Кичево 459, активни 112
• Ресен 214, активни 50
• Неготино 106, активни 48 (16 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.634 теста се преку: ИЈЗ – 758, ЦЈЗ Скопје – 114, „Авицена“ – 562, „Биотек“ – 235, МАНУ – 193, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 288, „Систина“ со PCR-метода – 161, лабораторија „Лаор“ – 64, Судска медицина – 51, ЦЈЗ Битола – 115, Инфективна клиника – 10, ГАК – 7, „Синлаб“ – 76, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 229.246 тестирања на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 20 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 115 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 деца и 5 мајки позитивни на Ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 43, а во болницата во Штип – 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и во Кавадарци хоспитализирани се 262 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 151
• Гази Баба – 379
• Аеродром – 631
• Карпош – 511
• Центар – 484
• Кисела Вода – 366
• Ѓорче Петров – 255
• Бутел – 127
• Шуто Оризари – 19
• Студеничани – 6
• Сарај – 21
• Арачиново – 10
• Илинден – 51
• Сопиште – 26
• Чучер Сандево – 12
• Петровец –20
• Зелениково – 8
• Странец – 16
• Нераспределен – 81
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Бутел започна изградба на 40 пешачки и пристапни патеки во Скопје Север
Општина Бутел денеска (23 февруари 2026) започна активности за изградба на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во населбата Скопје Север.
Градежните работи опфаќаат реконструкција на пристапните влезови до станбените објекти на улиците „Боро Менков“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“ и „Костурска“.
Од општината информираат дека новите пешачки патеки ќе го олеснат движењето на граѓаните и ќе придонесат за спречување на поплавување на влезовите на зградите.
Реализацијата на проектот, како што наведуваат, претставува исполнување на предизборните ветувања на градоначалникот за еднаков и рамномерен развој на сите населени места во општината.
Македонија
Ангелов на работен состанок во Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации
На барање на директорот Стојанче Ангелов на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), денеска беше одржан работен состанок во Министерство за правда, посветен на најавените измени на Законот за здруженија и фондации, што директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во Македонија.
На состанокот беа разгледани можните правни импликации од предложените измени, со посебен акцент на правниот статус и функционирањето на доброволните противпожарни друштва (ДПД), нивната улога во системот за заштита и спасување и на потребата од усогласување на законската рамка со реалните теренски потреби и со европските практики.
Притоа, Ангелов, заедно со тим од ДЗС и од претставници на ДПД, ја истакна важноста од заштита, унапредување и институционално препознавање на доброволниот сектор, како клучен партнер во справувањето со кризи, пожари и природни непогоди. Соработката помеѓу институциите и доброволниот сектор е еден од темелите за ефикасен и функционален систем за заштита и спасување во Македонија.
Македонија
Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово
Во неколку училишта во Скопје и во Тетово денеска биле примени дојави за поставени експлозивни направи, но по извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни пријави.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по добивањето на пријавите биле преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници.
„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштија од МВР.
Во Тетово дојавите ги опфатиле средните училишта СОУ „Никола Штејн“, СОУ Гимназија „7 Март“, СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ и СОУ „8 Септември“.
Кај основните училишта биле опфатени ООУ „Истикбал“, ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Братство-Мигени“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Беса“ и ООУ „Прпарими“.
Надлежните институции продолжуваат со преземање мерки за расчистување на случајот.

