Македонија
Нови 72 случаи на коронавирус, нема починати лица
Во последните 24 часа направени се 772 тестови, а регистрирани се 72 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 40, Охрид – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кавадарци, Струмица и Кичево – по 3, Битола – 2, Прилеп, Велес, Гостивар и Кочани – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (72), регистрирани се 8 реинфекции.
Регистрирани сe 35 оздравени пациенти од: Скопје – 25, Тетово и Кочани – по 2, Куманово, Кавадарци, Кичево, Битола, Крива Паланка и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје на 75-годишна возраст. Двете лица се починати во болнички услови. Лицата се починати во период од 05.06. до 09.06.2022 година.
Направени се 772 тестови преку: ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-17, ЦЈЗ Прилеп-3, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-15, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–73, Жан Митрев (Филип Втори)-20, Авицена-16, Биотек-17, Систина-31, лабораторија Лаор-9, Синлаб-8, Ремедика-9, Плодност-10, Генеа-4, Никоб Лаб-31, ВФВ Медикал-4, Ели МедикаПлус-9, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 337.
Досега во земјата се направени вкупно 2.070.199 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.879, бројот на оздравени пациенти е 303.163, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 394.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 147580, Активни 284
Куманово 16689, Активни 7
Битола 15734, Активни 24
Прилеп 14226, Активни 6
Тетово 13496, Активни 11
Кавадарци 10704, Активни 8
Велес 9802, Активни 2
Гостивар 9615, Активни 4
Охрид 8952, Активни 15
Штип 8086, Активни 5
Струмица 8083, Активни 6
Кичево 5657, Активни 4
Кочани 5103, Активни 4
Струга 4730, Активни 2
Гевгелија 4426, Активни 2
Неготино 3700, Активни 2
Ресен 2753, Активни 1
Свети Николе 2637, Активни 1
Радовиш 2531, Активни 0
Крива Паланка 2419, Активни 0
Делчево 1986, Активни 0
Берово 1693, Активни 1
Дебар 1681, Активни 2
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1395, Активни 0
Пробиштип 1268, Активни 1
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 966, Активни 0
Крушево 930, Активни 0
Демир Хисар 836, Активни 0
Македонски Брод 741, Активни 2
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сали-Варнс: нагласена посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс.
На средбата беше истакната важноста на стратешкото партнерство меѓу земјата и Соединетите Американски Држави, како и континуираната американска поддршка за демократските и развојните процеси.
Соговорниците разговараа за клучната улога на регионалната стабилност како предуслов за мир и одржлив развој.
Сали ја нагласи посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем, оценувајќи ги овие чекори како суштински за зајакнување на владеењето на правото, зголемување на транспарентноста и подобрување на услугите за граѓаните.
Двете страни ја реафирмираа подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка.
Македонија
Нова градска плажа, се реконструираат спортските терени, кејот на Вардар добива нов лик, најави Ѓорѓиевски
Кејот на Вардар добива нов лик и нова градска плажа, отворена за сите генерации, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Тој информира дека со засилено темпо течат работните активности за уредување на кејот на реката Вардар, простор каде секојдневно се рекреираат илјадници граѓани и кој претставува едно од најважните урбани јадра на Скопје.
„Кејот е меѓу моите клучни приоритети и уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, започнавме со темелно чистење, со што конечно Вардар повторно тече по своето природно и нормално корито.
Денес, кејот го уредуваме со јасна визија за функционален и жив јавен простор.
Се реконструираат спортските терени за фудбал, одбојка на песок и баскет, се поставува нова урбана опрема и се создаваат модерни фитнес-зони на отворено. Во рамки на овој проект опфатени се и спортските терени во Маџир Маало, кои целосно ќе се унапредат и ќе се вратат во служба на заедницата.
На ова место градиме и современа градска плажа – безбедно, уредено и достапно катче за одмор, рекреација и дружење, кое ќе внесе нова енергија и живот покрај реката и ќе го доближи Скопје до европските урбани стандарди.
Инвестирањето во спортот е инвестирање во здрави навики, здрави млади и силно општество.
Искрена благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски, за поддршката и партнерскиот пристап, кои овозможуваат ваквите проекти да се реализираат брзо, квалитетно и во интерес на граѓаните.
Ова, почитувани, е само почеток.
Нашата визија е да создадеме современи, уредени и достапни спортски терени во сите општини на Град Скопје“, напиша Ѓорѓиевски.
Најавува како што вели, рамномерен развој, еднакви можности и активен, здрав живот за секој скопјанец, без разлика каде живее.
Македонија
Утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините снег, од следната недела заладување
Времето утре, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.

