Македонија
Нови 739 позитивни случаи на коронавирус, починало едно лице
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.570 теста, а регистрирани се нови 739 случаи на Ковид-19: Скопје – 262, Битола – 55, Куманово – 40, Кавадарци – 37, Охрид – 35, Прилеп, Тетово и Велес – по 28, Гостивар и Штип – по 24, Струмица, Струга и Радовиш – по 19, Неготино – 14, Кичево, Кочани и Свети Николе – по 13, Ресен – 12, Крива Паланка – 10, Гевгелија – 8, Делчево, Богданци и Кратово – по 5, Берово, Виница, Крушево, и Демир Хисар – по 4, Демир Капија – 3, Дебар и Дојран – по 2.
Од вкупниот број позитивни (739), регистрирани се 153 реинфекции.
Регистрирани сe 659 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 317, Битола – 69, Велес – 36, Кавадарци и Прилеп – по 34, Штип – 22, Гостивар – 21, Тетово – 20, Струмица – 14, Неготино и Гевгелија – по 11, Радовиш, Кичево и Кочани – по 10, Кратово и Валандово – по 6, Ресен – 5, Крива Паланка – 4, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 3, Берово и Демир Хисар – по 3, Куманово, Охрид, Струга, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (73) во болнички услови. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Кпвид-19 од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.570 теста преку: ИЈЗ-195, ЦЈЗ Скопје-82, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово-46, ЦЈЗ Куманово-41, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–146, Жан Митрев (Филип Втори)-15, Авицена-40, Биотек-36, Систина-27, лабораторија Лаор-5, Синлаб-10, Ремедика-3, Плодност-16, Генеа-6, Никоб лаб-29, ВФВ медикал-15, Ели медика плус-3, Ројал медика–4, Спектра-ММ-6, Рапид лаб–6, Жан Митрев Струмица–2, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 724.
Досега во земјата се направени вкупно 2.125.150 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 330.755, бројот на оздравени пациенти е 317.149, на починати е 9.388, а бројот на активни случаи изнесува 4.218.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 156.057, Активни 1.700
Куманово 1.762, Активни 241
Битола 17.027, Активни 257
Прилеп 14.967, Активни 179
Тетово 14.127, Активни 174
Кавадарци 11.513, Активни 188
Велес 10.436, Активни 120
Гостивар 10.001, Активни 129
Охрид 9.703, Активни 240
Струмица 8.513, Активни 123
Штип 8.488, Активни 103
Кичево 5.920, Активни 73
Кочани 5.312, Активни 49
Струга 5.011, Активни 128
Гевгелија 4.636, Активни 64
Неготино 3.951, Активни 73
Ресен 2.925, Активни 48
Свети Николе 2.733, Активни 21
Радовиш 2.705, Активни 77
Крива Паланка 2.550, Активни 32
Делчево 2.022, Активни 8
Дебар 1.758, Активни 40
Берово 1.749, Активни 19
Валандово 1.559, Активни 10
Виница 1.426, Активни 17
Пробиштип 1.290, Активни 1
Богданци 1.058, Активни 14
Кратово 1.048, Активни 23
Крушево 986, Активни 28
Демир Хисар 896, Активни 21
Македонски Брод 771, Активни 8
Демир Капија 611, Активни 5
Македонска Каменица 529, Активни 3
Пехчево 493, Активни 0
Дојран 364, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“
Во периодот од 1 до 28 февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци.
Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 674 прекршоци.
Исто така, изречени се вкупно 653 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 220 се за „минување на црвено светло“, а 433 се за „брзо возење“.
Гледано по седмици, најголем број на прекршоци се регистрирани во периодот од 02 до 08 февруари-4.991, а најмал во периодот од 09 до 15 февруари – 4.490, додека по денови најмногу на 28 февруари, а најмалку на 11 февруари – 377. Изминатиот месец дневниот просек изнесува 706 прекршоци.
Најголем дел од прекршоците се регистрирани на подрачје на град Скопје-12.073 или 63,3% од вкупниот број на регистрирани прекршоци. Значаен дел од прекршоците се регистрирани и на патните правци долж Коридорите 8 и 10-вкупно 5.702, а најмал број на подрачјето на СВР Тетово – 370 и останати локации-17 прекршоци.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за посигурни и побезбедни патишта.
Македонија
Интеграциите во ЕУ и управувањето со отпад во фокусот на средбата меѓу Хоџа и чешкиот амбасадор
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретна со амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, Јарослав Лудва. На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка и пријателските односи меѓу двете земји, со акцент на можностите за нивно понатамошно продлабочување.
Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Чешката Република ѝ ја дава на Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, истакнувајќи ја и активната улога на чешката амбасада во Скопје во унапредувањето на соработката во областа на животната средина.
Во тој контекст, на средбата беше направен осврт и на заклучоците од последната седница на Мешовитата комисија за економска соработка, одржана во март 2025 година во Прага, како и на остварените контакти меѓу ресорните министерства. Се разговараше за квалитетот на воздухот, контролата на индустриското загадување и современите практики во управувањето со отпад, вклучително и искуствата од посетата на центарот за управување со отпад на градот Прага.
Македонија
„Визер“ привремено ги прекинува летовите кон повеќе дестинации на Блискиот Исток
Авиокомпанијата „Визер“ соопшти дека поради неодамнешната ескалација на безбедносната состојба во Иран ги суспендира сите летови кон и од Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија, заклучно со 7 март.
Од компанијата информираат дека континуирано ја следат состојбата и се во постојан контакт со локалните и меѓународните власти, агенциите за безбедност во воздухопловството и други релевантни институции. Во зависност од развојот на ситуацијата, можно е да бидат донесени дополнителни оперативни одлуки и да дојде до измени во распоредот на летови.
„Визер“ наведува дека ќе ги информира патниците за сите очекувани промени што е можно поскоро. Патниците кои направиле резервација преку трети страни треба да се обратат директно до нив за дополнителни информации.
Од компанијата нагласуваат дека безбедноста и сигурноста на патниците, екипажот и авионите останува нивен највисок приоритет. Патниците со засегнати резервации ќе бидат директно контактирани со информации за достапните опции.

