Македонија
Нови 770 случаи на Ковид-19, меѓу починатите 23-годишно лице
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.043 теста, а регистрирани се нови 770 случаи на Ковид-19: Скопје – 364, Битола – 47, Охрид – 46, Куманово и Кавадарци – по 38, Тетово – 30, Прилеп и Велес – 26, Неготино – 17, Струмица – 16, Штип – 15, Кочани и Струга – по 14, Ресен – 13, Гостивар – 12, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 7, Радовиш и Кратово – по 5, Дебар и Крушево – по 4, Свети Николе и Валандово – по 3, Кичево, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Делчево, Берово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1.
Од вкупниот број позитивни (770), регистрирани се 207 реинфекции.
Регистрирани сe 363 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 182, Охрид – 23, Битола – 21, Куманово – 20, Прилеп и Велес – по 14, Кавадарци – 13, Струмица и Штип – по 12, Тетово – 8, Гостивар – 7, Кичево – 5, Неготино, Кочани и Делчево – по 4, Струга, Крива Паланка и Радовиш – по 3, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 2, Ресен, Гевгелија, Кратово, Дебар и Валандово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица: од Свети Николе (23) и од Скопје (76). Лицата се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се две починати лица: од Радовиш (73) и од Крива Паланка (66). Едното е починато во болнички, а другото во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во периодот од 20.6.2022 до 28.6.2022 година.
Направени се 2.043 теста преку: ИЈЗ-325, ЦЈЗ Скопје-45, ЦЈЗ Битола-40, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово-41, ЦЈЗ Куманово-47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–155, Жан Митрев (Филип Втори)-22, Авицена-66, Биотек-130, Систина-48, лабораторија Лаор-12, Синлаб-12, Ремедика-12, Плодност-25, Генеа-14, Никоб лаб-78, ВФВ медикал-5, Ели медика плус-8, Ројал медика–2, Спектра-ММ-14, Рапид лаб–9, Жан Митрев Струмица–1, Нова лаб дијагностика–3, Рамус-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 879.
Досега во земјата се направени вкупно 2.100.604 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 319.806, бројот на оздравени пациенти е 307.342, на починати е 9.343, а бројот на активни случаи изнесува 3.121
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 151.347, Активни 1.562
Куманово 17.050, Активни 144
Битола 16.202, Активни 235
Прилеп 14.471, Активни 134
Тетово 13.708, Активни 108
Кавадарци 10.980, Активни 128
Велес 10.043, Активни 113
Гостивар 9.738, Активни 61
Охрид 9.243, Активни 152
Штип 8.230, Активни 53
Струмица 8.224, Активни 69
Кичево 5.721, Активни 32
Кочани 5.193, Активни 45
Струга 4.803, Активни 51
Гевгелија 4.477, Активни 30
Неготино 3.770, Активни 34
Ресен 2.797, Активни 32
Свети Николе 2.659, Активни 12
Радовиш 2.563, Активни 17
Крива Паланка 2.453, Активни 21
Делчево 2.008, Активни 5
Берово 1.701, Активни 8
Дебар 1.690, Активни 4
Валандово 1.510, Активни 13
Виница 1.401, Активни 3
Пробиштип 1.286, Активни 4
Богданци 1.035, Активни 4
Кратово 993, Активни 19
Крушево 938, Активни 5
Демир Хисар 848, Активни 9
Македонски Брод 754, Активни 9
Демир Капија 599, Активни 2
Македонска Каменица 527, Активни 2
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 358, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

