Македонија
Бајден го поздрави отворањето на преговорите со Македонија и Албанија
Соединетите Американски Држави ги поздравуваат чекорите што Европската Унија ги презема за унапредување на интеграцијата на Западен Балкан во евро-атлантската заедница, и тоа преку отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, се вели во изјавата на американскиот претседател, Џозеф Бајден.
„Во моментот кога Русија го наруши мирот во Европа, поважно е од кога било e да се поддржи стремежот за Европа да е слободна и во мир. Демократски, безбеден и просперитетен Западен Балкан останува суштински за оваа визија“, изјави Бајден.
Американскиот претседател е на ставот дека САД ќе продолжат да бидат силен и доверлив партнер сѐ додека овие држави работат на одбрана на човековите права, зајакнување на демократските реформи и поддржување на владеењето на правото.
„Чекорите што ЕУ, Албанија и Северна Македонија ги презедоа во последните денови треба да ги инспирираат сите аспиранти за ЕУ во регионот да ја зголемат својата посветеност за зајакнување на своите демократии“, додава Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температура до 28 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне претежно во источните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
Во Скопје сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, претежно во источните делови ќе има и во петок, а во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме.
Сервисни информации
Без струја, дел од неколку скопски општини
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 – 10:00 часот, корисниците од улиците: 100, 101, 102 и 103 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 – 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Иван Хаџи Николов во нас. Драчево. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците од ул. Гаврил Константиновиќ во нас. Лисиче. (Општина Аеродром).
Македонија
„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето
По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“, Башким Хасани, коалицијата „Вреди“ добила близу 500 гласа, а за „Европскиот фронт“ гласале 48 избирачи.
Коалицијата „Вреди“ доби еден пратеник повеќе за сметка на пратеник на „Европскиот фронт“ со прегласувањето во шестата изборна единица, изјави Хасани.
„Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој, или во случајов, коалицијата ‘Вреди’ го добива 14 пратеник“, рече претставникот на коалицијата „Вреди“.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) за излезеноста на седумте избирачки места на кои денеска имаше прегласување за парламентарните избори, на избирачкото место во Општина Желино, едиствено на кое се прегласува во шестата изборна единица, до 18:30 часот гласале вкупно 546 избирачи.
Претставниците на Коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари и Башким Хасани на социјалните мрежи го напишаа бројот 14 со што алудираат на уште еден пратеник во коалицијата.
Коалицијата „Вреди“ на парламентарните избори на 8 мај, имаше 13 пратеника, а коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ доби 19 пратенички мандати.