Македонија
Нови 779 заразени со ковид, починати се четири лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.613 тестови, а регистрирани се нови 779 случаи на Ковид-19: Скопје – 345, Битола – 61, Куманово – 45, Прилеп – 39, Кавадарци – 38, Велес – 32, Струмица – 25, Тетово – 24, Охрид и Кичево – по 23, Штип – 21, Струга, Гевгелија и Неготино – по 14, Ресен и Радовиш – по 8, Гостивар и Крива Паланка – по 7, Демир Хисар – 5, Кочани, Свети Николе и Валандово – по 4, Дебар и Македонски Брод – по 3, Пробиштип и Крушево – по 2, Делчево, Берово, Виница и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (779), регистрирани се 173 реинфекции.
Регистрирани сe 477 оздравени пациенти од: Скопје – 243, Битола и Куманово – по 33, Прилеп, Кавадарци и Тетово – по 22, Велес – 19, Струмица – 16, Охрид – 14, Гостивар – 9, Штип – 6, Кичево – 5, Кочани – 4, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Свети Николе, Валандово и Македонски Брод – по 3, Демир Хисар, Берово и Кратово – по 2, Струга, Ресен, Делчево, Богданци и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 4 починати лица: 2 починати лица од Прилеп (80 г и 89 г) и по едно починато лице од Скопје (68г) и Велес (83г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин нема регистрирани починати лица.
Направени се 1.613 тестови преку: ИЈЗ-239, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-58, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово-37, ЦЈЗ Куманово-42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–141, Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-45, Биотек-59, Систина-52, лабораторија Лаор-14, Синлаб-7, Ремедика-7, Плодност-16, Генеа-8, Никоб лаб-61, ВФВ медикал-8, Ели медика плус-7, Ројал медика–2, Спектра-ММ-5, Рапид лаб–3, Жан Митрев Струмица–1, Нова лаб дијагностика–3, Рамус-22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 695.
Досега во земјата се направени вкупно 2.105.622 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 322.165, бројот на оздравени пациенти е 308.676, на починати е 9.353, а бројот на активни случаи изнесува 4.136
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 152417, Активни 1965
Куманово 17189, Активни 207
Битола 16381, Активни 313
Прилеп 14570, Активни 163
Тетово 13788, Активни 127
Кавадарци 11092, Активни 186
Велес 10133, Активни 151
Гостивар 9778, Активни 77
Охрид 9322, Активни 180
Струмица 8295, Активни 106
Штип 8285, Активни 86
Кичево 5780, Активни 76
Кочани 5212, Активни 42
Струга 4840, Активни 78
Гевгелија 4518, Активни 60
Неготино 3808, Активни 60
Ресен 2823, Активни 53
Свети Николе 2676, Активни 24
Радовиш 2585, Активни 31
Крива Паланка 2477, Активни 34
Делчево 2011, Активни 5
Берово 1707, Активни 9
Дебар 1699, Активни 13
Валандово 1517, Активни 14
Виница 1403, Активни 4
Пробиштип 1289, Активни 5
Богданци 1038, Активни 5
Кратово 998, Активни 19
Крушево 946, Активни 12
Демир Хисар 858, Активни 16
Македонски Брод 758, Активни 11
Демир Капија 599, Активни 1
Македонска Каменица 527, Активни 2
Пехчево 488, Активни 1
Дојран 358, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска имаше свое обраќање на меѓународната конференција „AI for Society & Smart Governance“, во организација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што истакна дека вештачката интелигенција, освен што е технолошка тема, претставува и прашање на политики, институционален капацитет и одговорност кон граѓаните.
„Во обраќањето нагласив дека клучното прашање не е дали ќе ја користиме, туку како ќе ја користиме. За да има реална примена во јавниот сектор, потребни се јасна рамка, квалитетни податоци и инфраструктура со конкретна имплементација, не само стратегии на хартија“, изјави министерот Андоновски.
Тој посочи дека Министерството за дигитална трансформација работи на конкретни чекори за системско воведување на AI во јавниот сектор и креирање основа за одговорна и применлива дигитална трансформација.
„Ги потенцирав и конкретните чекори што ги преземаме, а тоа е Националната ИКТ стратегија 2025–2030, подготовката на Националната стратегија за вештачка интелигенција во координација со академијата и институциите, интеграцијата на AI асистент на data.gov.mk, како и иницијативата за Центарот за вештачка интелигенција „Везилка“ за развој на домашни GPU капацитети и модели на македонски јазик“, истакна Андоновски.
Тој на одговор на новинарско прашање во насока на Правилникот на АВМУ за инфлуенсери истакна дека ги разбира нивните барања и истакна дека можни се промени по барање на Здружението на инфлуенсери.
„Постои правилник донесен врз основа на измените на законот од 2023 година, кој стапи на сила пред некој месец со којшто се бара задолжителна регистрација на инфлуенсерите. Ги слушнав и коментарите на новото Здружение на инфлуенсери, и мислам дека вреди да се дискутира за овие прашања. Да најавам дека можни се и промени, затоа што не сметаме дека треба ригидно да бараме од креаторите на содржини да се однесуваат исто како и платформите за споделување на тие содржини, односно да бараме толку високи критериуми, од страна на физички лица којшто повремено или постојано се занимаваат со оваа работа’’, појасни Андоновски.
„Јас ги споредувам со колумнисти. Ако не бараме високи критериуми за регистрација и еден ригиден пристап кон креаторите на содржина во традиционалните медиуми, не гледам зошто би требало да имале и толку ригиден пристап кон оваа група на луѓе’’.
Министерот Андовски истакна и дека неформалниот водич кој беше донесен создал дополнителни недоразбирања.
„Беше донесен и еден неформален документ наречен водич, кој донесе дополнителна забуна затоа што станува збор за неформален документ којшто нема правна важност, а се сфати или се презентираше дека е задолжителен за употреба за оваа група на креатори на јавното мислење. Тоа создаде дополнително недоразбирање помеѓу едната и другата страна.”
Најави средба со Здружението на инфлуенсери за следната недела, на која ќе се дискутираат сите отворени прашања.
Македонија
(Видео) Стојаноски: Со над 40 амандмани ги заштитивме зголемувањата на платите
Со над 40 амандмани ги заштитивме зголемувањата на платите, факти кои денес ССМ ги премолчува, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Истите тие кои денес зборуваат за недостиг од социјален дијалог, ги потсетуваме на јануари 2024 година, кога тогашната влада на СДС и ДУИ поднесе пакет закони со кои сакаше суштински да ја смени методологијата за пресметката на платите. Да бидеме целосно прецизни. Со тие законски измени се предвидуваше минималната плата повеќе да не биде дел од формулата за пресметка на платите на административните службеници и покрај тоа што истото беше дел од колективниот договор кој тогаш го потпишаа ССМ и владата на СДС. Тоа ќе значеше дека секое идно зголемување на минималната плата нема автоматски да се одразува врз останатите плати во јавниот сектор. Или да кажеме појасно – прекин на линеарниот раст и слабеење на заштитниот механизам за работниците“, рече тој.
Дополнително, додаде Стојаноски, последните измени на текстот тогаш не беа ставени ниту на ЕНЕР, а синдикатите тогаш јасно посочија дека првпат се запознале со предлог-законот од веб-страницата на Собранието.
„Немаше вистинска јавна расправа. Немаше суштински социјален дијалог преку Економско-социјалниот совет. Кој реагираше тогаш ? Тогашното раководство на ССМ дојде во Собранието. Заедно со нас, како тогаш опозициска ВМРО-ДПМНЕ, поднесовме амандмани и го спречивме носењето на тој закон. Не дозволивме минималната плата да биде исфрлена од формулата. Не дозволивме платите да станат одвоени од реалниот раст на минималната плата. Токму затоа денеска платите растат секогаш кога расте минималната плата“, рече пратеникот.
Стојаноски вели дека еден од тие суштински амандмани бил токму предлог на ССМ – минималната плата и понатаму да биде дел од пресметката, со што линеарно би се зголемувале и другите примања.
„Затоа прашањето денес е едноставно: Зошто се премолчува што се случуваше во 2024 година? Зошто денес Трендафилов не го кажува тоа? Зошто не се кажува дека токму со заедничка акција го заштитивме принципот минималната плата да остане основа за пресметка? Ние тогаш не дозволивме набрзина, со европско знаменце и скратена постапка, да се протне решение што ќе ги чини работниците. Денес, како власт, продолжуваме да го почитуваме истиот принцип – системски, институционално и со јасни правила“, рече Стојаноски.
Македонија
(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари
Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции.
Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена викендица, интервенирано со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители и ТППЕ Берово со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители.
Во 08.12 часот, на улица Бетовенова, запалена куќа, интервенирано со три противпожарни возила и 8 пожарникари-спасители.

Во 09.48 часот, во село Муртино, запален оџак, интервенирано со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители.

„Во случај на пожар или друга природна непогода повикај 112 или 193“, апелираат струмичките пожарникари.

