Македонија
Нови 792 случаи на ковид, починаа две лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.774 тестови, а регистрирани се нови 792 случаи на Ковид-19: Скопје – 370, Битола – 62, Кавадарци – 41, Куманово – 39, Велес – 32, Прилеп – 31, Тетово – 29, Охрид – 27, Кичево – 22, Струмица – 18, Гостивар и Свети Николе – по 14, Штип и Гевгелија – 13, Неготино – 11, Кочани и Крива Паланка – по 9, Ресен – 8, Радовиш – 6, Струга и Дебар – по 5, Демир Хисар – 3, Делчево, Берово, Валандово и Крушево – по 2, Богданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (792), регистрирани се 203 реинфекции.
Регистрирани сe 317 оздравени пациенти од: Скопје – 171, Битола – 27, Куманово – 18, Прилеп – 15, Тетово – 12, Кавадарци и Велес – по 9, Охрид – 8, Гостивар – 7, Кочани – 6, Неготино и Крива Паланка – по 5, Гевгелија – 4, Струмица, Штип и Радовиш – по 3, Кичево, Ресен, Делчево и Валандово – по 2, Свети Николе, Крушево, Пробиштип и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин се регистрирани две починати лица од Скопје (79 г) и Гостивар (75 г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 14.7.2022 -18.7.2022г.
Направени се 1.774 тестови преку: ИЈЗ-272, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово-43, ЦЈЗ Куманово-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–154, Жан Митрев (Филип Втори)-19, Авицена-59, Биотек-88, Систина-41, лабораторија Лаор-18, Синлаб-26, Ремедика-11, Плодност-24, Генеа-21, Никоб лаб-103, ВФВ Медикал-12, Ели медика плус-3, Ројал медика–2, Спектра-ММ-4, Рапид лаб–10, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–1, Рамус-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 676.
Досега во земјата се направени вкупно 2.102.378 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 320.598, бројот на оздравени пациенти е 307.658, на починати е 9.345, а бројот на активни случаи изнесува 3.595
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 151724, Активни 1767
Куманово 17090, Активни 166
Битола 16261, Активни 267
Прилеп 14501, Активни 149
Тетово 13738, Активни 126
Кавадарци 11021, Активни 160
Велес 10075, Активни 136
Гостивар 9751, Активни 66
Охрид 9269, Активни 170
Штип 8242, Активни 62
Струмица 8242, Активни 84
Кичево 5743, Активни 52
Кочани 5202, Активни 48
Струга 4808, Активни 56
Гевгелија 4490, Активни 39
Неготино 3782, Активни 41
Ресен 2805, Активни 38
Свети Николе 2672, Активни 24
Радовиш 2569, Активни 20
Крива Паланка 2461, Активни 24
Делчево 2010, Активни 5
Берово 1703, Активни 10
Дебар 1695, Активни 9
Валандово 1512, Активни 13
Виница 1401, Активни 3
Пробиштип 1286, Активни 3
Богданци 1036, Активни 5
Кратово 994, Активни 20
Крушево 941, Активни 7
Демир Хисар 851, Активни 12
Македонски Брод 753, Активни 9
Демир Капија 599, Активни 1
Македонска Каменица 527, Активни 2
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 358, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Маричиќ – Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора да продолжи со превземање на одговорноста и обврските на патот кон ЕУ
Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија.
На средбата се говореше за приоритетите на унгарското претседателство со цел зајакнување и поддршка на процесот на европските интеграции на Северна Македонија во периодот што следи. Унгарија како претседавач ќе биде фокусирана на проширувањето на Европската Унија со земјите кои се дел од пакетот за проширување со фокус на Западен Балкан и Северна Македонија и со посебен акцент на спроведување на реформите.
Унгарија претседава со Советот на Европа од 1 Јули 2024 до крајот на годината.
Маричиќ изјави дека државата мора да го продолжи процесот на евроинтеграција, кој е дел од меѓународните заложби и обврски за просперитет на регионот, Европа и сите граѓани на државата.
Превземањето на обврските и исполнувањето на долгорочните планови со Европската Комисија се од витално значење за прогрес на државата, меѓународните стратешки партнери и за развојот на геополитичката мапа на регионот и Европа.
Маричиќ ја истакна важноста од носење на важни одлуки за понатамошно реализирање на стратешките цели на Северна Македонија и регионот за која се залагаат и земјите членки на ЕУ, регионот на Западен Балкан и сите стратешки партнери на државата.
На средбата во фокус беше и одлучноста односно заложбата на Европската Комисија за Планот за раст за земјите на Западен Балкан, можностите и конкретните мерки со кои земјите кои се дел од Планот за раст ќе ги почувствуваат придобивките од неговата имплементација во претпристапниот период се до полноправно членство во унијата, каде што природно, географски и идеолошки припаѓаат.
Маричиќ и Бока се сложија дека во последните 2 години беа постигнати значајни резултати во процесот на евроинтеграција на Северна Македонија, со реализација на скрининг процесот, отпочнувањето на преговорите за државата и комплетната подготовка за реализација на европската агенда на државата.
Европската интеграција мора да продолжи со превземањето на обврските на патот кон ЕУ со кои државата ќе се движи во правец на прогрес и значаен развој. Реализацијата на Планот за раст е исклучително важен процес, бара детално и вредно вклучување на сите капацитети со големи придобивки за државата и за сите граѓани во неа – рече Маричиќ.
Македонија
Сиљановска Давкова – Ангеловска-Бежоска: во фокусот тековната работа на Народната банка и зачувување на макроекономската стабилност
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка на Република Северна Македонија.
На средбата, прва по нејзиното стапување на функцијата, Сиљановска Давкова беше информирана за тековната работа на Народната банка и остварувањето на предвидените цели, насочени кон постигнување и одржување на ценовната стабилност и кон одржување на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем.
На средбата гувернерката Ангеловска-Бежоска ги претстави и стратегиските цели насочени кон унапредување на спроведување на монетарната политика, стабилноста на банкарскиот систем, непреченото функционирање на платните системи, управувањето со девизните резерви, а во функција на обезбедување на услови за ефикасни, иновативни и сигурни финансиски услуги.
Претседателката ги поздрави напорите на Народната банка за зачување на макроекономската стабилност на државата, во услови на геополитички и геоекономски ризици.
Гувернерката упати честитки до претседателката Сиљановска Давкова по повод стапувањето на функцијата и ѝ посака успех во работата.
Македонија
(Видео) Мециновиќ: ДПМНЕ поставува измеќар на СДС, за претседател на Собранието
Предлогот на новото мнозинство за избор на Африм Гаши за собраниски спикер не е ништо друго освен крунисување на партиите кои соработуваа во криминалната Влада на СДС, од страна на ДПМНЕ.
„Имаме јасен приказ дека силно ДПМНЕ најмногу значи силна Алтернатива. Зошто значи силна Алтернатива? – Токму оваа партија која беше измеќар на СДС, токму СДС ја избрка од својата Влада за да влезе Алијанса. Токму една ваква партија сега ДПМНЕ сака да ја круниса“ – истакна пратеникот Амар Мeциновиќ во неговото обраќање пред пратениците.
Според него, праксата на политички камелеонизам и шетање од коалиција во коалиција не е ништо ново на непренципиелната политика која ја водат политичките субјекти.
„Ова е само уште една потврда за водењето на лукративни политики, каде државните и националните интереси не се никаков предмет на интерес кај домашната политичка елита“, додава пратеникот на Левица.