Македонија
Нови 89 заразени од коронавирус, нема починати

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.271 тест, а регистрирани се 89 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 42, Битола – 15, Кочани, Неготино и Ресен – по 4, Кавадарци и Гостивар – по 3, Куманово, Велес, Кичево и Свети Николе – по 2, Прилеп, Охрид, Струмица, Струга, Крива Паланка и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број позитивни (89), регистрирани се 17 реинфекции.
Регистрирани сe 58 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 29, Битола – 11, Гостивар, Велес и Прилеп – по 3, Куманово, Демир Хисар и Тетово – по 2, Кочани, Кавадарци и Охрид – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ дополнително не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.271 тест преку: ИЈЗ-158, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-12, ЦЈЗ Тетово-22, ЦЈЗ Куманово-29, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–67, Жан Митрев (Филип Втори)-31, Авицена-19, Биотек-41, Систина-38, лабораторија Лаор-24, Синлаб-21, Ремедика-14, Плодност-9, Генеа-14, Никоб лаб-81, ВФВ медикал-10, Ели медика плус-9, Ројал медика–1, Спектра-ММ-6, Рапид лаб–15, Жан Митрев Струмица–6, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 539.
Досега во земјата се направени вкупно 2.034.656 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.595, бројот на оздравени пациенти е 300.675, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 633.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 146.010, Активни 281
Куманово 16.651, Активни 13
Битола 15.518, Активни 131
Прилеп 14.182, Активни 32
Тетово 13.468, Активни 11
Кавадарци 10.666, Активни 22
Велес 9.781, Активни 13
Гостивар 9.597, Активни 11
Охрид 8.878, Активни 30
Струмица 8.070, Активни 8
Штип 8.035, Активни 13
Кичево 5.634, Активни 11
Кочани 5.083, Активни 5
Струга 4.723, Активни 5
Гевгелија 4.413, Активни 8
Неготино 3.685, Активни 6
Ресен 2.737, Активни 16
Свети Николе 2.626, Активни 2
Радовиш 2.530, Активни 1
Крива Паланка 2.415, Активни 2
Делчево 1.980, Активни 1
Дебар 1.674, Активни 1
Берово 1.661, Активни 2
Валандово 1.488, Активни 1
Виница 1.393, Активни 2
Пробиштип 1.267, Активни 0
Богданци 1.020, Активни 1
Кратово 966, Активни 2
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 833, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити изврши увид на градежните активности за изградба на примарната водоводна мрежа во Мерово, Желино

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, придружуван од градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу и пратеници од регионот, денеска изврши увид на градежните активности за реализација на проектот за изградба на примарната водоводна мрежа во селото Мерово, општина Желино.
Проектот предвидува изградба на дистрибутивната мрежа за водоснабдување во рамките на селото, изградба на поврзувачки цевковод од резервоарот до главната мрежа, отворање на нов бунар покрај постојниот, како и рехабилитација и проширување на веќе изграден резервоар.
Досега е извршено отворање на еден бунар и изградба на еден резервоар, кои во рамките на овој проект ќе бидат финализирани и модернизирани.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 15.847.359 денари, обезбедени од буџетот на надлежното министерство, а градежните активности се очекува да завршат до крајот на 2025 година.
„Одржливото снабдување со вода е еден од најважните приоритети на нашата Влада, бидејќи е директно поврзано со квалитетот на животот на граѓаните и развојот на нашите населени места. Со овој проект ставаме крај на децениските проблеми со недостиг на водовод во Мерово и им обезбедуваме на жителите подобри услови за живот“, истакна првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити.
Оваа инвестиција претставува дел од стратешките проекти кои имаат за цел унапредување на основната инфраструктура и задоволување на елементарните потреби на граѓаните во сите населени места на општина Желино и пошироко.
Македонија
На Табановце се чека околу 10 до 15 минути за излез од државата

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 10-15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Општина Карпош: Го демантираме другарот на Мицкоски, Сотир Лукровски, дека има нерешени 11 000 предмети за легализација, а тој ќе ги решел за две и пол години

„Општина Карпош во целост го демантира другарот на Христијан Мицкоски, Сотир Лукровски, дека во општина Карпош има нерешени 11 000 предмети за легализација и замислете, тој ќе ги решел за две и пол години. Фактите говорат дека општина Карпош од 2011 до 2018 година има примено вкупно 12688 барања и од нив досега се решени 9385, а останати се уште 3303 барања“, велат од општина Карпош.
„Најголем дел од нив се со нерешени имотно-правни и оставински постапки и се чека на завршување на судска постапка, на друг дел е побарана дополнителна документација, и мал дел се во постапка за решавање.
За кандидатура на градоначалник основен услов за кандидатот е да биде добро информиран и да не кажува лаги. Ако кандидатот во кампања кажува лаги, какво ли ќе биде неговото функционирање како Градоначалник!?
Општина Карпош го замолува г-дин Христијан Мицкоски да го едуцира својот кандидат и го замолуваме да не ги вознемирува директорките на градинките и училиштата“, соопшти општина Карпош.