Македонија
Нови 899 заразени со коронавирус во последните три дена, нема починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 15.07 до 17.07.2022):
Направени се 2.466 тестови, а регистрирани се 899 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 470, Битола – 75, Кавадарци – 50, Прилеп – 40, Куманово – 39, Охрид – 31, Гостивар – 27, Тетово – 25, Велес – 23, Струмица – 22, Кичево – 16, Штип – 13, Струга – 10, Неготино – 9, Ресен и Кратово – по 8, Гевгелија – 6, Кочани и Валандово – по 5, Македонски Брод – 4, Крива Паланка и Демир Хисар – 3, Берово – 2, Свети Николе, Радовиш, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (899), регистрирани се 201 реинфекција.
Регистрирани сe 670 оздравени пациенти од: Скопје – 413, Куманово – 39, Битола – 33, Кавадарци – 28, Велес – 25, Прилеп – 19, Тетово – 18, Штип – 16, Струмица – 13, Гостивар и Гевгелија – по 9, Кичево – 8, Неготино и Кочани – по 7, Делчево – 6, Богданци – 5, Свети Николе – 3, Ресен, Кратово, Валандово, Крива Паланка, Радовиш и Пробиштип – по 2.
Во текот на изминатите 3 дена (15-17.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин не се регистрирани починати лица.
Направени се 2.466 тестови преку: ИЈЗ-278, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-76, ЦЈЗ Прилеп-21, ЦЈЗ Тетово-33, ЦЈЗ Куманово-50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–163, Жан Митрев (Филип Втори)-50, Авицена-110, Биотек-135, Систина-72, лабораторија Лаор-16, Синлаб-5, Ремедика-11, Плодност-26, Генеа-22, Никоб лаб-113, ВФВ Медикал-12, Ели медика плус-10, Ројал медика–9, Спектра-ММ-15, Рапид лаб–13, Жан Митрев Струмица–6, Нова лаб дијагностика–2, Рамус-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.162.
Досега во земјата се направени вкупно 2.098.561 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 319.037, бројот на оздравени пациенти е 306.979, на починати е 9.339, а бројот на активни случаи изнесува 2.719
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 150992, Активни 1390
Куманово 17011, Активни 125
Битола 16153, Активни 207
Прилеп 14445, Активни 122
Тетово 13678, Активни 86
Кавадарци 10943, Активни 104
Велес 10017, Активни 101
Гостивар 9727, Активни 57
Охрид 9195, Активни 127
Штип 8215, Активни 50
Струмица 8208, Активни 65
Кичево 5719, Активни 35
Кочани 5180, Активни 36
Струга 4790, Активни 41
Гевгелија 4466, Активни 20
Неготино 3754, Активни 22
Ресен 2783, Активни 19
Свети Николе 2656, Активни 10
Радовиш 2558, Активни 16
Крива Паланка 2444, Активни 16
Делчево 2005, Активни 6
Берово 1700, Активни 7
Дебар 1686, Активни 1
Валандово 1509, Активни 13
Виница 1401, Активни 3
Пробиштип 1284, Активни 2
Богданци 1034, Активни 3
Кратово 988, Активни 15
Крушево 934, Активни 1
Демир Хисар 847, Активни 8
Македонски Брод 751, Активни 8
Демир Капија 596, Активни 1
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 357, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

