Македонија
Нови 93 заразени од коронавирус, нема починати
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 777 теста, а регистрирани се 93 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 52, Охрид – 13, Битола, Кавадарци и Штип – по 4, Прилеп – 3, Куманово, Тетово, Кочани и Ресен – по 2, Велес, Гостивар, Струмица, Берово и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број позитивни (93), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани сe 14 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 4, Куманово и Кавадарци – по 3, Битола, Прилеп, Велес и Кичево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, како и во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, не се пријавени починати лица. Направени се 777 теста преку: ИЈЗ-118, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-21, ЦЈЗ Прилеп-4, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–58, Жан Митрев (Филип Втори)-14, Авицена-14, Биотек-51, Систина-18, лабораторија Лаор-9, Синлаб-3, Ремедика-5, Плодност-4, Генеа-7, Никоб лаб-36, ВФВ медикал-10, Ели медика плус-1, Ројал медика–1, Спектра-ММ-1, Рапид лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–1, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 337.
Досега во земјата се направени вкупно 2.074.909 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.252, бројот на оздравени пациенти е 303.410, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 520.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 147.820, Активни 346
Куманово 16.707, Активни 20
Битола 15.757, Активни 31
Прилеп 14.238, Активни 13
Тетово 13.501, Активни 8
Кавадарци 10.715, Активни 11
Велес 9.807, Активни 5
Гостивар 9.620, Активни 7
Охрид 8.970, Активни 30
Штип 8.096, Активни 12
Струмица 8.086, Активни 7
Кичево 5.659, Активни 4
Кочани 5.108, Активни 6
Струга 4.733, Активни 3
Гевгелија 4.426, Активни 0
Неготино 3.704, Активни 4
Ресен 2.756, Активни 4
Свети Николе 2.637, Активни 0
Радовиш 2.531, Активни 0
Крива Паланка 2.419, Активни 0
Делчево 1.986, Активни 0
Берово 1.694, Активни 1
Дебар 1.681, Активни 0
Валандово 1.488, Активни 0
Виница 1.396, Активни 1
Пробиштип 1.268, Активни 1
Богданци 1.023, Активни 2
Кратово 966, Активни 0
Крушево 931, Активни 1
Демир Хисар 836, Активни 0
Македонски Брод 742, Активни 3
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

