Македонија
Нов зелен спортско – рекреативен центар во Карпош 3
Општина Карпош започнува со изведба на нова, спортско – рекреативна зона во урбаната заедница Карпош 3, како составен дел од училишниот двор на основното училиште „Лазо Трповски“ (долж булеварот „Илинден“). На овој потег ќе бидат лоцирани нови спортски терени, а веќе постоечкото игралиште кое се наоѓа во полоша состојба, ќе биде реконструирано и прилагодено за играње на мал фудбал и ракомет.
Исто така, љубителите на кошарката ќе добијат нов терен за баскет. Во рамки на оваа зона се предвидува и фитнес дел, со спортски направи за вежбање и детско игралиште, како и соодветна урбана опрема (клупи за седење, корпи за отпадоци) и осветлување.
Сепак, доминантна ќе биде зелената површина и дрвјата. Затоа, Општината планира и поставување на систем за наводнување на зеленилото, со цел, тоа да биде одржувано во текот на целата година.
Локалната самоуправа реши да го облагороди овој простор, кој со децении делуваше запуштено. Спортско – рекреативната зона е во јадрото на Карпош 3 и ќе биде достапна за сите граѓани. Всушност, жителите покажаа интерес за ваква зелена и спортско – рекреативна зона и преку анкетата која Општината ја спроведе пред донесување на Буџетот за 2020 година, но и во секојдневните контакти со општинските служби.
Општина Карпош продолжува со хуманизација на јавниот простор и негово прилагодување на реалните потреби на граѓаните. Минатата година, Општината го реконструираше и фудбалското игралиште „Сокол“, а беа обновени и терените во Бардовци. Интензивно се работи и на Спортско – адреналинскиот парк, долж реката Вардар, кај Алпинистичката карпа, потег кој ќе биде меѓу поатрактивните делови од главниот град, Скопје, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

