Контакт

Македонија

Нов извештај за активните пожари во земјата – најкритично кај Делчево, Пехчево и во Прилепско

Објавено пред

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на својата фејсбук-страница информираа за состојбата со активните пожари во државата, заклучно со 13 часот.

dobivaj vesti na viber

Штипски Регион

Пожарот што почна на 2 август во атарот на сeлото Нов Истевник, маало Пасјак, сѐ уште е активен и е во дијаметар од 9 километри. До овој момент опожарени се околу 750 хектари борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гаснење пожар се на терен од раните утрински часови, од 4 часот. Интервенираат 200 припадници на АРМ; 25 вработени во ШС Голак – Делчево со 4 теренски возила; ТППЕ Делчево со 13 пожарникари, 2 цистерни и теренско возило; 5 припадници на Граничната полиција со 5 теренски возила; 3 припадници на ПС Делчево со 1 теренско возило; ЈПКД Брегалница со 10 вработени со 2 ровокапачи, теренско возило со 1 тон вода и 1 џип; РЦУК Делчево со 1 вработен, ТППЕ Македонска Каменица со 4 пожарникари со теренско возило; ЈП Камена Река – Македонска Каменица со 10 вработени и 1 комби; и дел од пожарникарите од Бугарија. Волонтери од Црвениот крст – Делчево се на терен и им доставуваат вода за пиење на ангажираните сили.

Во гаснењето на пожарот ангажирани се и 4 хеликоптери.

На територијата на општина Пехчево, кај местото наречено Бајаз Тепе, пожарот сѐ уште е активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. Опожарена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Интервенираат хеликоптери, 100 припадници на АРМ, 20 ренџери, дел од екипата од Бугарија; ШС Равна Река – Пехчево со 30 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз; ШС Малешево – Берово со 15 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 2 теренски возила за превоз; ТППЕ Берово со 3 ПП-возила и 7 пожарникари; ТППЕ Скопје, Штип и Струмица со по 2 пожарникари со 1 ПП-возило; ДЗС со 1 теренско возило со цистерна и 4 вработени; РЦУК Берово со 1 вработен; ЕВН со 6 теренски возила за превоз; 35 луѓе од месното население.

Се очекува во секој момент да пристигне специјална ПП-единица од Словенија.

Пожарот на потегот Костин Дол – Ново Село (Кочани и Македонска Каменица) од ноќеска повторно е активен. Интервенираат ТППЕ Кочани со 15 пожарникари; ШС Осогово – Кочани со 10 вработени; „Водостопанство“ – Кочани со 20 луѓе; и МЗШВ со 5 лица.

Струмички Регион

Пожарот кај местото наречено Погана, кој почна на 1 август, е со намален интензитет, односно нема активно горење. Досега опожарени се околу 1.200 хектари нискостеблеста шума (даб, габер, прнар, јасен). На терен интервенираат: ТППЕ Валандово со 2 ПП возила и 7 пожарникари; ШС Саланџак – Валандово со 14 вработени; ПО ДЗС Валандово со 7 припадници; АРМ со 30 припадници; ЕВН Битола со 7 вработени, едно теренско возило и 1 цистерна и Здружението од Битола со 9 припадници. Има и 2 трактора за пренос на храна и вода за учесниците во гаснењето на пожарот. Поради намалениот интензитет на пожарот, денес ќе се врши контролирање и гаснење на недогорениот материјал.

Од страната на општина Гевгелија пожарот е под контрола. Опожарени се околу 200 хектари мешана шума и сува трева. На терен се 13 лица од ШС Кожув – Гевгелија.

Битолски Регион

Во општина Прилеп пожарот во атарот на селата Ракле, Никодин, Топлица е активен на еден крак кон рудникот „Козјак“ и еден крак кон високиот дел на селата Крстец и Никодин. Опожарени се околу 2.000 хектари нискостеблеста дабова шума и листеста постилка. На потегот Крстец – Никодин гори нискостеблеста дабова шума.

Под контрола е кракот кон селото Топлица, кракот кон црквата и викенд-куќите во селото Ракле.

На кракот од магистралниот пат Прилеп – Градско гори чалија, сува трева, грмушки и деградирана дабова шума. Интервенираат 17 војници на АРМ и ТППЕ Прилеп со 9 пожарникари со 2 ПП-возила.

Од ноќните часови меѓу 4 и 5 август почнат е пожар на потегот Дрен – Смолани (Прилеп) во кој горат сува трева, смрека, чолија и листеста постелка на површина од 0,5 хектари. На истиот локалитет има и еден приземен пожар на местото Мањов Дол, каде што гори нискостеблеста дабова шума. Интервенираат 13 војници на АРМ, 3 пожарникари на ТППЕ Прилеп и 2 лица од месното население, како и 7 работници на ШС Црн Бор – Прилеп.

Охридски Регион

Пожарот во атарот на селото Девич (Македонски Брод) во 18 часот на 4 август е ставен под контрола. Од утрово на терен се ТППЕ Македонски Брод со 4 пожарникари и 5 вработени од ШС Македонски Брод заради контрола на просторот.

Тетовски Регион

ТППЕ Тетово од 9.40 часот со 3 пожарникари и 1 ПП-возило интервенираат поради запалена сува трева кај сточниот пазар во селото Голема Речица.

Кумановски Регион

ТППЕ Куманово со 4 пожарникари и 1 ПП-возило од 7 часот интервенираат поради запалена сува трева во атарот на селото Јачинце.

ТППЕ Старо Нагоричане со 3 пожарникари со 1 ПП-возило во 9.30 часот е упатена на терен кон атарот на селото Жељудино заради контрола.

Пожарот во атарот на селото Коњух (Кратовско) е изгаснат, а на терен, заради контрола, се наоѓа екипа на ЈП „Македонски шуми“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има

Објавено пред

Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“  поладнево на  „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.

dobivaj vesti na viber

-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.

Тој, во изјавата за медиумите, истакна  дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.

 

-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.

Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.

-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.

Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

Објавено пред

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.

dobivaj vesti na viber

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Прикажи повеќе...

Македонија

Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации

Објавено пред

Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.

dobivaj vesti na viber

„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.

Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.

Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).

Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:

1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.

Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет2 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет5 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет5 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет6 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет6 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет7 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет7 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија7 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет8 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет8 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет11 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија12 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет12 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет17 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет18 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија19 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет19 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет20 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет21 час

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...