Македонија
Нов протест на вработените во Филхармонијата пред Министерството за култура
Денеска, во 14 часот, вработените во Филхармонијата ќе одржат протест пред Министерството за култура, кое веќе доби црвен картон на последниот концерт од официјалниот дел од концертната сезона „Дамар на слободата“, кој се одржа во петокот на сцената на НОБ во рамките на фестивалот „Мајски оперски вечери“.
„Нашите протести продолжуваат сè до конечната промена на штетната одлука што ја донесе Министерството за култура. Колку повеќе Министерството за култура го пролонгира решавањето на проблемот, толку повеќе се продлабочуваат и последиците, кои веќе се одразуваат и на работата на нашата институција.
Негативната медиумска кампања во последните неколку месеци направи сериозна штета на угледот и реномето на нашата институција. Нападите на поединци, но и оркестрираните платени текстови во медиумите, целосно ја искривија реалната слика за проблемот во јавноста. Сто пати повторена лага – станува вистина беше лајтмотивот на манипулативната медиумска кампања, која сè уште се води против нашата институција.
Вистината и аргументите се на наша страна, тоа ѝ е јасно и на министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која не сакајќи да ја признае сопствената грешка, влезе во отворена војна со нашата институција“ соопштија од Филхармонијата.
Од таму велат дека треба да бидат информирани доколку од Министерството за култура работат на решение на проблемот. Се жалат дека нивната институција е нападната од инспекции на Министерството за култура и дека имаат блокирана сметка.
Вработените во Филхармонијата ѝ се обратија на министерката за култура наведувајќи дека се борат против манипулациите и лагите поради кои нивната институција во последните три месеци трпи сериозна штета.
„А вие со вашите досегашни потези, изјави и игнорантски однос кон нашата институција само потврдивте дека имате проблематичен однос кон традицијата, културата и кон врвните професионалци, кои ѝ дадоа безрезервна поддршка на Филхармонијата“, порачаа вработените во Филхармонијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Дали СДС стравува од сведочењето на Груби“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт.
Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДС доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДС има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДС помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?
Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој кој го прекршил законот мора да одговара.
Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Власта не се откажува од авионот, туку од зголемувањето на платите за работниците!“, велат од СДСМ
„Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години“, велат од СДСМ.
„Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот.
А во Собранието пратениците на ВМРО-ОКГ не сакаат ниту да разговараат за нашиот предлог за ребаланс на Буџетот, ниту за новиот Закон за минимална плата од 600 евра.
Мислат дека со дефокус ќе направат луѓето да заборават на авионот и тивко да работат во позадина за во иднина да земат нов. Луксузот на ВМРО-ОКГ не трпи, трпат само работниците.
Авионот сакаат да го земат на лизинг, на рати, па тоа да го претстават поинаку, само како изнајмување за потребите на Владата.
Никој не е наивен! Граѓаните ќе плаќаат, платите на работниците нема да ги зголемат. Ќе има пари за авион, мебел, луксуз, тендери, но за работниците нема да има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

