Македонија
Нов резервоар за стабилно водоснабдување на Дебар
И покрај тоа што градот Дебар се снабдува со вода за пиење од водоводот Росоки – Дебар и во актуелниот резервар во градот влегуваат 120 литри во секунда, сепак секое лето се чувствува голем недостиг на вода. Градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, најави изградба на уште еден нов резервар за вода со капацитет од 500 кубици вода, но исто така апелираше за стопирање на појавата на злоупотреба на водата за пиење за наводнување зелени површини. Тој додаде дека Дебар има доволно вода и во текот на летниот период не смее да се дозволи делови од градот да се соочуваат со проблемот со недостиг на вода.
Директорот на ЈКП ,,Стандард“, Мазлум Леши, информираше дека раководството на јавното претпријатие кое стопанисува со водоводот Росоки – Дебар веќе ги има преземено сите мерки за стопирање на појавата на злоупотреба на водата за пиење за наводнување земјоделски површини во делови на периферијата на градот. Исто така тој нагласи дека се преземени мерки и за подобрување на наплатата на сметки бидејки претпријатијата, фирмите и граѓаните на ЈКП ,,Стандард“ му должат над 1 милион евра. Поради оваа состојба, оваа јавно претпртијатие ги нема платено придонесите за здравствено и пензиско осигурување за вработените околу десетина години.
К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претпладне студено со магла, преку денот променливо облачно
Утрото ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје претпладне студено со појава на магла, преку денот променливо со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла понекаде во котлините. Утринските температури ќе бидат претежно околу нулата, а дневните во делови од земјата ќе надминуваат 10 степени. Локални врнежи од дожд, а на планините од снег ќе има во вторник, а потоа се очекуваат и на крајот од неделата.
Македонија
Магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 30 до 50 метри Прилеп и Македонски Брод, 50 до 70 метри Струмица и Берово и на патниот правец Тетово – село Гајре, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сарај
ЕВН Македонија извести дека на 20.01.2024 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:
– од 09:00 до 15:00 часот корисниците од Лисец, објектите во близина на игралиштето, по должина на улицата. (опш.Аеродром)
-од 09:00 до 15:00 часот корисниците од с.Буковоќ, с.Ласкарци, с.Раовиќ, .с.Паничари (опш.Сарај)