Македонија
Нов смртен случај на коронавирус во земјата, позитивна и починатата пациентка од Струга
Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години.
Пациентката, покрај коронавирус, имала и претходни заболувања: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и зголемена тежина.
Во однос на пациентката која во неделата наутро почина во болницата во Струга, постхумно ѝ е земен брис и тој е позитивен на Ковид-19. Со овие две новопотврдени жртви бројката на починати од Ковид-19 во земјата се искачи на 11.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус. По градови: Скопје – 7, Куманово – 7, Прилеп – 2, Тетово – 5, Струга – 2, Гевгелија – 1, Кочани – 1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус до денеска изнесува 354 лица.
Според местото на живеење, досега случаи се регистрирани во следните градови: Скопје (183), Куманово (54), Дебар (47), Штип (15), Прилеп (12), Тетово (13), Струга (9), Велес (6), Битола (4), Охрид (3), Кавадарци (2), Гостивар (1), Гевгелија (2), Струмица (1), Крива Паланка (1) и Кочани (1).
Досега во земјата направени се вкупно 3.775 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

