Македонија
НСДП: Изборната кампања да биде политички натпревар на идеи и програми
На првиот ден од изборната кампања на предвремените парламентарни избори кои треба доведат до политичка влада со полн легитимитет, НСДП упатува апел до сите учесници во изборниот процес да го спроведат во фер и демократска атмосфера, исполнет со политички натпревар на идеи и програми. Овие избори, како што велат од партијата, ги дочекуваме како држава членка на НАТО и пред отворање на поглавјата со ЕУ, што не обврзува да спроведеме изборен процес кој нема да отстапува од западните демократии.
„ Сите заедно да се обидеме да обезбедиме коректна политичка кампања, да дадеме се од себе за да го покажеме најдоброто, најуспешното, најквалитетното. Да не дозволиме да заборавиме дека партиите треба да се натпреваруваат во идеи и програми, а не во дискредитации и омаловажувања, бидејќи целта ни е иста-подобар живот на македонскиот граѓанин.
Да не бидеме непријатели туку конкуренти во политички натпревар чиј единствен посакуван резултат треба да биде општиот напредок и просперитет. Да се издигнеме над постојаните делби, пакости, меѓусебни деградирање и да се потсетиме дека има смисла борбата за основните човечки вредности-вистина, правда и чесност.
Да постигнеме цивилизациски напредок во демократското созревање на нацијата и во правењето исчекор кон западно европските вредности. Тоа е борба на сите нас, за граѓаните, за Северна Македонија.
Имајќи ја во предвид пандемијата со корона вирусот, НСДП воедно апелира и до сите учесници во изборниот процес, членови или симпатизери на политички партии, до граѓаните, строго да ги почитуваат владините препораки и протоколи за заштита и спречување на ширење на корна вирусот. Да не се дозволи предизборната кампања да прерасне во епидемиолошка критична ситуација која ќе доведе до загрозување на здравјето на граѓаните“ соопшти НСДП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Владата на Заев и Филипче донела спорен правилник, подзаконскиот акт за канабис е во судир со законот, кој и колку профитирал од бизнисот со канабис“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Зоран Заев и Венко Филипче имале за цел Македонија да ја претворат во светска туристичка атракција за канабис. СДС на чело со Зоран Заев и Венко Филипче го злоупотребиле процесот за регулирање на медицинскиот канабис Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во 2020 година Заев и Филипче смислиле план за како енормно да заработат од бизнисот со марихуаната и сакаа целосно да ја легализираат но тоа не им помина. Затоа лиценците за одгледување на медицински канабис биле резервирани исклучиво за луѓе блиски до кланот Заеви и Филипче. Обичните граѓани и компании немале никаква шанса да добијат дозвола.
Поради фаворизирањето на тоа кој ќе добие лиценци, Струмичкиот регион се претвори во центар за производство на марихуана за медицински цели.
Доказ за тоа дека се било смислено однапред е подзаконскиот акт на правилникот за одгледување на канабис за медицински цели, донесен во време на СДС каде постои неусогласеност, затоа што се дозволува да се произведува цвет од канабис кој не ги задоволува ГМП нормите.
Производството на канабис кој не ги исполнува ГМП нормите го прави маслото од канабис нелегално за лиценцирање и промет.
Токму поради сето ова се отвора сомнеж за криминални мотиви. Со ваквиот начин на производство и складирање се отвора сомнеж дека канабисот бил за продажба на црниот пазар.
Зошто е направен подзаконски акт кој е во колизија со законот и со самото тоа овој процес е незаконски? Дали на Заев и Филипче целта им била продавање на канабис на црниот пазар? Дали Заев и Филипче ја туркале промената на правилникот?
Јавното обвинителство мора да интервенира итно. Граѓаните заслужуваат правда и одговорност за незаконското работење на овој картел.
Време е Заев и Филипче да одговорат пред законот и јавноста. Ниту еден привилегиран апликант, ниту еден нелегален процес, не смее да остане без казна“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

