Македонија
Нуредини: Потребно е и судовите да дадат сопсвен придонес во зачувување на животната средина
Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, со воведно обраќање, заедно со претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска, и амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја, Рејчел Галовеј, денеска учествуваше на отворањето на регионалната конференција „ Уставни судови – чувари на животната средина“. Во дискусијата модерирана од академик Владо Камбовски, професори и судии од регионот дадоа свој осврт на можностите за зголемување на улогата на Уставниот суд во заштитата на правото на животната средина.
„Ние како држава го имаме препознаено правото на здрава животна средина во Уставот, ги имаме поставено основните елементи на посебното законодавство за заштита на животната средина, што како Министерство постојано го унапредуваме, особено во последниот период кога интензивно работиме на хармонизирање на нашето право со ЕУ-стандардите. Како Министерство предложивме низа законски решенија, ги зголемивме глобите за прекршоци во однос на животната средина, а во моментот во Собранието на наш предлог се расправа за Законот за инспекцискиот надзор во животната средина, со кој целиме кон подобро спроведување на оваа норматива. Но, сепак сме свесни дека се соочуваме со сериозна деградација на животната средина и ретко некој сноси одговорност за тоа. Потребно е сите актери, меѓу кои и судовите, да учествуваат со свој придонес ако сакаме да ја зачуваме животната средина“, порача министерот Нуредини.
Конференцијата беше организирана од страна на Уставниот суд на Северна Македонија, Македонската академија на науките и уметностите и Центарот за правни истражувања и анализи, а со поддршка на британската амбасада во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

