Македонија
Нуредини: Ќе се формира ренџерска служба за заштита на Шар Планина
Со изгласувањето на законот за прогласување на македонскиот дел од Шар Планина за национален парк од страна на Собранието на Република Северна Македонија и потпишувањето на указот од страна на претседателот Стево Пендаровски, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, истакна дека државата донесе историска одлука и го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и првиот по осамостојувањето.
„Кога зборуваме за зелена агенда или европскиот зелен договор, ова е тоа што тој всушност значи. Зачувување на природните вредности што ги имаме со истовремено креирање економски можности за развој на одржлив начин, што ќе креира и работни места, она што на меѓународно ниво се нарекува зелени работни места“, рече Нуредини.
Вкупната површина на паркот е 62.705 хектари, од кои 26,5 % е во зоната на строга заштита, 49,06 % во зоната на активно управување и 22,02 % се во зоната на одржливо користење. А предвиден е и една заштитен појас на Попова Шапка, со што ќе се овозможи одржлив развој на овој туристички центар.
„Во креирањето на границите се внимаваше да се обезбеди хомогеност на зоните, да се следи теренската конфигурација и да се во хармонија со соседните паркови. Предложеното зонирање е усогласено со зонирањето во националните паркови со кои граничи – НП Маврово и НП Шари во Косово и ги зема предвид традиционалните активности во подрачјето, како сточарството, земјоделството и слично. Во согласност со законот, Владата ќе треба да основа јавна установа национален парк во рок од 3 месеци, од неговото стапување во сила. Управувачката структура и начинот на функционирање ќе биде ист како и кај сите други национални паркови во државата уредени во Законот за заштита на природата. Ќе се воспостави ренџерска служба, при што разговараме и со ‘Национални шуми’ за да се преземат искусните кадри од подрачните единици што работеле во Тетово и Гостивар како стручни лица што најдобро го познават теренот“, нагласи Нуредини.
Според Нуредини, конкретните забранети и дозволени активности во подрачјето ќе се уредат во Планот за управување, кој се носи во рок од една година од донесувањето на законот и за кој веќе се обезбедени средства и меѓународни експерти од Меѓународната унија за заштита на природата IUCN преку Програмата за заштита на природата на Обединетите нации. Тие веќе работат на терен, со локалното население, со економските субјекти, со цел изнаоѓање на најдоброто решение, информира министерот. Нагласи дека процесот на донесување на Планот за управување исто така предвидува јавни расправи и ќе биде обезбеден инклузивен и транспарентен за сите засегнати страни.
Националниот парк, оцени Нуредини, ќе биде добра основа за креирање локални брендови за локална храна, угостителски објекти и туристички пакети, со што ќе се зголеми продажната моќ на регионот и ќе се поттикне развој на туризмот во сите негови форми.
Се очекуваат бројни проекти со меѓународна поддршка, а со развојот на туризмот се очекуваат и услови за нови вработувања и генерирање на приходи.
„Со прогласувањето на Шара за заштитено подрачје се доближивме до европскиот просек со 13,2 % вкупна површина на заштитени подрачја. Шар Планина е и идно ‘натура 2000 подрачје’, а на национално ниво со овој чекор ние и ги исполнуваме целите од Конвенција за биолошка разновидност и ги остваруваме и националните цели од стратегиите за заштита на природата и биолошката разновидност. Не треба да заборавиме дека Националниот парк Шар Планина е последното делче од сложувалката што недостигаше изминативе десетина години за да се создаде едно од трите прекугранични заштитени подрачја на европско ниво“, истакна министерот.
„Изгласувањето на овој закон е првиот чекор со кој тргнуваме во вистинскиот правец, но работата за заштита на природата и обезбедување социо-економски развој и подобрување на животот на локалното население допрва почнува“, рече Нуредини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството, велат од СДСМ
Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија кој се очекува да биде изгласан наскоро, истакнуваат од СДСМ.
„Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца во државата.
Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени.
Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството.
Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд“.
Според СДСМ, додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат, носат закони за правосудатво кои се спротивни на препораките на ЕУ.
„Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски.
Следува целосно погребување на правдата и правната држава“.
Македонија
Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Во 2023 година, Владата предводена од СДС извршила измени на Правилникот за одгледување канабис за медицински цели, кои се косат со важечкиот закон што ја регулира оваа област, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со измените во член 2 од Правилникот е предвидено канабисот да може да се одгледува и на отворен простор (површина или земјиште), иако во законот и во претходната верзија на правилникот беше утврдено дека одгледувањето за медицински цели се врши исклучиво во затворен простор.
СДС и Заев со ваквиот подзаконски акт овозможиле производство на канабис на нива, што отвора сериозни дилеми во однос на исполнувањето на ГМП стандардите. Доколку не се исполнети овие норми, финалниот производ, маслото од канабис не би можел да биде соодветно лиценциран ниту пласиран во промет за потребите на пациентите.
Владата на СДС на чело со Заев и Филипче свесно и намерно го сменила правилникот.
Во 2020 СДС на чело со Заев и Филипче имаа иницијатива за поширока легализација на марихуаната, како и на значителното зголемување на бројот на издадени лиценци за медицински канабис, особено во струмичкиот регион“.
Според владејачката партија, сомнежите и индициите за злоупотреба на производството на канабис и криминалот со дрогата дополнително се зголемија по заплената на голема количина марихуана од компанија во Ново Село, поврзувана со лице блиски на СДС и Заеви.
Прашуваат, зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на Закон, кои им биле мотивите и колку профитирале.
„Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Потребни се ред, одговорност и темелна институционална истрага. Надлежните органи треба целосно да ги испитаат сите наводи и сомнежи“.
Македонија
„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 луѓе. За ова говоревме минатата година во „Афера – Провизии кои чинат животи’’ каде посочивме на низа пропусти и недоследности, но продолжената рака на СДС Коцевски, цврсто ги чуваше кривичните пријави и докази за Филипче во фиока“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Според сведоштвото на Кадриу, вечерта на несреќата таа била повикана да се вклучи во истрагата, а подоцна ѝ се приклучиле и претставници од обвинителство меѓу кои тогашниот ДЈО Јовевски кој дошол со двајца свои обвинители.
Улогата на ДЈО Јовевски и останатите била процесот да го држат под нивен надзор и контрола.
Според Кадриу, околу 30 милиони евра биле обезбедени за изградба на овие објекти. Светската банка тогаш одобрила средства за изградба на модуларни болници на територија на Македонија.
Венко Филипче бил министер кога се изработувала техничката спецификација за модуларните болници. Градбата на модуларната болница, била направена од панели рециклирани со пурпена, кои тогаш не чинеле повеќе од 5-6 евра. Додека пак, оние подобрите и поквалитетните, како на пример панели со камена волна кои не горат до 40 минути, чинеле околу 17 евра. Во превод, според Кадриу, овие модуларни болници чинеле околу 300.000 евра, сите, а биле обезбедени за оваа намена 30 милиони евра.
Во чиј џеб завршиле парите?
Дополнително за објектот во Тетово, не бил изработен соодветен елаборат за електрична енергија, што дополнително влијаело на безбедноста.
Зошто немало соодветен елаборат за електрична енергија?
Зошто не се користеле квалитетни материјали?
Зошто се искористени минимум од дозволените средства?
Филипче одбил алтернативни предлози за згрижување на ковид-пациенти во рамки на постојните болнички капацитети.
Филипче ја одбил понудата на тогашниот медицински директор, кој понудил сместување на КОВИД пациенти, на двата спрата во тетовската болница кои стоеле така празни. Филипче тоа го одбил, поради тоа што овие модуларни болници морале да бидат изградени.
Вистинските виновници за модуларната болница во Тетово мора да одговараат пред законите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

