Македонија
Нуркачки тимови од единицата „Тигар“ ќе го бараат мажот што исчезна во водите на вештачкото езеро во Липково

Три нуркачки тима на специјалната единица „Тигар“ за кратко ќе ја продолжат потрагата по лицето што вчера исчезна во водите на вештачкото езеро „Глажња„ во Липковско.
Спасувачките служби од синоќа трагаат по 30-годишен маж од селото Никуштак, кој вчера влегол во езерото кај браната „Глажња“ по што му се изгубила трага.
Од Центарот за управување со кризи објавија дека се работи за маж со иницијали Ф. Р..
Нуркачки екипи го пребаруваа вештачкото езеро „Глажња“ во Липково, но засега не успејаа да го пронајдат телото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Власта молчи пред дивеењето на Сашо Мијалков на Охридското езеро, обвини Левица

Периодов интензивно се одвиваат градежни активности на самото крајбрежје на Охридското езеро, во локалитетот познат како Горица 3, додека инвеститор е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков со неговата компанија Дивелоп Груп. Историјата на овој луксузен хотел е контроверзна, а за неговите потреби беше уништена и опожарена шума стара 70 години, додека виновниците за пожарот никогаш не беа лоцирани, велат од Левица.
„Скандалозно е што овој хотел се гради во критична зона, за која и во Планот за управување со Охридскиот регион е нотирано дека треба да се сопре било каква урбанизација, се додека не се усвојат сите плански документи за заштита на природните реткости, кои постојано се под напад од спрегата урбанистичка мафија-власт. Информациите кои пристигнаа до Левица се дека за овој хотел никогаш не било изготвено Решение по елаборат за животна средина – документ без кој не е возможно воопшто да се издаде одобрение за градба. Но, за луксузниот хотел на Мијалкови молчи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, чиј цел мандат го одработи единствено за интересите на неколку локални моќници во бизнисот со градежништвото. Молчи инспекторатот за животната средина, молчи Управата за заштита на културно наследство, додека секојдневно премиерот Мицкоски најавува дека одговорност мора да има за сите“, додаваат од партијата.
„Јавно го прашуваме претседателот на Владата дали ќе има одговорност и за нивниот поранешен сопартиец, Сашо Мијалков, кој своето богаство го наталожи за време на владеењето на ДПМНЕ, а амнестијата ја доби под закрила на СДС?! Се работи за флагрантно дивеење и кршење на законите, каде Мијалков се стекна со 15.000 квадрати државно земјиште на една од најатрактивните локации во Охрид, додека пак скандалозно донесен урбанистички план воопшто не е ревидиран од аспект на неговата усогласеност со Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Градоначалникот Пецаков, очигледно за да ги задоволи бизнис-интересите на поранешните функционери на ДПМНЕ, не ја реализира својата законска обврска за изменување на урбанистичкиот план на Горица 3, со што де факто ќе го спречеше беззаконието кое во континуитет го деградира Охридското крајбрежје. Наместо празните флоскули на власта дека и сопствениот брат ќе одговора“, Левица апелира да почнат од својот поранешен висок функционер, кој како што велат очигледно е амнестиран од здружените интереси на ДПМНЕ и СДС.
Македонија
За еден ден 1.666 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.666 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во последното деноноќие, од кои „реални“ повици биле 63,63 проценти, а 25,52 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 69,44 проценти од повиците, кон Итната медицинска помош 21,29, а кон пожарникарите 1,48 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.
– Инаку, имало 618 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно поединечно или комбинирано со повеќе субјекти информирање и координирање, за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), се наведува во соопштението од ЦУК.
Во соопштението се додава дека немало пожари на отворено во последното деноноќие, но пожарникарите гаснеле и други пожари во населени места и сите биле изгаснати. Инаку, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово од 13.10 до 13.45 часот со едно противпожарно возлоо и двајца пожарникари интервенирале за гаснење запалено ѓубре околу и во контејенер покрај ул.„Доне Божинов“ во Куманово.
Македонски железници до ЦУК испратиле известување дека поради последици од поплавите од Маркова Река железничкиот патнички и товарен сообраќај на патниот правец Лисиче – Драчево се уште се одвива заобиколно, односно преку Маџари – Трубарево кон Драчево и обратно.
РЦУК Скопје, информира дека од ЈСП Скопје, известиле дека поради изведување градежни работи на пат, автобусите на линиите 18, 58, 63А , 66, 66А и 118 во еден дел имаат изменета траса на движење
Македонија
СДСМ: Маркет вижн склучила договор со Владата на рекордна сума од 400.000 евра

Омилената агенција на ВМРО-ДПМНЕ која уште од времето на Груевские платена да ги манипулира граѓаните со лажни анкети е повторно ангажирана, овој пат за сума од 400.000 евра народни пари, велат од СДСМ.
„Имено, Маркет вижн пред само неколку недели склучила договор со Владата на рекордна сума од 400.000 евра за да прави анкети и го мери мислењето и задоволството на граѓаните од работата на Владата. Зар некој треба да верува во овие анкети кои служат единствено за да се манипулира јавноста и се во функција на пропагандата на ДПМНЕ. За жал се враќа старата пракса на постојано пласирање на манипулативни анкети кои треба да ги демотивираат граѓаните да бараат промени, но оваа стратегија од времето на Груевски е одамна прочитана“, се вели во реакцијата на партијата.