Македонија
Обвинението за „Плацови на Водно“ е апсурдно и без логика, вели адвокатот на Мијалков
Адвокатот Sвонко Давидовиќ, кој го застапува ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, вели дека не се должни да докажуваат невиност во предметот „Плацови на Водно“, но како што кажа, ќе докажуваат дека тврдењата на Обвинителството се апсурдни, нема елементи на вина, како и правна и човечка логика.
„Треба да прашате врз што се темели обвинението. Перење пари е последица на едно друго кривично дело кое мора да му претходи. Обвинителството ниту го утврдува ниту го предлага, зборувам за мојот клиент Сашо Мијалков. Не може ниту да ги докаже неговата умисла и знаењето дека некој друг незаконито стекнал пари од партија, па му помогнал на тој начин што му предложил офшор компанија. Онака како што е напишано обвинението, не соодествува на законското битие перење пари, а ако го оставиме и претходно постоењето на друго кривично дело кое мора да претходи“, рече Давидовиќ.
Тој смета дека обвинението за Мијалков е исконструирано.
„Нема ни човечка логика во обвинението за мојот клиент. Еден министер за финансии, на премиер кој бил 10 години, навистина не му е потребен никој којшто ќе му обезбеди офшор компанија. Обвинителката само во воведниот говор си скока во уста па вика: ‘веќе знаел и имал офшор компании каде го вложувал дел од капиталот’. Така што обвинението е буквално исконструиран по однос на мојот клиент. Ако Обвинителството си дозволило да не ги обезбеди доказите на одбраната, да не ги даде и ескивира, ние принципиелно, кога веќе не сме ги слушнале сведоците, кога не сме имале можност да поставиме прашања, треба да ги добиеме доказите кои се по меѓународна правна помош. Никој не знае што има во тие докази. Коректно е според законот ние да бидеме известени“, додаде Давидовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

