Македонија
Обвинителката збунета, на Заев му постави едвај две прашања за „Поткуп“
Обвинителката Валентина Бислимовска од одделението за организиран криминал и корупција, која беше избрана во јануари, без ниеден приговор го проследи испитувањето на обвинетиот Зоран Заев за случајот „Поткуп“, кога директно го испитуваше неговиот адвокат проближно еден час.
Бислимовска потоа во вкрстеното испитување му постави само две прашања на Заев, односно дали имало досега пријава за неговата работа како градоначалник и дали се поврзани бомбите со снимката од кабинетот на Заев.
Откако судијката Кацарска се насмевна и и’ рече да го преформулира прашањето, таа ги дополни: „Во таа смисла, сакав да кажам…” Потоа судот продолжи да го испитува Заев. Тој рече дека донацијата за црквата не била условена со завршувањето на работите на сведокот.
„Не може да се гради Божји дом преку уценување“, рече Заев. Притоа тој посочи дека е најголем донатор за црквата и дека неговите семејни фирми најмногу донирале за нејзината изградба. Додаде и дека кога на снимката се говори за едно евро за Вицето се говори за „цементо“ (рече дека е на струмички), тули, железо и друг градежен материјал.
Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од приближно 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште. За 15 мај е закажано уште едно рочиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

