Македонија
Обвинителката очекува Зеќири да оди во притвор
Обвинителката Катерина Коларевиќ останува на предлогот да се одреди притвор за Мухамед Зеќири и додава дека очекува тој да биде прифатен. Таа нема докази, но има сомнежи дека тој може да биде недостапен за органите на прогонот. Коларевиќ, водејќи се од информациите на полицијата, вели дека хрватските државјани, кои исто се осомничени, не се во Македонија.
„Во овој момент доказ во формална смисла дека ќе бега немаме. Сомнеж – да. Тоа се оперативни сознанија, кои се изнесени, а доколку судот ги прифати, ќе ви бидат соопштени“, рече Коларевиќ.
Обвинителката не можеше да каже каде се парите, додавајќи: „Истрагата е почната вчера, сето она што е обезбедено како документација е од предистражна постапка. Не можам да кажам дали се потрошени или не, како и дали се извадени од државата. Си има управа за финансиско разузнавање, која се обидува да ја утврди трагата како се движеле парите. Кога ќе имаме доказ, ќе информираме“.
За лицата што не се во Македонија, ќе се обезбедат со потерници.
„Од МВР имаме информации дека тие ја имаат напуштено РС Македонија, но судот до нив има доставено наредба за приведување. Дури кога ќе добие официјален податок по наредбата, ќе има докааз дали се тука или не“, додаде таа.
Зошто вчера биле побарани мерките, а се одлучува вечерва – таа рече дека Кривичен сам треба да одговори на прашањето.
„Тој не ја прифаќа мерката“, рече Коларевиќ по што додаде дека не биле користени ПИ-мерки при предистрагата.
Не сакаше да коментира дали Зеќири имал можност да влијае.
„Во согласност со доказите досега, не може истрагата да се прошири. Но, истрагата е сега почната, не знам што може да произлезе како доказ“, додаде обвинителката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

