Македонија
Обвинителствата од Западен Балкан и Јужна Америка ја зајакнуваат соработката за справување со организирани криминални групи
Јавни обвинители од Западен Балкан и Јужна Америка учествуваат на конференција во главниот град на Перу, Лима, со цел зајакнување на меѓународната соработка во борбата против организираниот криминал. На состанокот на тема „Вмрежување за резултати: Зајакнување на прекуграничната соработка меѓу јавните обвинители од Западен Балкан и Јужна Америка во областа на организираниот криминал“ се преземаат сериозни чекори во насока на зајакнување на заедничките активности за сузбивање на меѓународните криминални мрежи.
На настанот, кој заеднички го организираат проектот на Европравда за кривична правда на Западен Балкан и ЕЛ ПАКТО 2.0, се одржуваат дискусии за трендот и структурата на криминалитетот, стратегиите за негово сузбивање, експертски презентации за растечките закани, тркалезни маси за законските и оперативните предизвици, но и билатерални состаноци за промоција на директна соработка меѓу државите и за размена на искуства во конкретни предмети.
Претставничката на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, јавната обвинителка за врски со Европравда, Ленче Ристовска, одржа билатерални состаноци со колегите од Перу, Чиле, Панама, Колумбија, Аргентина, Бразил и од Боливија, на кои се разговараше и за склучување меморандуми за соработка, кои треба да овозможат спонтана размена на информации и реализација на меѓународна правна помош со овие земји на побрз и поефикасен начин. На состаноците беа разменети искуства за борбата против кривичните дела од трговија на наркотици, но и за поврзани дела, како трговија со луѓе, оружје, перење пари и слично.

„Она што ја прави особено витална соработката меѓу земјите од Јужна Америка и Западен Балкан е единствената поврзаност меѓу овие два региона. И покрај нашата географска оддалеченост, и Јужна Америка и Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици: историја на конфликти, политичка нестабилност, економски диспаритет, присуство на корупција и вкоренување на организирани криминални мрежи, кои напредуваат во услови на таква ранливост. Токму поради овие споделени искуства соработката меѓу нашите региони не е само пожелна – таа е суштинска“, рече Ристовска на панелот ,каде што имаше излагање во однос на потребата од градење мостови на соработка меѓу обвинителствата од овие два региона и во однос на улогата на обвинителите за врски во Европравда во обезбедување на меѓународната соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

