Контакт

Македонија

Обвинителството се спогоди и со Сашо Мијалков – призна вина и е осуден на 3 години затвор

Објавено пред

Јавното обвинителство информира дека покрај веќе претходно постигнатите две спогодби за признание на вина со осомничени во случајот познат во јавноста како „Империја“ и изречените затворски казни, како и уплатената сума во износ од 5,2 милиони евра, денеска Основниот кривичен суд Скопје ги одобрил спогодбите постигнати помеѓу јавниот обвинител Лиле Стефанова од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и осомничените С. М. и T. M. од истиот предмет.

dobivaj vesti na viber

„Обвинетиот С. М. призна вина и е огласен за виновен за кривични дела злосторничко здружување од член 394 став 1 и противправно стекнување и прикривање имот од член 359-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик и е осуден на 3 години казна затвор.

Тој дејствата ги извршувал во група со други осомничени во предметот преку правни лица основани во државата, на кои им била прикривана сопственоста, но и офшор-компании во странство. Приходите стекнати со пренос на капиталот обвинетиот не ги пријавувал во анкетните листови, иако за целиот период опфатен со истрагата извршувал јавна функција.

Покрај изречената казна, со спогодбата му се конфискува имот вредност од 5.476.653,00 евра, што ги надминува приходите што обвинетиот С. М. законски ги остварил и за кои дал лажни или непотполни податоци. Исто така, бидејќи не е можно конфискување удел од 46 % во вредност од 3.546.778,00 евра во правното лице ДПТУ „Дивелоп груп“ ДОО Скопје, 19.580 акции во вредност од 732.260,00 евра, издадени од ЗК „Пелагонија“, 8.150 акции во вредност од 249.933,00 евра, издадени од „Бетон Штип“ АД, што ги поседува правното лице ДПТУ „Ексико“ ДООЕЛ и недвижен имот – куќа во вредност од 947.682,00 евра, се конфискува од обвинетиот друг негов имот во вредност од 5.476.653,00 евра, и тоа парични средства во износ од 336.814.160,00 денари од банкарската сметка на правното лице ДТУ „Макпоинт“ ДООЕЛ Скопје, на кое единствен сопственик е обвинетиот С. М.

Исто така, се конфискуваат и недвижен имот и хартии од вредност пренесени на трети лица:

Имот од правното лице ДПТУ „Ексико“ ДООЕЛ:

1. Дел од деловна просторија на катастарска парцела број 9561/4, со вкупна нето-површина од 566,41 м2, како хотелски деловен простор, и тоа локал бр. 12, локал бр. 13, локал бр. 14, локал бр. 15, локал бр. 16, локал бр. 17, локал бр. 18, локал бр. 19, локал бр. 20, локал бр. 21, локал бр. 24 и хотелски деловен простор на зграда 1 кат К1, број блок-3, локал бр. 5 и локал бр. 12, во вредност од 1.699.241,00 евра или 104.503.321,00 денари.

2. Хартии од вредност – 7.213 обични акции во Стопанска банка Битола, со номинална вредност од 3.000 МКД, без ограничување, чиј имател е ДПТУ „Ексико“ ДООЕЛ Скопје, во согласност со целосен извештај за имател, издаден од Централниот депозитар за хартии од вредност на 22.11.2021 година, со вкупна вредност од 21.639.000,00 денари.

3. Недвижниот имот – земјиште, обележано во лист Б, катастарска парцела 1309/13, местото наречено Г. Курило, катастарска култура градежно неизградено земјиште, во површина од 3.880 м2, и шума обележана во лист Б, катастарска парцела 1309/16, местото наречено Г. Курило, катастарска култура шума, класа 3, во површина од 634 м2, евидентиран во имотен лист 56312 КО Центар 2, во вредност од 2.686.082,00 евра или 165.194.043,00 денари.

4. Недвижен имот – земјиште, обележано во лист Б, катастарска парцела 785/15, местото наречено Џибарица, катастарска култура неизградено земјиште, во површина од 322 м2, евидентиран во имотен лист број 270 КО Радња, во вредност од 14.950,00 евра или 919.425,00 денари.

5. Недвижен имот

– помошни површини на катастарска парцела 5972/2, адреса „Горица“, зграда број 1, влез 2, кат МА 1, број 84, во површина од 19 м2,

– стан на катастарска парцела 5972/2, адреса „Горица“, зграда број 1, влез 2, кат МА 1, број 84, во површина од 46 м2,

– стан на катастарска парцела 5972/2, адреса „Горица“, зграда број 1, влез 2, кат МА 1, број 85, во површина од 58 м2,

– помошни површини на катастарска парцела 5972/2, адреса „Горица“, зграда број 1, влез 2, кат МА 1, број 85, во површина од 58 м2,

евидентиран во лист В, во имотен лист број 102842 КО Охрид 4,

Имот евидентиран на ИЛ 101308 КО Охрид 4, и тоа идеален дел од:

– идеален дел од земјиште на катастарска парцела 5972/2, местото наречено Горица, култура земјиште под зграда, во површина од 2740 м2

Имот евидентиран на ИЛ 101199 КО Охрид 4, и тоа идеален дел од зеднички простории:

– помошни простории на КП 5972/2, адреса „Горица“, влез 2, кат К-1, намена ХС, во површина од 126 м2,

– помошни простории на КП 5972/2, адреса „Горица“, влез 2, кат К-2, намена ХС, во површина од 125 м2,

– помошни простории на КП 5972/2, адреса „Горица“, влез 2, кат К-3, намена ХС, во површина од 126 м2,

– помошни простории на КП 5972/2, адреса „Горица“, влез 2, кат К-4, намена ХС, во површина од 126 м2,

– помошни простории на КП 5972/2, адреса „Горица“, влез 2, кат К-5, намена ХС, во површина од 126 м2,

– помошни простории на КП 5972/2, адреса „Горица“, влез 2, кат МА, намена ХС, во површина од 117 м2,

– помошни простории на КП 5972/2, адреса „Горица“, влез 2, кат ПРИЗ, намена ХС, во површина од 108 м2,

сè во вредност од 367.369,00 евра или 22.593.211,00 денари.

6. Недвижен имот – апартмани евидентиран на ИЛ 57981 КО Центар 2, издаден на носителот на правото на сопственост „Панорама резиденс“ ДООЕЛ Скопје, и тоа:

– апартман на КП 2606/1, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 6, во површина од 91 м2,

– помошни простории на КП 2606/1, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 6, во површина од 6 м2,

– апартман на КП 2606/1, зграда 1, влез 3, кат СУ, број 3, во површина од 94 м2,

– помошни простории на КП 2606/1, зграда 1, влез 3, кат СУ, број 3, намена ДПД во површина од 37 м2.,

во вредност од 276.650,00 евра или 17.013.975,00 денари.

7. Недвижен имот – земјиште и апартмани, и тоа:

Имот евидентиран на ИЛ 58571 КО Центар 2, и тоа 912/1605 дел во сосопственост од:

– земјиште на КП 2424/28 култура градежно изградено земјиште, во површина од 999 м2,

– земјиште на КП 2424/28 култура градежно изградено земјиште, во површина од 606 м2.

Имот евидентиран на ИЛ 58751 КО Центар 2, и тоа идеален дел од заедничка сопственост од:

– помошни простории на КП 2424/28, адреса „Славејко Арсов“ 148, влез 1, кат ПО, број 1, намена КГП, во површина од 266 м2,

– помошни простории на КП 2424/28, адреса „Славејко Арсов“ 148, влез 2, кат/, број/, намена Х, во површина од 43 м2,

– помошни простории на КП 2424/28, адреса „Славејко Арсов“ 148, влез 2, кат/, број/, намена ХС, во површина од 34 м2.

Имот евидентиран на ИЛ 58974 КО Центар 2, и тоа идеален дел во заедничка сопственост на:

– помошни простории лоцирани на КП 2424/28, адреса „Славејко Арсов“ 148, влез 3, кат/, број/, намена Х, во површина од 43 м2,

– помошни простории лоцирани на КП 2424/28, адреса „Славејко Арсов“ 148, влез 3, кат/, број/, намена ХС, во површина од 34 м2.

Имот евиденитран на ИЛ 16375 КО Центар 2, и тоа:

– земјиште на КП 2424/23, улица Славејко Арсов, култура градежно изградено земјиште, во површина од 653 м2,

– земјиште на КП 2424/23, улица Славејко Арсов, култура земјиште под зграда, во површина од 177 м2,

– земјиште на КП 2424/24, улица Славејко Арсов, култура градежно изградено земјиште, во површина од 601 м2,

– земјиште на КП 2424/24, улица Славејко Арсов, култура земјиште под зграда, во површина од 189 м2,

– земјиште на КП 2424/33, улица Славејко Арсов, култура градежно неизградено земјиште, во површина од 2 м2,

– земјиште на КП 2424/34, улица Славејко Арсов, култура градежно неизградено земјиште, во површина од 14 м2,

– помошни простории на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К1, намена ХС, во површина од 14 м2,

– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К1, број 5, во површина од 78 м2,

– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К1, број 6, во површина од 78 м2,

– помошни простории на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К2, намена ХС, во површина од 14 м2,

– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К2, број 7, во површина од 94 м2,

– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К2, број 8, во површина од 94 м2,

– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат МА, број 7, во површина од 89 м2,

– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат МА, број 8, во површина од 89 м2,

– помошни простории на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат ПР, намена ХС, во површина од 14 м2,

– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 3, во површина од 73 м2,

– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 4, во површина од 73 м2,

– помошни простории на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, намена ХС, во површина од 14 м2,

– деловна просторија на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, во површина од 15 м2,

– гаража на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 1, во површина од 30 м2,

– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 1, во површина од 28 м2,

– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 2, во површина од 28 м2,

– помошни простории на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат К1, намена ХС, во површина од 14 м2,

– помошни простории лоцирани на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат К2, намена ХС, во површина од 14 м2,

– помошни простории на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат ПР, намена ХС, во површина од 14 м2,

– деловна просторија на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат СУ, во површина од 17 м2,

– помошни простории на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат СУ, намена ХС, во површина од 14 м2,

– апартман на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 1, во површина од 30 м2,

– гаража на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 2, во површина од 31 м2,

– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К1, број 3, во површина од 83 м2,

– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К1, број 4, во површина од 78 м2,

– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К2, број 5, во површина од 83 м2,

– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К2, број 6, во површина од 78 м2,

– апартман лоциран на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К3, број 7, во површина од 83 м2,

– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К3, број 8, во површина од 78 м2,

– помошни простории на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, намена П, во површина од 23 м2,

– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 1, намена ГМЗП, во површина од 13 м2,

– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 14, намена ГМЗП, во површина од 15 м2,

– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 15, намена ГМЗП, во површина од 13 м2,

– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 18, намена ГМЗП, во површина од 28 м2,

– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 19, намена ГМЗП, во површина од 28 м2,

– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 21, намена ГМЗП, во површина од 28 м2,

– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 3, намена ГМЗП, во површина од 14 м2,

– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 5, намена ГМЗП, во површина од 12 м2,

– гаражно место лоцирано на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 6, намена ГМЗП, во површина од 12 м2,

– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 1, во површина од 80 м2,

– апартман лоциран на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 2, во површина од 59 м2,

– помошни простории на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, намена Х, во површина од 43 м2,

– помошни простории на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, намена ХС, во површина од 34 м2,

– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 2, кат К2, број 5, во површина од 63 м2,

– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 2, кат ПР, број 1, во површина од 60 м2,

– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 2, кат ПР, број 2, во површина од 60 м2,

– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 3, кат К1, број 4, во површина од 89 м2,

– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 3, кат К2, број 6, во површина од 89 м2,

– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 3, кат ПР, број 1, во површина од 60 м2,

– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 3, кат ПР, број 2, во површина од 86 м2,

сè во вредност од 3.499.821,00 евра или 215.238.942,00 денари.

8. Сите парични средства на правното лице ДПТУ „Ексико“ ДООЕЛ Скопје од три банкарските сметки во Стопанска Банка АД Битола;
9. Сите парични средства на правното лице ДПТУ „Ексико“ ДООЕЛ Скопје од банкарската сметка во Комерцијална Банка АД Скопје;
10. Недвижен имот – земјиште евидентиран на ИЛ 1501 во КО Богородица, издаден на носителот на правото на сопственост ДПТУ „Бет ком ко.“ ДОО, на кое сопственик е правното лице „Ексико“ ДООЕЛ Скопје, и тоа:

– земјиште лоцирано на КП 3178/4 викано место Милци култура ГЗ/ЗПО во површина од 97 м2,

– земјиште лоцирано на КП 3180 викано место Горка култура ГЗ/ГНЗ класа 3 во површина од 309 м2,

– земјиште лоцирано на КП 3181 викано место Милци култура ГЗ/ГНЗ класа 2 во површина од 15004 м2,

– земјиште лоцирано на КП 3182 викано место Милци култура ГЗ/ГНЗ класа 3 во површина од 236 м2,

– земјиште лоцирано на КП 3189 викано место Милци култура ГЗ/ГИЗ класа 3 во површина од 24 м2,

– земјиште лоцирано на КП 3192 викано место Милци култура ЛЗ класа 2 во површина од 926 м2,

– земјиште лоцирано на КП 3196/1 викано место Милци култура ЗЗ/ЛЗ класа 2 во површина од 1918 м2, и

– земјиште лоцирано на КП 3205/1 викано место Милци култура ЗЗ/Н класа 5 во површина од 265 м2.

во вредност 4.500.000,00 евра или 276.750.000,00 денари.

11. Имот на правното лице Друштво за градежништво „ССИ инвестмент“ ДООЕЛ Скопје, и тоа:

Недвижен имот – деловен простор на правното лице Друштво за градежништво „ССИ инвестмент“ ДООЕЛ Скопје, евидентиран на ИЛ 56028 КО Центар 1, и тоа:

– деловен простор лоциран на КП 13419, адреса ул . 11 Октомври бр. 32, зграда 1, влез 1, кат К1, број 1, во површина од 321 м2,

– деловен простор лоциран на КП 13419, адреса ул. 11- Октомври бр. 32, зграда 1, влез 1, кат К2, во површина од 298 м2,

– деловен простор лоциран на КП 13419, адреса ул. 11 Октомври бр. 32, зграда 1, влез 1, кат МЗ, во површина од 464 м2,

– помошна просторија лоцирана на КП 13419, адреса ул. 11 Октомври бр. 32, зграда 1, влез 1, кат ПО, во површина од 444 м2,

– деловен простор лоциран на КП 13419, адреса ул. 11 Октомври бр. 32, зграда 1, влез 1, кат ПР, во површина од 249 м2, и

– гаража лоцирана на КП 13419, адреса ул. 11 Октомври бр. 32, зграда 1, влез 2, кат ПР, во површина од 80 м2,

во вредност од 1.100.000,00 евра или 67.650.000,00 денари.

Во согласност со чл. 98 од КЗ и чл. 541 од ЗКП, доколку делумно или целосно не е можно извршувањето на конфискацијата на имотот, таа ќе се спроведе од друг имот на обвинетиот С. М.

Покрај тоа, обвинетиот е задолжен да плати и глоба од 2.000,00 евра во денарска противвредност, од 123.400,00 денари.

Вториот обвинет Т. М. со спогодбата признава дека сторил сторил кривично дело злосторничко здружување од член 394 став 1 и кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело – од член 273 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Делата ги сторил во својство на управител и член на одбори на повеќе правни лица опфатени со постапката, при што примал и пренесувал парични средства по упатства на другите членови на злосторничкото здружување. За овие кривични дела, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на поднесената предлог-спогодба, со која обвинетиот го осуди на единствена казна затвор во траење од 3 години.

Јавното обвинителство ја продолжува постапката за другите осомничени во предметот „Империја“, се вели во соопштението на ЈО.

Македонија

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Објавено пред

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.

Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.

Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.

86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има

Објавено пред

Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“  поладнево на  „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.

dobivaj vesti na viber

-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.

Тој, во изјавата за медиумите, истакна  дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.

 

-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.

Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.

-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.

Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

Објавено пред

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.

dobivaj vesti na viber

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет2 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет3 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет3 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет4 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет4 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија5 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет5 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет5 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет8 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија9 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет9 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет14 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет15 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија16 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет16 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет17 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет18 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија1 ден

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...