Македонија
Обединети за Македонија со поддршка на договорот со Грција

Обединети за Македонија го поддржува договорот за надминување на спорот за името и ги повикува граѓаните, особено младите, да излезат на референдумот на европската иднина на Македонија.
„Претседателството на Обединети за Македонија на својата синоќешна седница расправаше и го поддржа договорот за надминување на спорот за името. Оценка на претседателството е да им се даде можност за подобра иднина на младата популација и на генерациите што доаѓаат преку создавање предуслови за прием на нашата земја во евро-атлантските интеграции.
Со придавката северна нема да се изгуби идентитетот на државата, ниту другите суштевствени определби. Тие не се загрозени – ниту се менуваат, е ставот на претседателството.
Обединети за Македонија најави дека внимателно ќе го следи реализирањето на договорот и со своето дејствување ќе придонесува кон, како што вели, неговото остварување во духот на темелните партиски определби во согласност со кои утре навистина ќе станеме рамноправна членка на ЕУ и НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско

Од 08 часот и 20 минути, утрово, сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин поради сообраќајна несреќа.
Македонија
Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 03 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови од Републиката, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Несреќа на патот Велес-Градско, сообраќајот е во прекин

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за село Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
На местото на несреќата се врши увид.