Македонија
Обезбедени пристапни рампи во градските институции за лицата со попреченост
„Исполнето уште едно ветување на градоначалничката Арсовска за 82 дена од градоначалничкиот мандат, пристапност на лицата со попреченост до сите градски институции, но ова е само почетокот на стратегијата за институциите под надлежност на Град Скопје да биде достапен и пристапен за сите граѓани“, велат од оваа институција.
Појаснуваат дека е приспособен пристапот за лицата со попреченост во 9 јавни претпријатија, 7 јавни и културни установи и во 23 средни училишта во град Скопје.
„Во изминатите два месеца овозможено е адаптирање во средните училишта во Скопје, и тоа во:
– СУГС „Кочо Рацин“ (надворешна рампа и обележано паркинг-место);
– СУГС „Михајло Пупин“ (две надворешни рампи, лифтовска платформа, лифт, адаптиран тоалет, обележано паркинг-место и опремена фискултурна сала со сите потребни реквизити);
– СУГС „Јосип Броз Тито“ (надворешна рампа и адаптиран тоалет);
– СУГС „Панче Арсовски“ (надворешна рампа);
– СУГС „Васил Антевски-Дрен“ (надворешна рампа и обележано паркинг-место);
– СУГС „Димитар Влахов“ (надворешна рампа);
– СУГС „Никола Карев“ (надворешна рампа);
– СУГС „Марија Кири Склодовска“ (надворешна рампа и обележано паркинг-место);
– СУГС „Владо Тасевски“ (надворешна рампа, адаптиран тоалет и обележано паркинг-место);
– СУГС „Георги Димитров“ (две надворешни рампи, адаптиран тоалет и обележано паркинг-место);
– СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ (надворешна рампа, адаптиран тоалет и обележано паркинг-место);
– СУГС „Браќа Миладиновци“ (надворешна рампа, две внатрешни рампи, адаптиран тоалет и обележано паркинг-место);
– СУГС „Орце Николов“ (надворешна рампа, две внатрешни рампи и обележано паркинг-место);
– СУГС „Цветан Димов“ (две надворешни рампи и обележано паркинг-место);
– СУГС „Зеф Љуш Марку“ (надворешна рампа и обележано паркинг-место);
– СУГС „Шаип Јусуф“ (надворешна рампа, обележан паркинг-простор и четири адаптирани тоалети);
– СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ (надворешна рампа и обележано паркинг-место);
– СУГС „Арсени Јовков“ (надворешна рампа, поставен лифт и лифтовска платформа, обележано паркинг-место);
– СУГС „Осми септември“ (надворешна рампа и обележано паркинг-место);
– СУГС „Сарај“ (надворешна рампа, адаптиран тоалет и обележано паркинг-место);
– СУГС „Боро Петрушевски“ (надворешна рампа, адаптиран тоалет и обележано паркинг-место);
– СУГС „Лазар Танев“ (надворешна и внатрешна пристапна рампа, адаптиран тоалет и обележано паркинг-место);
– СУГС „Здравко Цветковски“ (адаптиран тоалет за лица со попреченост, опремена фискултурна сала со сите потребни реквизити и справи за лица со попреченост).
Пристапни рампи/лифт за лицата со попреченост овозможени се во јавните културни установи во град Скопје, и тоа:
– Културно-информативен центар – Скопје;
– Дом на културата „Кочо Рацин“ – Скопје;
– Младински културен центар – Скопје;
– Музеј на Град Скопје;
– Зоолошка градина – Скопје;
– Детски културен центар „Карпош“;
– Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.
Поставени се пристапни рампи за лицата со попреченост во сите јавни претпријатија во град Скопје, и тоа во:
– ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје
– ЈП „Градски паркинг“ – Скопје
– ЈП „Улици и патишта“ – Скопје
– Јавно сообраќајно претпријатие „Скопје“
– ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје
– ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
– Депонија „Дрисла“ – Скопје
– ЈП за благосостојба на животни скитници „Лајка“ – Скопје
– ГЕС СКОПЈЕ ГАС ДООЕЛ – Скопје“, е наведено во писмениот допис од Град Скопје.
Од таму додаваат дека ќе продолжат да ги исполнуваат барањата на граѓаните и организациите, со цел целосна пристапност и отвореност на сите градски институции за сите скопјани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ќе се тестираат камерите на автопатот Охрид–Кичево во рамки на „Безбеден град“
Сектор за внатрешни работи Охрид денеска ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди за сообраќаен надзор во рамки на проектот „Безбеден град“.
Како што информираат од СВР Охрид, активностите ќе се реализираат на автопатската делница Охрид–Кичево, и тоа помеѓу селата Горенци и Требеништа, како и на потегот помеѓу Ботун и Ново Село, во општина Дебрца.
Планирано е активностите да започнат во 12 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае од 15 до 30 минути.
Од СВР Охрид апелираат до сите учесници во сообраќајот на овој патен правец да покажат разбирање за неопходноста од планираните мерки, да ги почитуваат привремените ограничувања и насоките на полициските службеници, со цел безбедно спроведување на активностите.
Македонија
СДСМ: Каде е др. Жан Митрев и зошто Обвинителството не реагира
СДСМ вели дека додека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажна кампања и линч против претседателот на партијата, Венко Филипче, во јавноста го нема д-р Жан Митрев.
Во соопштението се наведува дека д-р Жан се појавил на телевизија Алфа, каде што, според СДСМ, изнел лаги за Филипче, по што, како што се посочува, исчезнал од јавноста.
„Прашањето е каде е др Жан? Дали Обвинителството го повика?“, прашуваат од СДСМ, додавајќи дека кампањата против Филипче трае со недели во медиуми кои ги нарекуваат контролирани од ВМРО/Орбан, без никаква реакција од Обвинителството.
Од партијата наведуваат дека со недели поставуваат прашања кога д-р Жан ќе даде изјава пред надлежните институции, но, како што посочуваат, не добиваат одговор.
Македонија
Лани подигнати 22.000 кубни метри отпад од диви депонии, Комунална апелира поскоро да стапи во сила Законот за формирање на комунална полиција
Во текот на 2025 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале вкупно 21995 кубни метри отпад од стотици диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е отстрането во скопските општини Центар и Чаир.
„Екипите на Претпријатието речиси секојдневно интервенираа на неколку локации каде што се одлага отпад на јавни и на сообраќајни површини, најчесто на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, веднаш крај детското игралиште, каде што континуирано се отстрануваа големи количества непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад“, велат од Комунална.
Воедно, во текот на минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 607 записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад. Најголем број записници – вкупно 227, се изготвени во скопската општина Чаир.
ЈП Комунална хигиена-Скопје објави дека нема ингеренции на терен да ги санкционира прекршителите на Законот за јавна чистота и од тие причини апелира што поскоро на сила да стапи Закон за формирање комунална полиција, како најефикасен начин да се превенира загадувањето на животната средина и да се заштити јавното здравје.

